Еве два од мене 4 лажици просо да накисне, па се вари и цеди 2 лажици спелтино брашно (понекогаш ги правам со пченкарно) 2 јајца 2 лажици грчки 2 лажици урда (денес немав и не ставив) 2 лажици рендан кашкавал (моцарела ставам најчесто) 1 лажица масло 1/2 лажиче прашок за печиво оригано, зачини по желба 30 минути на 180 ° Сега баш ги правев овие, излегоа 10, еве вакви се 1 јајце 2 лажици спелтин гриз 3 лажици палента прашок за печиво 1 лажица масло 1 филџан јогурт 1 рендан морков на ситно 1 мала тиквичка рендана на крупно (не се стиска и не се цеди водата) сецкана брокула 30 мин на 180 ° Печењето сепак си зависи од рерната. И после печење ги покривам со крпа за да омекнат.
Предоручек: тиква, чај Доручек: овесна каша со јаболко, банана, путер од кикирики и цимет Ужинка: шмукалче и крекери Ручек: мисиркино месо, батат, тиквичка и краставица и морков салата Ужинка: бисквити Вечера: житарки на хип со кисело млеко
Девојки здраво ве молам споделете рецепти за доручек, ручек и ужинки! Што им давате, се мислам во круг вртам... Да напоменам само белка му немам уште дадено за скоро сме 1 година. Поздрав
Ручек сѐ што ние јадеме. Полнети пиперки, печени компири, ориз со спанаќ и павлака, тестенини, стек, грашок, брокула и морков, или само варени или во супа. Отприлика тоа. + свеж зеленчук обавезно, најчесто краставица, или домат. Салати не му давам. Зелката не ми ја сака. Доручек обично проја, палачинки, мафини, кисело млеко и лепче. Ужина овошје. Банана, круша, јаболко, сливи, лубеница и диња додека имаше, или Лино десерт, или кексолино (или слично од тие во кутија на Лино или Хип) со вишни, малини, или јаболко, плус какао некогаш му ставам.
Д:Палента со банана Р:Зелка со телешко месо У:Пола круша и неколку зрна аронија В:Кисело млеко и домашно лебче
Ти благодарам многу,супер идеи ми даде поздрав, не те прашав каков стек даваш, рецепт за мафините и палачинки ако може? Фала уште еднаш
Јас неповикана Пробај го рецептов мама, превкусна е https://www.instagram.com/p/CQLMeTkriF4/?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Еве ова сум го праќала на некоја членка. Еве ги моите неколку рецепти. За брашно не ме прашувај, отприлика ставам. Палачинки: 1 банана, 1 јајце, овесно брашно (сама си го мелам овесот во сечко, или пак цел го ставам), пченично брашно и малку пециво. Или пак само со пченично, нема врска. Внатре можеш да ставиш и јатки (мелени или сечкани) и/или овошје (само немој кајсија или праска). Со малини и вишни ми е најубаво мене, а и бебо ги јаде така. Вода не ставам. Отприлика тие варијации ги правам. Исто и може со јаболко, без банана и без шумското, ќе излезат мафини ако ги ставиш во калапчиња, или може и само на хартија, нема врска. Пак ќе е лепче. Исто и проја: пченкарно, палента, малку јогурт, морков (не знам што друго би функционирало, еднаш пробав со пиперка и маслинки, и со тиквица исто, не го бендиса), јајце, пециво и тоа е тоа. Можеш и само со урда да ја правиш пројата, без морков, или и урда и морков. Половина морковче ти е доволно иначе.
Ова како за нас, нешто слично и јас ја правам обично. А за маливе исто вака со брашно, зачини или? Каков сос од патлиџани ставаш?
Stavam morkov i pashkanat malku da se podsvarat 5min.pa dodavam zelka,oriz,piperka,kromid,patlidzan i mesoto na kraj (prethodno svareno mi e)pochnav epten malku i sol da stavam.
Воглавно пред да правам запршка тргам за него на страна, макар шо искрена да бидам некогаш повеќе јади од нашите тањири отколку од неговиот (седи 5 мин во хранилка, јади што ќе јаде и иди кај мене, кај татко му в скут и јади од нашите тањири, од неговиот никако, дури и да е потполно истата храна). Сол и вегета ни за нас не ставам многу, колку да не е блуткаво. Доматен сос моментално имам домашен, инаку купечки.
Д:Кус кус,круша и јаболко Р:Батат,блитва и пилешко месо У:Лино бисквити и банана В:Кисело млеко,урда и лебче Да прашам од кога воведовте втора ужинка?
Д:овесна каша со банана, круша и ананас У: кришка со џем, па попара побара Р: полнета тиквица У: све што ќе најде пика во уста В: кифла
Преддоручек: пола банана и чај Доручек: овесни со чиа, ленено, јогурт, јагоди, малини и боровинки Ужинка: шмукалче Ручек: пастрмка, пире со спанаќ Ужинка 2: крекери бејбилав Вечера: лепче со абц и јогурт
Д: гриз со јаболко и јагоди У: тиква, смоки бејбилав, бисквити бејбилав Р: киноа со батат, брокула и боранија У2: чај,америчка палачинка В: гибаница со кис млеко