1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ручавме денес? (за деца од 1-3 години)

Дискусија во 'Дете' започната од koritsaki, 13 јуни 2012.

  1. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.860
    Допаѓања:
    4.800
    Мајки ајде малку совети. Бебо има 12ипол месеци. Распоредот на јадење ни е ваков:
    5-6 цицање
    8 доручек овошје + житарка/лино смоки
    11 цицање
    13 ручек месо + зеленчук
    16 цицање
    18 вечера житарка + овошје/зеленчук
    20.30 цицање
    Дали да воведувам ужинки или да не му кратам од цицањето? Поради алергија млечно ништо не му давам сеуште.
    Весел е, постојано во покрет, од март наваму 400-500гр има качено.
     
  2. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    7.113
    Пол:
    Женски
    2 години
    Д: лепче, јајце, краставица, кисело млеко
    У: праска, смоки, чоколадно млеко, протеински крекер
    Р: манџа спанаќ, салата краставица, патлиџан и маслинки
    У: плазма, ред животинско царство
    В: чоколино
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    5.200
    Пол:
    Женски
    кашувај каков е тој протеински крекер, да ојачаме мускули :D
     
  4. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    7.113
    Пол:
    Женски
    Хахахахахаха, од Стокомак, спакувани се во кутија. Јас за мене ги земам, ги бендиса ептен. Од спелтино брашно се, со ленено семе и семки од тиква.
     
    На mjay.yyy, sani99 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  5. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.239
    Допаѓања:
    1.286
    Хаха и син ми ги сака премногу, ама гледам ги нема веќе никаде во Стокомак дури и листа ја нема
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    18.253
    Идеи за оброци со храна богата со железо?
    На долна граница му е,да го подкренеме малку.
    За 1м прави 4год.
     
  7. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    7.113
    Пол:
    Женски
    Киноа со цвекло, брокула, пченка
    Ориз со спанаќ и жочка
    Тестенини со болоњезе од телешко месо
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.277
    Допаѓања:
    33.445
    Пол:
    Женски
    Црвено месо, црн дроб, просо, суви кајсии, цвекло, аронија, боровинки, свежа пиперка, спанаќ, блитва, жолчка од јајце, какао. Сѐ тоа во комбинација со продукти со витамин Ц или како суплемент.
    Можеш и мед со семе од коприва или ако не ти го сака, можеш семето од коприва да го ставаш како зачин во тоа што го готвиш.

    Да не сум оф топик:
    Д: млеко со бисквити (во градинка);
    Д2: пржено јајце со спанаќ и јогурт;
    У: банана и барни мече;
    Р: салата од зелка и крставица и гравче;
    У: кроасани 7 дејс, сок од портокал;
    В: малку чорба, палента со сирење и брокули.
     
    На Skorpija25, Sofi.ja и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  9. Anele_k

    Anele_k Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Мајки може ли некој предлог за вечера? Каши веќе од ноќните готовите не ми ги сака наеднаш ми престана да јаде, а сега почнуваме со не блендирана храна, односно сега почна по малку да џвака :)
    Давам гриз со банана
    Палента до кисело м
    Макарони со кисело
    И тоа се врти....
    П.с. 13 месеци сме
    И ако може некој да ми пише рецепт за овесни палачинки со јајце и без јајце
     
    Последна измена: 14 септември 2023
  10. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.300
    Допаѓања:
    5.882
    Пол:
    Женски
    Јас тој период почнав со овесни палачинки, дали со павлака, дали со грчки јогурт, или јогурт обичен.
    За рецепт за палачинки наоѓам насекаде, стандард ми е банана со овес мелен, јајце, прашок за пециво и млеко или вода ако му немаш кравјо уште дадено.
    Обично рецепти гледам од Драгана - тука или Стефи - тука

    Од Стефи има еден рецепт за киноа пита, прекрасна е.
    Исто и некогаш ова правам - пита од корнфлекс
    Или проја, дали со сирење, или со праз или празна па ја јаде со павлака/јогурт..

    Ако немам време толку за готвење, лепче со АБЦ, житарки со млеко/ јогурт...
    Или пак супа, чорба... А на крај краишта некогаш и ако ни остане нешто од ручекот дома :D
    Се надевам ти дадов идеи :D
     
    На Mucika и Anele_k им се допаѓа ова.
  11. Anele_k

    Anele_k Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу, ми даде идеи секако , за викенд ке почнам со овесниве :))
    Само сакав да прашам овесно брашно или мелени овесни снегулки? Уште не сум уходана со палачинкиве хаххахаха
     
  12. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.300
    Допаѓања:
    5.882
    Пол:
    Женски
    Па јас имам овесни снегулки дома и со нутри ги мелам.
    Прочитав многу мислења дека овесното брашно така земено горчело многу ( ама немам пробано да ти кажам )
     
    На Anele_k му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anele_k

    Anele_k Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Супер и јас ќе ги мелам. Фала ти :)))
     
  14. Anele_k

    Anele_k Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    А дали можам овесните палачинки само со жолчка да ги направам? Белка уште немам воведно :(
     
  15. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.147
    Допаѓања:
    5.697
    Пол:
    Женски
    Можеш.
     
    На Anele_k му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    2.168
    Пол:
    Женски
    Женски чајче давате ли на децава? Моето е 12+++ пие водичка, мнооогу малку сокче природно му давам и се мислам дали и какво чајче да дадам? Кои се најприродини и најубави за бебиња/деца?
     
  17. Anele_k

    Anele_k Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Од каде купувате риба и каква ?
    Јас ја пробав со тие кашичките на хип ама не ја сакаше ...ми ја затвори устата со клуч и не касна поише од 2 лажички :)))
     
  18. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.147
    Допаѓања:
    5.697
    Пол:
    Женски
    Најчесто им давам лосос, ципура или пастрмка. Купувам од Тинекс, Веро и локална рибарница.
     
    На Anele_k му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.352
    Допаѓања:
    95.626
    Мајки, од кога почнавте да им давате на децата туна од конзерва?
    Вчера ми излегоа пред очи во маркет, па си реков да прашам.
     
  20. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    7.113
    Пол:
    Женски
    2 години
    Д: палента со јајце, сирење и кисело млеко
    У: клавче, пченкарни галети, пола киндер чоколатце
    Р: ориз, просо со зеленчук и малце лаврак
    У: смоки, јаболко, клавче
    В: плазма со млеко
     
    На Skorpija25 му/ѝ се допаѓа ова.