Од јадач бебе, веќе месец дена незнам што е ручек нит доручек ...вечера. не сака и не сака да јади. 14 мес е, ајде од заби ајде од жештина...
Moeto dete jade se sto jadam i jas Inace e 2 godini I 8 meseci nikogas I nemam blendirano toa mi bese kazano od patronaznata sestra da ne blendiram i ne blendiram I nekni bas zemav leblebija od eden dukan i prodavackata me prasa dali mojata kerka ima tri god za da jade leblebija i vikam ne ama nema. maki da jade leblebija i jatki I pukanki posto. ne e naucena na blendirano iako blender imam doma ne blendiram nikogas posebno za nea I dzvaka I si jade se
Ние сме 18 месеци и цело лето буквално мака мачиме со нејадење, по десет врсти јадење и ништо не јаде само по малку од се.. Ај викам жешко му е, ај заби(се погоди сите 4ки па сега сите 3ки ги вади наеднаш) не знам само од кај има толку сила.. Ни даде педијатарот еден сируп за апетит една недела го користиме ама не гледам некоја разлика
Само јајца од потполошка препелица му е мајката, еве 10 дена како давам и одма сама почна да ми бара ам, ам 16 месеци е
Пред некој ден ,ми ги предложи сестра ми овие јајца. Во тинекс гледам ги има. @Kallias2 не ти е страв , живо јајце да даваш? Јас веднаш алудирам на стафилокока ?!
Епа ми беше, ама ме утеши татко ми, дека ги пие тој по 5 наутро свежи, ама викам таа е мала, бебе е, ако и биде нешто....и така страв не страв и дадов еднаш па уште еднаш и сега нема гајле
Менито од вчера: Д: проја со таратор У: пола банана Р: лосос со прилог зеленчуци Немаше ужина В: варено јајце со авокадо и павлака
Мојов неколку дена го пиеше сирупот и толку беше веќе го плука Пробај со молерс па кажи ако има подобрување да земам и јас
Јас почнав да давам но ги варам и мешам со нешто за да го изеде . Ми е страв живо да и дадам а и незнам со шро би го измешала така живо да го изеде.. Мојава некако ја навикнавме на блендирано и само јаде од лажица а инаку има 12 запчиња и знае да жвака, јаде корки леб, смоки, грицки, купен сончоглед грицка .....
24м. Д. Млеко со бисквити У. Сливи и портокал Р. Ѓувеч манџа со телешко месо У. Лубеница В. Јогурт со кифличка
Мајки, Од кога може да се дава баддмово млеко, кокосово, соино, оризвово? Исто ме интересира каков путер користите и од кога го воведовте?
Можеш да ги воведеш намирниците со по лажичка две во овесна каша на пример. Овие што ги наброја (домашни, освен кокосово) ги имам дадено или околу година или нешто пред. Поентата е само да не го заменуваат обичното млеко туку ете како екстра, во каши или смуди. Путер несолен може да се даде набрзо по воведување на цврста храна. Ама нека ти потврди и некој друг зашто јас немам дадено.
Кокосово млеко дадов 8м во палачинки и во овесна каша исто и оризово. Соино дадов околу 10м во смути со банана и круша Едино немам дадено бадемово али наскоро и тоа Несолен од пресидент на 7м го воведив со компир печен