И ние исто вртиме само без абц пошто и со млеко сме скарани. А јајца не јаде? Кајгана, пржени лепчиња, мафини со јајце и зеленчук, јуфки? Леб со путер, мармалад, тост со кашкавал. Инаку палачинките и пројата ми се основа, а во нив менувам. Проја со блитва, па морков, праз, спанаќ, карфиол, брокула. Палачинки со блендирано овошје тоа што имам замрзнато или свежо, кајсии, јаболко, круша, портокал, банана, бобинки. Овошје во смути давам, само така го пие, бар знам дека внела дневна доза некој витамин.
Па, јас ич пошто е алергична. Ама полека ги воведувам, секој ден има во палачинки или некое пециво како дел од рецептот. Вака чисто не сум дала. Да смееше веројатно ќе давав ако не секој ден бар преку еден ден, омлет измешан со зеленчук и прашање дали би се фатило цело јајце да изеде.
Јуфки/тарана, со палачинките можеш да правиш разни комбинации и секој пат нова варијанта ќе бидат. Исто и рецептиве ми се пробани и вкусни се.
Јаде јајце, ама само варено му давам, му се здосади верувам. Не знам дали можам да почнам да му правам и кајгана, пржени лепчиња.. сѐ си викам рано му е. Иначе овошје си јаде баш, ама за ужинка (како што е и редот нели), веќе овошни каши нејќе да смисли, цело време леб си бара. Фала мама ќе ги пробаме деновиве .
Мала беба велики гурман има рецепти над 15м со сланинче внатре. Не му е рано, ќе пржиш на нелеплива тава со мин масло. Веќе после година почнуваат полека да јадат тоа што и ние.
Твојот јадач ги јаде? Јас ова и за мене би го правела Ќе пробам едно по едно. Страв ми е да кажам дека за доручек јаде чоколино, бисквити со млеко и тарана. Тоа се врти. Такоџе и за вечера. Уф туф. Се откажав од житарки со овошје не сака и несака. Ссга еден гулаб раниме на прозор со кус кус, киноа, просо и хељдА Абе мераци.
Боже сачувај, какво јадење. Јас си ги правам како за него па ги јадам после да не се фрлат Денес рекордно на 100 грама шмукалче е цел ден.
16м Д: палента со варено јајце, сирење и кисело млеко У: круша Р: супа, киноа со брокула, цвекло и пченка У: бисквити В: плазма со млеко и банана
13м Д: Тарана со козјо сирење У: Пудинг од Лино Р: Телешко со батат, шери домати и кромид У: Шмукалче и пудинг сам си побара В: Мултигреин од хип со банана Доење сабајле, попладне еднаш и пред спиење
Ролните од јајце не ги ни проба. Не сака пржено јајце. А како се мерките за рецептот со компир, моцарела....? Во што го печеш?
Офф бе, кој ден ќе биде тој кога ќе сфатат дека мора да се јаде. Од око ставам (мал компир, помалку од пола чешне лукче исто малку кромид, лажица голема јогурт, моцарела по вкус) како и да е јајцето ќе врзе се. Печам во силиконски калапи за мафини.
Од дозата ми излегоа 6 мали мафини. Изеде 2. Ова за ручек *многу е печење пола саат, бар за мојот шпорет.
Победа!!! Чим бендиса ваков тип мафин уште една супер брза рецепта споделувам што за чудо ја сака мојов нејадач. Едно јајце, еден брикет смрзнат спанаќ, пола чешне лук, една голема полна лажица крем сир. Спанаќот и лукчето се ставаат да провријат некоја минута. Се цедат и малку оладени се ставаат во разматено јајце со крем сир. Во калап за мафин ги печам 15тина мин. Многу нараснуваат ама одма спласнуваат. Да не сум офтопик Д: Палента со путер и крем сир (2 лажички) У: Варена пченка Р: Јуфки (непробани) В:/
Дали можете да споделите рецепти за со мали макарончиња, досега имам правено само во тава печени со сиренце.
Мед од 12+ давам. Печурките не се препорачливи до најмалку 2 години па и повеќе бидејќи се тешки за варење. Павлака за готвење ако мислиш на готовите како за инстант сос, не користам ни за нас. Наместо таква ставам обична павлака.