Гриз му давам најчесто за вечера од кутиите од Хипп Семолина пишува и тоа во составот си има млеко, се прави со вода зовриена и изладена на 50 срепени. бебе од 12 месеци е веќе дете би требало да имаш веќе каков таков распоред за оброци, кај нас доручек околу 11часот, ручекот е во 16, а вечера во 20, измеѓу ужинка давам
1ипол год Д: тарана со кисело млеко У: Чоколаден пудинг Р: телешко месо, морков, компир, тиквичка В: праска, банана, авокадо и малку млеко Не пишувам на темава затоа што детето ми оди во градинка а попладне го чуваат баба и дедо и не можам јас да му водам распоред за јадење
Имавме распоред само после вирусот се се поремети и некако доцна ми вечера ,чисто ме интересираше кај другите кое е времето за вечера. Му го имам земено тој гриз ама не го обожава ,реално не јаде ништо од кутија не го прифаќа вкусот.
Обичен гриз го варам со малку вода и кога ке се згусти му додавам млеко по малку додека да се довари и ј добие посакуваната густина. На крај мало парченце путер и друго по желба, какао или банана најчесто. Вака го правев сега веќе не сака кашеста храна.
22м П: геврече со кашкавал и маслинки У: раче смоки Р: јагнешко, печени компири и патлиџан В: гриз со банана и какао
Д: овесни снегулки со банана и праска У: шише млеко Р: полнети пиперки У: лубеница и 2-3 компирчиња В: чоколино со лешник
Од вчера Д: јајце со домат сиренце и лепче У: слива и јаволко Р: плескавица со кашкавал печен компир и свеж домат сам боцкаше У: монте В: едно парче ѓомлезе
Денеш план Д: семолина со праска У: ѓомлезе Р: пилешко со ориз и бел сос и краставичка У: грозје В:палачинки од овес и банана
18м Вчера: Д: крофна Р: пилешко со ориз, морков, пиперка, домат и праз У: малку трилече и смоки В: макарони Денес: Д: тост У: чоколадце животинско Р: телешко со компир (се надевам ќе јаде) У: грозје (планирам) В: гриз, плазма и банана (планирам)
Ние сме 18+ почнав да му давам грозје некаде на 17 ипол месеци, ги чистам семките и му давам половинки си ги јаде без проблем
Значи ние да си почекаме за грозје до следната сезона Денес полни 14 месеци, ама корегирана возраст е 12 ипол.
Се шо е сезонско се дава. По новите препораки и алергените се дават многу порано од пред тоа. Али сепак вие си одлучувате кога ке дадете.
Ета јас дадов на околу годинка првпат. За бебе треба да е на четвртинки или половинки,зависно од големината на зрното.Гледај само да го откиснеш убаво претходно во вода со сода,препаратите за прскање на грозје се баш јаки,а ако најдеш непрскано уште подобро. Јас не би го гмечела или блендирала,има баш фина конзистенција за џвакање. Ќерка ми јаде цели зрна,а лушпата и останува и ја плука
Мислам може од 8м Го делам зрното на пола и ако има коски ги вадам и му го давам, ако е ситно грозје му го давам цело зрно
Ви благодарам на сите . Имаме непрскано, татко ми одгледува, за наши потреби. Ќе дадам за почеток неколку зрна. Имам уште едно прашање Цеден портокал по колку мл. е дозволено да се дава за истата возраст. Мојава барем него го пие.
22м П: овошна салата( банана, грозје, круша, јаболко) и пола лепче со грчки јогурт. Р: пилешко со ориз У: бисквита В: тарана и сиренце