Мајки може не е за овде прашањево но не видов ваква тема ако има нека го преместат прашањево Моите деца се поголеми одат на училиште но не јадат многу работи и имам проблем со јадење за во училиште Од дома им спремам но секој ден е или сендвич или вафли и плус јаболка или круша од овошје тоа јадат,бидејки имаат два одмори Некогаш кога правам соленки и тоа земат но сепак две соленки и со нив шунка Не сакам секој ден или преку ден да јадат такви работи но не сакам и гладни да бидат Што би можела да им правам да може да стои секако два часа или 4 а да може да се јаде потоа
Можеш да им правиш: палачинки од интегрални,здрави брашна внатре со домашен џем намачкани + овошје здрав пудинг од варена тиква,какао,мед интегрален чипс со пченкарно брашно , варено просо и семиња + млечен намаз домашна пита со праз и маслинки и разни други варијации на пити варени ѓевречиња со маслинки+ некој др.зеленчук За сето ова имам рецепти и можеш слободно да ми пишиш ќе ти напишам Шунката замени ја со поздрава ваијанта, давај им пршута ако веќе мора да се одлучи меѓу нив две. 2 год Д:вртено пециво со спанаќ и сирење + чаша јогурт Р:ориз и копани В:тарана,маслинки сецкани и кисело млеко
Мене најмногу ми проаѓа тортиља за на училиште/во градинка. Полнета со спанаќ, јајце, салата, пченка, пилешко, ориз, што јадат и мислиш дека може да се пикне во тортиља. Пресечена на пола и во кутија за ручек. Варијација на ова палачинка со здрав намаз, јатки, пола банана во прилог. Оброк во чаша (овесна каша со мед, јатки, суво овошје). Ако јадат здрав ручек, вечера и овошје и зеленчук до крајот на денот, не си земај при срце и гледај да надокнадат до крајот на денот, т.е неделата. Оваа промена на перспектива мене ми беше пресврт, и јас многу се грижев дека дете не јаде доволно и здраво во градинка, сега во училиште, ама гледам на неделно ниво да надокнадиме, особено за викенди.
Д:Киноа со банана и јаболко У:Плазма бисквити и домашен сок од круши Р:Грашок со пилешко месо В:Јогурт и лебче Во план сум деновиве да воведам вѕора ужинка па ке видиме дали ке прифати.
Здраво мамички дали може со бадемово м3локо да и направам палачинки ако може пишете ми некој рецепт и дали може со истото млеко да и потопувам бисквити
Здраво мајки, сефте тука денешно мени 12м Д: Јајце со домат пропржено на несолен путер У: Крушка со бисквити Р: Палента со спанаќ и козјо кисело млеко У: Шмукалче ќе биде В: Овесни снегулки со банана и какао Измеѓу доење и прв пат денес му дадов цеден портокал како сокче не беше воодушевен хахаах
Само банана, јајце и брашно (пченично или овесно, т.е мелен овес), а некогаш и прашок за пециво ставам, со вилушка мешам + ако имам јатки, и кога се при крај додавам вишни или малини. Едит: заборавив да пишам дека ја печам на хартија.
Д: гриз со јаболко и цимет У: банана, бејбилав крекери Р: шпагети со телешко, печурки, брокула и морков У: шмукалче В: проја со сирење и кисело млеко
Идеи за вечера, јади само чоколино и палента. Пробано и се грози гриз, кисело млеко со леб, мафини слабо јади, шпагети кога како.
Како правиш гриз со јаболко , нели парченца почнавте? како подготвуваш а и исто така ако може рецепт за проја со сирење? Фалааа
Д:Палачинки со банана и путер од кикирики Р:Пилешка чорба У:Две бисквити В:Лепчиња со јајце (од рерна) и павлака
За палачинките ставам во блендер овес, јајце, млеко, банана, некогаш и јаткасти, цимет, малку прашок за пециво, правам погуста смеса како за американски и ги печам на нелеплива тава на помалку од средна температура, зошто ми горат на средна. А лепчињата - правам смеса од едно јајце, една лажица павлака и малку масло, ги потопувам од двете страни (пожелно со постар леб за да не упиваат многу) и ги печам на 200 околу 15-20 минути.