Мајки дали имате распоред на оброци на дечиња околу 3 години, дали давате млеко по колку и какво ? Јас и претходно пишував за совети што да давам на ќерка ми која е голем нејадач. Се што ќе понудиме е со сила и со плукање.
После годината почнав сол во јадењето да му ставам. Обична јодирана сол. Мерката е околу 2 грама дневно. Јас од око ставам од соларче, еднаш го вртам и толку.
14+++ Д: Овесна каша со јаболко и цимет У: 2 Бисквити Р: Динстано пилешко со доматен сос, ориз и тиквица У: Домашно шмукалче (банана и малина) В: Тарана со грчки јогурт Пред спиење: доење
Шо давате за вечера на година и пол, а да не се житарки, лино и сл? Нема шанси да јаде ништо шо е во форма на каша.
Лепче намачкано со некој намаз: авокадо, хумус, абц, путер од кикирики/лешник, мафин, банана лепче, проја, тарана, американски палачинки... Со солените давам и јогурт за пиење.
Проја, мафини, палачинки (овесни, амерички, обични намачкани со крем сир), кифла со јогурт, лепче намачкано со нешто или пржено, тост, јуфки. Се од ова ми е во комбинација со јогурт. Помала е ама соодветно е и за година ипол мислам.
Не јаде мачкано. Бега како од ѓавол. Палачинки, мафини, проја, све шо е лепчесто + павлака/ кисело млеко/јогурт и маслинки, сѐ тоа му е на рипит. Мене ми е некако еднолично, ама не прифаќа друго... Не дај боже да нема павлака или км дома, нема ни да јаде... А за ручек не прави проблем, што и да му дадеш ќе јаде.
Епа ако ептен ти се готви можеш бејби пици да правиш, зеленчукови полпети, ќофтенца, или нека му биде тоа на рипит па за 2-3 месеци секако нешто ново ќе смени може ќе се врати на лино и бисквити со млеко.
Намирниците се цело време исти само што поинаку се служат. Јас би доматен сос (имам домашен) моцарела, оригано, ако треба и месо да не е салама може пилешко цепкано. Може и со зеленчук, пиперка, домат, кромидче, па македонска ако е и урда може. Мислам дека можеш и печурки ама не знам какви. А ми текна и пред некој ден, пошто кифлите ми ги бојкотира, емпанадас печени да направам (може и да се замрзнат), тие се со мелено месо кромидче внатре, како панцероти затворени, само се малечки баш за мало раче.
По годинката прекинав да готвам само за него , почнав да му давам од нашето значи и отогаш со сол само што нормално , не претерувам со сол и зачини и правам поздрави варијанти на јадење не многу зачинето и без запршки ..
Д: гриз со јаболко, аронија и малини У: плазма, крекери, шмукалче Р: канелони со спанач и урда во томато сос У: банана, круша В: овесни со ленено, сонлоглед, чиа и јогурт
13+++, од вчера и денес. Д: овесни палачинки со банана У: пудинг со спелта, урми, банана, костени, млеко Р: зелка манџа со телешко У: остатокот од доручекот В: не сакаше емпанада па кифла со кисело млеко Д: пржено лепче со абц, патлиџан, јогурт У: домашно шмукалче У/Р: не виде ние дека јадеме па им викна на емпанадасот. Р: лосос, брокула, морков. В: пудинг со спелта, банана, урми, костени, млеко.
Најважното сум го заборавила и костени ставив варени, заради нив го правев . Немам точни мерки, отприлика ми се овие, направив повеќе и ние јадевме. Спелтин гриз околу 200гр го варам со 0,5л млеко, 7-8 урми (отстојани во вода за да омекнат), 2 банани, 200гр костени, ги пасирав па после ги додадов во гризот и уште еднаш ги испасирав да биде без грутки, ми испадна мн густо па ставав уште млеко.