Д: потпечено лепче со путер и кравји кашкавал Р: боранија со телешко,лепче, цвекло В: тарана со парчиња сланина и јогурт
3 год без месец ПД: цреши Д: омлет со јајце, урда, кајмак, домат и малку леб У: боровинки и сладолед Р: спанаќ со телешко месо У: домашен сок од јагоди В: солен тиквица кекс со јогурт
1 год и 7 месеци Д: 2 jajца, 2 кришки леб и 1 чаша јогурт У: едно монте и 4-5 цреши Р: чорба со телешко В:сутлијаш ќе му правам за првпат, ќе видам дали ќе јади. Некоја финта за поубав да испадне?
Вчера Д:пржени кришки со павлака Р: копани на ориз, краставица салата В:кроасан Денес Д:чоколино,1 лажиче маџун Р:леќа и салата од цвекло варено,леб В:смоки,банана,поп кек..
Мајки ореви и други апетисани како давате на децата,22м е ореви а начека кај баба му јаде цели јаки ги гриза до сега немало проблем ама се плашам дека е мал уште за така да ги јаде плус трча низ двор и гриза, незнам дали е до мене или ок му е возраста за така да ги јаде?
1г. и 7м Д: 2 мини печива со пица фил У: 2 парчиња поголеми лубеница Р: боранија манџа со краставици резанки U:банана и еден поп кек В: палента со павлака
23м Д: банана и две јајца У:TAC ( крекери со семиња) Р: бисквити и млеко У: класче варено В: чоколино 5 јадења ги вртиме, ептен нервозно ми е
Д: житарки со рибизла У:овошен јогурт Р:чоколино У:грицки со семиња В: чоколино Не сакаше ништо да јаде по 3 јадења нудев да завршиме со чоколино
Да не не сватиш грешка ама чоколиново ти ги мате сите води* Кога ќе се заучат на нешто благо ништо друго не ги занима. Нека не јаде ама не нуди вака слатки задоволства , затоа што колку и да се мали знаат да си поигруваат со нас , па после маки ќе мачиш . Нуди тоа што има и тоа што е соодветно , мора да попушти или крајно солена варијанта. А и со жештиниве сите деца пребираат и намален им е апетитот , и кај мене син ми дури има денови кога јаде многу помалку од вообичаено или ако требало да руча во 2 тек во 4 руча. Ама благи работи подалеку од него , доволно се изгорев со поголемата
Да во право си за ова,исто е и кај мене со малата ако јаде благо другата ден пак барат да и дадам и ништо друго не јаде, цел проблем со нејадење го прави благото,еве веке 10 дена маки мачам со тоа што не сакат да јадет,одбиват да ручат а да и покажам нешто благо тогаш имат апетит за да јаде и не и давам сега благо
Искрено и јас се плашам да и давам на малата јаткасти еднаш и дадов бадем ама така мало парченце и залетна и од тогаш се плашам да и давам па затоа зедов путери од лешник,бадем кикиритки и така и давам во смути а од другаркава малото е помало од моето му дават кикиритки да си јаде можеби до детето е не знам иначе малата имат 2 години
Се што имам напишано си јаде.И мило ми е што е така. Д: мафини со спанаќ и малку павлака Р:тава У:диња неколку парчиња и 1 монте В: кроасан
И моево ништо не јаде. А јадеше се. Ама откако почнав на работа, свекрва ми почна да му дава благо, чипс, смоки и сега инат тера, не сака ни да проба. И со првото така беше, сега со второво исто. Само готвам и фрлам.
Така со ќерка ми маки скрос имав од тие работи , се и нудеме , да проба нишѕо не е демек и многу стресно ми беше една година дури се нормализираме. Сега син ми јаде речиси се , е краставица неќе никако да проба едино и нз што да правам , какви нагони има само што ќе а допре до јазик има и некои др така ситници што поретко ги јаде , ама пак добар е. Он е година и пол и од скоро од пред месец да му подаваме по малку нешто така слатко кога јаде сестра му. Знае да ми воде инат и он ама брзо попушта , неможе да додрже гладен и ќе апне тоа што ќе му го дадам ама може упола од оброкот да апне колку да не е гладен Манипулатори мали се Мислам бар до кај 2г или 2 ипол макс да им се задрже некој ред без тие залашки после подруго ќе е.
И јас имам проблем со малата 1 год и 8 месеци. До пред 3 недели супер јадеше, сега ништо. Порано имаше млеко па доручек овошна каша па ручек манџа зеленчук со месо и вечера кисело млеко и нешто овошје. Сега дреме цели денови нешто геврек за доручек или кифла оскудно овошје и тоа. Нит месо нит манџа. Сеа пред малце кисело млеко секна ама малце беше и напраив каша со житарки со нејзиното млеко избега ко од црн ѓавол. Стварно не знам веќе што да и давам стално и готвиме и останува.
1г и 8м Д пециво со фил од спанаќ и урда Р грав со краставица салата В француски тост-лепчиња Спојлер: рецепт за тостот кришки леб сечен на парчиња.Кришката се сечи на два дела за позгодно земање во рачето на детето. Пола банана се пасира,се додава 1 јајце и малку млеко.Се додава и прстофат цимет(по желба, јас ќе ставам за вкус)Се пржат лепчињата на малку маслиново масло во нелеплива тава.