По колку чоколадо им давате на оваа возраст? На пример киндер чоколадо, цело наеднаш го даваш? Прашувам чисто да имам претстава колку да давам.
По еден ред киндер чоколадце Киндер јајце му го давам сам да го отвори и претежно го јаде половина. Сепак периодично му е има периоди каде што све се јаде на маса (има благо постојано во едни стаклени ѕвонци и си се послужува) ако дофаќа низ игра помини лапни прави, а има периоди каде несака воопшто благо.
13м Д: овесна каша со јагоди, боровинки, путер од бадем, цимет и какао У: јаболко Р: манџа грашок, боранија, компир У: манго и бисквита В: леб со хумус
19,5 мес Д.Омлет со кашкавал и млад кромид,чаша јогурт У.Портокал и црно чоколадо Р.Паста со пилешко сос и краставичка салата У.Шака грисини В.Мусли со јогурт
Вчера Д:гриз со банана авокадо и какао У: мандарина Р: месо од срна со ориз и морков У: марула и чипс (имавме гости со поголеми дечина и јадеше од нивниот чипс пресреќен) В:млеко со бисквити Д:мазниче со урда и домат Р: месо од срна (го доспремив ради што беше малку) со компир манџа и краставица У:тиква печена со мед и мелени јатки (орев, лешник и бадем) В: тост со кашкавал и печурки
2г Д. Млеко со бисквити ( дупла доза, омилено му е ) У. Тиква печена и јаболко Р. Мусака и цвекло варено салата У. Пудинг ванила В. Проја со јогурт
13м Д: банана леб со капини У: јаболко Р: мрзлива лазања тортелини, мелено месо со сос, моцарела, рикота У: пудинг В: зеленчукова мафина
2г Д. Сутлијаш со цимет У. Тиква , јаболко Р. Пилешко со динстан компир морков и брокула В. Печено лепче со путер и кашкавал
Д: просо со варено јајце и грчки јогурт У: бисквити и цеден сок Р: мисиркино мелено со Шпагети и доматен сос У: јаболко печено со цимет В: сутлијач
Ние сме 18мес , до пред некој несец бев на овој таксират. Од страна витамини давав б комлекс сируп на бекутан . И амерички некој витамини сируп, нешто помогна.
12++ Д:банана,бишни (блендирано) и прелиено како мармалад на интегрален леб Р:трлешко, морков,тиквица,карфиол У:пола киндер В: палента со крем сир и блитва
Мени за утре 2г Д. Варено јајце, леб,павлака, чајче од камилица со мед У. Банана и јаболко Р. Леќа манџа со зелка салата В. Јуфки потпечени со сирење и јогурт
Д: овошно шмукалче со овес додадов само банана У: смоки Р: печен компир со ориз и лепче (слабо касна) У: две барни колачиња В: леб со путер, кашкавал и јогурт
Овесна каша со микс шумски плодови Крекер од спелта и јаболко Интегрални макарони со морков,брокула карфиол и листови пармезан Смоки и малку киндер јајце Парче пица ,ајсберг салата и маслинки
Д: чоколино У: јаболко и бисквита Р: гравче со јунешко месо и салата од марула У: што ќе сака (во последно ќе му направам ќе касне 2-3 лажици и посегнува по други работи) В: тарана со павлака
Кога ќе ми текне колку со мерак ја отварав темава и едвај чекав да пишувам тука....две и пол години, плаче максимално кога ќе види храна, од цврста храна јаде само чоколадо ( кое не му го давам често пошто не јаде) и бисквити.....оброците ни се уште блендирани и со цртани за да стави некое залче во уста. Се е пробано, и цел ден да не му давам да јаде пак нема да побара. За тоа како мене ми влијае ситуацијата не ми се ни почнува, оној кој не се соочил со дете нејадач нема да разбере..
Дали доиш?Ние вака бевме летото,само цицаше од наутро што ќе цица потоа дури после работа и додека заспе и преку ноќ претеруваше само цицаше.Одкако ја одбив штрајкуваше еден период само сок,чај,и вода пише околу 1 недела,ја пуштив во градинка таму јаде и за дома
за тебе.. Има такви што те разбираат потполно. И јас тука само гледам идеи, спремам и си фрлам и така
Сте пробале ли со б-комплекс? Кај нас има многу подобрување, после втотото испиено пакување. Од сопствено искуство знам како им е на мајките чии дечиња не јадат, јас со месеци бев мрдната од ум, толку ми влијаеше тоа, што на нервна база, дури и циклусот ми се поремети. Кај нас кризата траеше од 10 ипол до 16 месеци. Сега и сама знае да си побара. Уште не јаде се, и не толку колку што би сакала јас, но е многу, многу подобро од порано.
Ете сме на таа возраст .. полни 16м. Сум давала еден друг сируп, не се сеќавам како се вика ама не видов некакви промени. Кај нас не е до толку критично, освен некои денови кога баш како што викаш ми иде да се мрднам од умот, ама баш пишував во темата за совети, ручекот не сака да го јаде ако не е блендиран, а нема проблем со парчиња. Јаде парчиња големи ама грав, леќа, манџа секаква никако не може да му се даде и се се едни исти јадења. Толку идеи има во темава, а пола ми завршиле в канта и на крај пак ќе биде нешто блендирано за ручек...