Денес, роденденски: Појадок: овесни снегулки со јогурт и микс црвени овошја Ужинка: чоколадно млеко и пире од јаболко, банана и боровинка Ручек: јадела гравче во градинка со лепче Ужинка: мезеше ќебапче и малку помфрит кога си дојде од градинка, како ручек ѝ го рачунам Вечера: лепче со кајмак и сланина + три гриза од роденденската торта нејзина. И толку од мене од темава, Надја има полни три, сите идеи се напишани ❤️
Среќен роденден на девојката да е здрава и жива. Прекрасни идеи за мајки на деца јадачи(ви завидувам)
Д.Нектарина,банана и кроасан со семки. У.парче лубеница Р.Мини ќофтенца,брокула,паста и краставичка В.Спелтино лебче внатре со суво овошје,пола канче кефир @Shelea голема да расте Надја
Среќен роденден на Надја. П: лепче со путер,краставица и маслинки У: рипчиња, бони топ, сокче Р: полнети пиперки + патлиџан У: јаболче В: заспа после јаболчето.... рано заспа денес во 20:40 ,бидејќи немаше дневна дремка. Што правите кога ќе заспијат без вечера? Се разбуди околу 12,понудив лебче,каша...ми побара вода и заспа..
@Shelea најсреќна да биде и да продолжи така да јаде. Ти завидувам со такво дете јадач. Ние сеуште се молиме за јадење. Сега јаде повеќе работи но минимално ( да не речам пробува само по 3-4 пати) 23 месеци Д: интегрален гриз со праска и слива У: лубеница Р: ориз со динстано месо и салата од краставици и зелка( неколку пати ориз и салата повеќе) У: овошен домашен сладолед од јогурт, боровинки, банана, капинки и јагоди. В: палачинка од јајце, тиквица, морков, а од горе рендана моцарела
23 месеци Д: лубеница, па неколку пати домашен бурек У: цицаше и заспа Р: пилешка супа со многу зеленчук У: ќе и правам гризини од наут В: јајце и леб со путер
15+ Мес Д.Спелтина кифла во пекара,плус цеден портокал У.Банана и грозје Р.Телешко,компир,морков,грашок,со салата краставица со лимон и нане дресинг В.Тостирано р’жано лебче со топинг од сецкано варено јајце,авокадо и лажиче грчки јогурт,плус шака боровинки
Од вчера П. Бисквити со млеко Р. Леќа В. Лубеница Да ве прашам давате ли на деца од 2 год од оние јадења како кексолино чоколино???
Мојата е 20 месеци и јас еднаш до два пати неделно давам. Најчесто чоколино или ванилино. Давам кога имам недостаток од идеи што да појадува или вечера…
Тешко јаде на жешково. Само по 2-3 залаци. Затоа пак пие по 1 литар вода и обесена е на цице. Д: качамак со зденка 5 лажички У: лубеница многууууу Р: пилешко со компир само проба, па 2-3 лажици ориз У: овошен домашен сладолед 2-3 пати В: гриз со праска-кога има овошје се турка некако
@marchi-cool никогаш немам дадено 21м П: овесни со банана и јогурт У: праска Р: ориз со зеленчук и пилешко У: лубеница В: пржено јајце со тостирано лепче и пола чашка јогурт
Скоро 24 месеци Д: праска, кајсија слива и просо У: диња и лубеница Р: супа. У: грисини од наут В: јајце варено, леб со кајмак и домат
Давав чоколино ама сега повеќе сака кога има за џвакање. Скоро 24 месеци Д. Леб,путер од кикирики и мед, и малку кифличка У. Сливи Р. Компир манџа со телешко месо У. Праска В. Палента со сирење и к.млеко
Не знам каде да го поставам прашањево се надевам не е грешка тука, моето е 16м ручекот до сега се со лажги и мачење, зеленчук со домашно пилешко, јунешко и телешко ама се пасирано (иначе знае да џваква смоки, чоколатце, кајгана, шпагети, лепче) денес почна да плука што не се десило а јас со нервите при крај, ручавме мусака го седнав со мене се најаде ко мајсторче иако ми беше малку страв од меленото месо, сакам да прашам дали е во ред на негова возраст да јаде мелено и од каде да земам со добар квалитет? И ако може некој да пише рецепт за кофтиња со мелено месо? Благодарам
Од 8м малата јаде парчиња, месото го немам пасирано а не па да блендирам. Давај му полека полека ке се усоврши. Има групи за blw исхрана од таму можеш да видиш како да почниш нема зошто да се плашиш по природен начин на исхрана од дете/ бебе шо јаде само парченца според мене нема.
Кога ги правам со овошје најчесто варени кратко, а во кисело млеко ги покиснувам додека убаво да омекнат