Леле мојава колку јаде домати,ставам салата за 4-ца ,она сама ја јаде,мм и вика ќерко скапи се доматите не претерувај.Уствари она нема нешто што не јаде,не можам ни мени да пишам не и се знае ни ред,ни ништо.После градинка дома руча со нас обилно,па пак некоја ужинка и вечера. Гледај ако можеш месото како некој сос со тестенини,така да и го подметнеш или во тесто нешто печено,како пита.
Јас давав кога имаше толку како тебе некаде 15, 16 месеци, живо и го давав сабајле во овошна каша, секој ден по 1 и ставав па може 4, 5 месеци секој ден без прекин. После и здосади овошје не сакаше и еве до денес 26 месеци не сака веќе овошна каша. И не сум дала многу време јајца. Ги земам јас домашни од човек што има препелици. Ги мијам убаво со топла вода и ги ставам во фрижидер и така живи и ги давав, подобро за итамините викаат нели било. А варени син ми ги јаде по 5, 6 јаде одеднаш оти се малецки.
Да се трампаме на 2-3 дена ти да одмориш од готвење, јас од фрлање храна? Овој мојов не само домати, сѐ шо има црвена боја мрази и ми го поттурка. А блендирани домати потпржени како доматно пире во болоњезе на пр или леќа, ги обожава. Е ај сега најди нзс.
Јас давам јајце од препелица е сега прашањето ми е дали може да се дават во исти ден ко ке се дават и месо?знам за обичните јајца матичниот ми викаше дека кога даваш јајце денот месо да недаваш
Јадеше месо малата и тоа многу дури и парчинја ама еве имат можеби месец и повеке кај што не го сакат го плукат,единствено го јаде блендирано само со спанаќ вака се вракаме на блендирана храна и тоа што ќе го зготвам за нас не ни сакат да пробат јаде како што јадесе од 6 месеци све блендирано ептен се секирам
Можеее . Eпа изгледа свеж не го сака,штом јаде во манџи немај гајле,плус мислам дека и доматот ради ликопенот што го содржи подобро е се консумира варен
Месо мојава не јаде никакво и не сум ни размислувала за месо и јајце во исти ден, секако не јадат во големи количини така да и двете да се поклопат да даваш во исти ден не е штетно, напротив. Е сега јајцата од прпелица се многу побогати со витамини од кокошкините јајца и затоа се препорачува едно до две дневно, значи дневно, секој ден можеш да даваш, јас по едно давав, а можев ете и по 2 ама страв ми беше да не го разбере вкусот па да не не ми јс изеде после кашата, вака 1 во овошјето воопшто не се осеќаше и си го јадеше без проблем...
Година и пол Д: две варени јајца, салата од домати и малку пита со проја(пола парче) У : пудинг со ванила и гриз на Лино Р: грашок манџа В: ѓеврече со павлака
Фала на одговорот и мојата не е по месото еден период јадеше многу сега не го сакат,а и таква си е било што да јаде мора да се молиме,па ми рекоа јајце од препелица да давам било добро за отварање апетит
Вчера 18м Д: овес јогурт диња банана У: леб и џем Р: блитва ориз и грчки јогурт У: животинско В: попара денес: Д: ист како вчера У: пак побара банана и диња плус цеден портокал(хит му е дињата дека сам ја јаде) Р: мусака У: колаче од пудинг и бисквити В: гриз ќе биде
16 месеци Д: плазма со млеко и банана Р: ориз со морков, тиквица и кисело млеко В: проја со сирење Измеѓу оброците пиеше сок од јаболко, млеко, цреши, кајсии.
18м Д: банана малини авокадо малце диња млеко и бисквити У: диња, аптамил Р: пржено јајце Р2: боранија У: крекери В; пола кифла и пола баннаа +аптамил
13+++ Д во обид: кајгана со пиперка и младо кромидче, малку банана и нектарина; Р: манџичка со телешко, грашок и компир; У: шмукалче и пола бисквита; В: јогурт со крставичка и малку тостирано лепче со хумус. Меѓу оброци два пати цицање и уште еднаш за успивање.
Година и пол Д: кравајче (Иванден денеска) со една чаша чоколадно млеко Р: посно караваснче со краставица салата У: праски и лубеница имам дома, тоа ќе дадам В: ѓеврек со павлака
Јас давам јајце од препелица повеќе од една година секој ден по едно . На почеток и варев но отпосле почнав живо , разматувам малку и со лажиче пие , се научи и не прави проблем. Без разлика дали давам месо или не јајце обавезно давам .