14 месеци Д - Мусли со шмукалче У - Банана и Јоголино Р - Шпагети болоњезе со павлака У - Две киви В - Тарана со варено јајце и јогурт
17 ипол месеци Д: гриз со јаболко, јагоди и аронија У: банана Р: телешка чорба со просо и украде пица маргарита малце У: плазма В: овесни со чиа, ленено и јогурт
Вчера Д: Тост со кашкавал У: Портокал Р: Зелка манџа со телешко У2: Плазма В: Беби мусли со бадем и јогурт Денес Д: Палента со абц и јајце варено У: Шмукалче Р: Пастрмка со пире од компир и брокула за грицкање У2: Банана В: Јуфки
Д: Тарана со грчки јогурт У: Ја преспа Р: Риба белвица со компир, морков и кромид У: Шмукалче В: Ад козјо млеко со бисквити
13 месеци, од викендов: Д: просо со банана и тиква, на страна кива и мандарина. У: смоки и домашно шмукалче. Р: мисиркино со кромид и кари, прилог брокула и морков. У: бисквити. В: проја мафини со блитва и јогурт. Д: домашно лепче и хумус, патлиџан и краставица, јогурт. У: купечко шмукалче. Р: црвена леќа манџа. У: бисквити. В: кифли со урда и јогурт.
20 месеци Појадок: мусли со млеко Ужина: Кива, јаболко и пола банана Ручек: Телешко месо, батат, пола бел компир, морков и кромид Вечера: овесни палачинки и сок од крушка
14 месеци Д - Круша тиква со палента У - Шмукалче и смоки Р - Погачи од карфиол и павлака У - 1 кива и пола банана В - Хип Мултигреин со јогурт
Д: Банана палачинки со путер од лешник и “ џем” од суви кајсии У: Портокал, киви, мандарина Р: Телешко со батат и грашок В: Беби мусли со бадем, јогурт и суви сливи
Почнав од око да ги правам не го памтам точно рецептот. Отприлика за 4-5 мафини ми е 1 јајце, со 1 филџан јогурт, 1/3 филџан пченично и 2/3 пченкарно брашно (ако е мн ретко додавам брашно), пола лажичка сода, 2-3 лажици маслиново, ситно сецкана блитва овде ставив (а менувам некогаш морков рендан, урда, моцарела, пропржен праз, со тоа сум правела), одозгора сусам и печам на 180-200C околу 15-20 мин.
Д: Киноа со јаболко и банана (2 пати каснала), овошје на страна кива и мандарина. У: домашно шмукалче, банана, кајсии, ореви, црвено овошје. Р: печен ослич со ориз со зеленчук. В: палачинки со абц крем сир, јогурт. За денес, Д: пржено лепче, краставица и малку кајгана, се надевам ќе остане без реакција , јогурт. У: домашно шмукалче, јапонско јаболко, ореви, кајсии, цреши. Р: печени пилешки копани со хељда и зеленчук. У: (ако сака) бисквити. В: поптпечени јуфки со урда, јогурт.
Де просветлете ме. 8ч 200мл млеко 11ч овошна каша 1ч некогаш шмукалче некогаш не зависи колку ќе спие Следува ручек во 2ч или 3ч Тука треба пак ужинка ама најчесто не сака 18ч Вечера и пак млеко пред спиење некаде 21ч. 200мл Некако не сака многу често да јаде. Нели треба повеќе. Вака количински добро си јаде
Мислам дека е ок, ужината после ручек може и да не ти треба. Ако не ја сака, не ја давај. Моите горе-доле имаат ваков распоред: 6:30-7 млеко 8:30 појадок 11-11:30 ужинка 14-15 ручек 17-18 вечера 20 млеко помалото и на спиење 21 млеко поголемото и на спиење Помеѓу ручек или вечера некогаш имаат ужина, некогаш не. Зависи колку јаделе на ручек. Ова е распоред за викенд. Кога е во градинка поголемото до 17ч си има друг распоред таму. Кога се враќа дома во 17ч има ручек и потоа сам си бара ужина овошје или бисквити.
Не знам колкаво е, ама јас млекото сабајле го тргнав уште пред годинка. Има период кога си јаде солидно оброци, а има период како сега кога од се по малце.. дали заби или скок или што беше болен не знам. Мене распоредот ми е отприлика вака: Станува кај 7 ипол 8ипол доручек 11 ужина 12-14 спие 15 ручек 16;30 ужина - најчесто ја прескокнува 18:00 вечера 19:30 млеко пред спиење
Според мене многу ти се збиени оброците. Во 11 има каша, па во 1 шмукалче и во 2-3 ручек. Штом количински јаде добро, можда и многу храна му е.
И јас некако како спипчелс имам распоред. Го имам тргнато утринскиот подој, доручекот ми е во 8ч, ужинка во 10ч, дремнува, ручекот е во 14ч, втора ужинка не ми е редовна, вечера кај 18ч, доење пред спиење околу 20ч, +/- пола саат/саат ми се отстапките.
Д - овес јаболко и тиква У - немаше, со доручекот се бркавме саат време Р - кус кус со мисиркино и доматен сос У - сок од портокал В - од вчера погачите со карфиол ќе биде
Едно јајце, една помала банана, овесни од око, цимет,мед, лажичка путер од лешник, малку прашок за пециво и кисела вода, да биде густина како за американски палачинки.