17м Д: гриз со банана, јаболко и јагоди У: 3 мини палачинчиња Р: грав (јадење со лажење колку да касне, не го сакаше дека лушпи има) У: животинско и краставица грицкаше В: сутлијаш со цимет
Јас пак да се пофалам од дете нејадач 2 години душа ми извади, доено 2,5 год сега е дете што се си јаде. По малку но се каснува. Не сака суви работи, повеќе е на супа, манџа, салата, овошје... Но си бара и кажува што и се јаде. 2 год и 9 месеци Вчера Д: јајце со урда, домат и шампињони малку леб и кајмак У: цреши и јагоди Р: бистра пилешка супа, ориз со копан и салата од зелка морков и цвекло У: сладолед В: качамак со козјо сирење Денес Д: печена овесна каша со овошје ( дома јаде бидејќи бевме во 9 на психолог- редовен преглед) У: банана во градинка Р1: леќа во градинка Р2: чорба од брокула, целер, компир и морков У: ќе лапне нешто благо Монте или сладолед В: интегрален ѓеврек путер, мед и млеко( ме капари уште сега кога купив ѓеврек)
Браво! Мојот од јадач на се, сега само тарана, лубеница, краставица и домашен сладолед јаде... а како е голем никој не ми верува дека не јаде. Освен учителките у градинка на кои им вика бљак ова, дај сув леб.
Д: пржени лепчиња со павлака У:јагоди,праска и пола банана Р:компири од рерна со телешко В: ѓеврек со пуер и краставица(обожава краставици) @Krofna* грашокот го давам цело зрно,сам си го ситне со забите,скоро сите ги има на број.Во манџи за него не ставам запршка,му тргам настрана и потоа правам за нас, додавам и други зачини по желба што за нрго не одговараат.Со каши прекинавме пред некое време откако го сетив дека повеќе сака да џвака.
Неполни 13м Д: овесни снегулки и пченични трици со јогурт, банана, малина, какао и бадеми У: пола бисквита, цицање Р: четврт тркалце крставица, домат во обид (не сака ни да го види), пилешки стек, брокула, компир и морков (и морковот во обид) У: цицање В: кус кус со варено јајце и крем сирење Повеќе јадат 4 месечни бебиња од син ми. Количински се плашам да измерам колку јади во еден оброк. Лапнува залак-два, пауза, па уште залак-два, пие вода и готов е. За цицање е расположен секогаш и секаде.
Д: овес, јогурт, банана, круша У: бисквити и АД Р: болоњезе со пире не го сакаше па домашна сум се изнајаде У: монте и крставица В: пржено лебче со јајце
15 месеци Д: пржено лебче со јајце, абц намаз, краставица У: млеко, крем бананче Р: манџа леќа У: банана, сокче од праска В: палента со сирење и кисело млеко, портокал
ние сме скрос онратни и се нервирам. Како расте попребирливо е. Ограничено во избор. А јас немам веќе идеи а и не стојам многу со време да готвам за секого посебно. Добро би ми дошло кога некој на иста возраст би споделувал вакви идеи така да биди почесто активна на темава
18 месеци Д: домашен овошен јогурт (грчки јогурт пола канче, пола банана, 2 неполни лажици овесни снегулки, 4-5 јагоди и лажичка путер од кикирики) и пола мала кифличка У: нутрино од јаболко Р: потпечени макарони со сирење В: ѓеврек и јогурт
Така беше и ќерка ми на таа возраст, плус и дека цица плус и во фаза на проодување и сконцентрирани се повеќе на тоа отколку на јадење. Ич да не мериш количински, си знаат они колку им треба.
Д: домашна пилешка паштета со маслинки и леб У банана, малини и малку бисквиити Р: ориз и копани В: не сакаше ништо @Lovebug01 почнавте со путер од кикиритки? По колку количински даваш сега во еден оброк и колку даде првиот пат кога пробувавте? Знам дека е појак алерген и немам дадено се уште.А треба веќе.. Се мислам прво да му дадам стоби флипс дека во нив има помал процент на кикиритки па после да преминам на путерот..или директно путер? Поздрав
Јас од 10 месеци ѝ ги воведов путерите од јатки и скоро секој ден ѝ ставам во смути или овесни каши. Прво проба скроз спонтано ѝ дадов да лизне од лажичката што си ставав за мене и од наредниот ден ѝ ставив пола лажичка во нејзината каша. Сега веќе по 1 мала лажичка ѝ ставам, или мачкам на палачинки во тенок слој.
19м: Д: пола шмукалче, пола чинија каша од микс житарки со јогурт и јагода, ама не ѝ се допадна баш, па по некое време изеде 2 интегрални банана мафини. Р: мусака У:2-3 бисквити В: пита со праз и сирење и јогурт
Д.Просо со банана и јајце од препелица и пола мафина со спанаќ и моцарела сирење У.Монте Р.јуфки со спанак,не знам што да спремам за ручек не ми јаде никакво месо на голема мака сум В.Овесни снегулки со млеко јагоди,путер од кикиритки,малку мед и банана