Почнав да давам уште пред година да наполнат, само внимавав да е некоја поблага. Семките не ги вадам.
Вчера му дадов. Како за првпат изеде цели 2 киви наеднаш. Многу му се усладија и за среќа немаше реакција.
Вчера Д:овесна каша со круша, авокадо, малце банана Р: гравче В: хумус од леблебии со лебче и кисело млеко Денес Д: купечка каша овес и јаболко изеде и кисело млеко Р: ребро во фурна со компири В: планирам да пробаме ајвар со лебче
Д: овесни со ленено семе, јогурт, боровинки и малини У: две шмукалчиња Р: свинско каре, батат, брокула, кифличка У: сок од портокал В: домашна супа со лепче
И ние сме стигнале во темава Боже боже Ко Вчера да беше кога почнавме да воведуваме намирници Од вчера Д: просо + кајсија + манго + дуња + путер лешник Р : лаврак + јачмен + печена пиперка + тиквица + лук + мм + оригано и босилек В : мафини од проја , младо кравјо сирење и јајце и јогурт испи еден филџан Денес Д: хељда + сливи + круша + смокви + путер ф'стак Р: петле + батат + цвекло + црн патлиџан + праз + некој зачин В : овесни палачинки ќе правам со џем од капини и рибизли ќе направам . Ќе пробам денес после појадокот да дадам ужинка грчки јогурт со праска на пример
Д: Сутлијаш У: Јоголино Р: Телешко со динстани морков, батат, кромид и црвена пиперка + мм У: Јаболко со мандарина В: Тиква со плазма
Д : проја погачка со праз и спанаќ + км У : јапонско јаболко и малку банана Р: тиква + ципура + пиперка печена + лук + тиквица В : гриз од крупник + малини и боровници
Значи копав по темава и секој еден рецепт со шпагети го пробав. Со овој си ме просветлила мајчице! Пројаде шпагети, шо пие кафана
Планирам грав да дадам деновие за прв пат. Со месо се дава или посен ? Он Вчера Д: амарант со банана и капини и малини У : оризови галети со овошен јогурт што се од ДМ Р: батат , телешко , тиквица , модар патлиџан, пиперка и зачин ( сув зеленчук ). В: овесни палачинки со "џем" од сливи и праски
Еваааа Јас не давам вака да ми шлапа во чинијата А плус па во нови рубички нема шанса да јаде . Па и без лигарник Ноуноу Значи посен да му го дадам . Веројатно и лепче ќе треба да почнам да давам . Шо ќе го држе сит само грав ?
Ретко јадам грав , ама коа го јадам обавезно мора да е со кубаски и плус леб . И зелка салата Баш утре ќе му дадам посен грав и без леб . Валда ќе пројде без месо , иако чисто сумљам
Мами кашкавалче и овчо сиренце од кога давате? Ние сме 12++ Овес,јаболка,кајсија,вишни,банана Ориз,спанаќ,мисиркино месо, тиква,лук,карфиол Палента,рикота,јогурт
Јас со леб му давам, без месо бидејќи и за нас без месо го правам. Веќе јаде сѐ како нас, ако со манџа јадеме ние леб, јаде и тој. @zverkica после година сѐ почнав да му давам. Гледам само две нови намирници да не му давам во ист ден.
Можеш грав во комбинација со житарка и некој друг нескробен зеленчук. На хрватската група за дохрана баш посочуваат дека во безмесен ден е добро за ручек да се дава комбинација од житарка, мешунки и друг нескробен зеленчук. Јас на пример грав давам во комбинација со киноа и плус додавам морков и печена пиперка.