Мајки давате ли купечки леб?.. го обожава посебно со кисело млеко... ама грижа на совест да не не е ок таков да му давам.. годинка е
Сум давала ама исто со грижа на совест затоа што не знам што има. Сега замесив домашен со интегрално органско брашно го замрзнав и од тој јаде често.
Планот за денес: 14м Д: Јајце со урда ( не јадеше) па каша јаболко со гриз; У: Јоголино Р: Компир манџа (телешко со компир морков и кромид) У: Тиква В: АД со бисквити
Вчера Д: чија семе со јогурт + дуња + јапонско јаболко + банана У : шмукалче Хипп Р: гравче и "салата" од цвекло (сварено и малку мм врз него). Леб од хељда и пченкарно чофна малку . В : пире од компир со путер и адд Денес Д: крупник снегулки + авокадо + манго + ананас + сируп од урма У : грчки јогурт со оризови галети Р: кус кус со болоњезе сос В : гриз + боровница и аронија
Вчера Д: амарант + тиква + смокви + путер од индиски орев У: бисквити со адд. Р: телешко + пченка + грашок + брокула + карфиол + морков В: овесни палачинки со "џем" од капини и малини Денес Д: јуфки со јогурт У: јапонско јаболко ( обожава ) Р: риба + јачмен + тиквица + пиперка + лукче + сув зачин В: Мултигреин со адд + вишни
1г 5мес Д: домашни кифлички и чаша јогурт У: банана,планински чај со лимон Р: ќофтиња во сос од патлиџан и батат, кисела краставичка У: крекери, шмукалче В: палента со сирење и кисело млеко
13м Д: шарена киноа + праска + сливи + малини У : банана и крушка со грчки јогурт Р: телешко + грашок + компир + бебе ајвар . "Салата" од морков и цвекло. Моментално грицка смоки на Хипп, ја чека вечерата а не сака млеко да пие В: солени проја мафини ќе смучкам сега
Д: ХИП прашкаста каша (банана, какао и житарки со козјо млеко формула) У: Смоки и шмукалче Р: Чорба со хељда, морков, компир, кромид, доматен сос и босилек У: Јаболко со цимет В: Тарана (во најава)
Каков сос од патлиџан и батат другарке? Ај да ме спасиш и со ова како со шпагетите оти патлиџани ни се
Батат обарен малце. Сос од патлиџан: домашна салца(значи несолена) ама може и томатело, ставам малце сол, бибер, мааалце шеќер, балсамико и повеќе сув босилок. Ќофтињата запржени ги ставам во рерна прелиени со сосов да се запечат. Со овој сос и болоњезе правам, ептен го бендисува со шпагети.
Д: просо со мандарини, киви, круша и мелени ореви У: печена тиква Р: лосос со компир, блитва и малку сок од лимон В: Макарони од спелта со крем сир и грчки јогурт
13м Д: пржено лепче домашно, патлиџан, јогурт. У: шмукалче со јапонско и обично јаболко, орев, пола мандарина. Р: ќофтиња со јаболко, печен компир и батат. У: овошна штангла. В: проја мафини со праз и моцарела, јогурт. Д: спелтин гриз, јаболко, банана, урми и парчиња овошје на страна. У: шмукалче со 5 овошја што ми дојдоа при рака и некоја замрзната залиха за дотрошување. Р: печен лосос, ориз со кари и златна мешавина. У: остаток од шмукалчето и бисквити. Во план, В: палачинки или полпети со зеленчук, јогурт.
14м Д: Козјо млеко формула со бисквити У: Јоголино Р: Холе готова каша тиква со ориз (ручек направен телешко со зеленлук не ми го јадеше) У: / В: Пудинг (овесни снегулки со банана какао и брусница блендано со вода) оригиналниот рецепт е со таан ама не пробал па навечер ми беше шубе да дадам, а сигурно е повкусно со таан Денес: Д: Палента со козјо кисело млеко У: Шмукалче (домашно) банана и портокал (твист шејк кој ги измислил убава работа направил) Р: Рибља чорба (белвица, компир, морков, пашканат, лукче) и ќе му надробам лебче У: Тиква В: Овесна каша со јаболко и цимет
Твист шејк имаат шмукалче за домашна употреба? Дај слика мајка да видам тоа чудо? Ги најдов, колку пати може да се користи една и како се полнат?
За повеќекратна употреба се. Јас со месеци ги користам, секој ден и правам, дури и замрзнувам во нив. Бледнирам во нутри овошје и ги полнам. Од оздола има како зип лок ќесичките отвор, од таму се полни. Мене ми се многу практични, тоа што не јаде ако го ставам во шмукалче ќе го изеде бар пола.
Видов ти одговориле, јас со месеци ги користам само одма ги мијам откако ќе изеде и спремно за следен пат. На долниот дел имаат како ќесине за вакумирање што се затвараат, од тука се полни, прелесни се за употреба, а и многу практични. Само не собира 220 грама нема да можеш да го затвориш. Помалу ќе ставиш за да не ти претекува. Јас и ручек сум давала во такво кога беше помал. Нема да згрешиш ако ги земеш.