Ќе ве молам за совет, со што би можела да комбинирам жолчка? Како да ја готвам со што? Онака варено јајце не ми јаде, совет?
Како бе вашите јадат палента, мојата не сака да ја види . Шо убаво си јадеше јадење со лажица, откако научи да јаде сама со раце, ја остави лажицата. Дајте некои предлози за некои ќофтиња од зеленчук да и праам, тие ги сака. И праам ќофтиња од брокула, ги јаде. Утре ќе и праам со тиквичка, морков и кромид. Некоја друга идеја?
Жолчка, палента и банана. Често и со спанаќ ја комбинирав, жолчка, ориз и спанаќ. Исто и во Стокомак има тарана без јајца, со неа исто комбинирав. Ја надробував жолчката внатре во сите овие комбинации
Јас на почеток варена жолчка или цело јајце кога веќе проба рендав во кашите. Најчесто компир, спанаќ/блитва, жолчка/јајце. Или палента, грчки јогурт и жолчка. За во овошните печено јаболко, праска и жолчка. Или банана, праска и жолчка. Сега е веќе поголема па си јаде цело јајце како омлет, кришки со јајце итн.
Јас обично белката му ја сецкам на парченца а жолчката ја мешам(гмечам) дал со лажица павлака, дал со кремсир и му ја правам како намаз на лепче. Така ја јаде. До душа тој и така би ја јадел ама ми е шубе дека се лепи на непцата. Или цело варено јајце му го рендам во спанаќ со ориз, и така јаде.
2 г и 9 мес Д: омлет, маслинки, патлиџан, краставица Р: ориз, копанче, краставица, патлиџан, чоколаден ролат У: смоки, плазма, млеко со несквив В: јуфки со сирење и кисело млеко
Ќофтиња од компири и спањаќ пасираш варени компири и обарен спањаќ ,обликуваш плескавици ќофтиња што сакаш додаваш зачини и пржиш
Да ,можеш и јајце ако сакаш ,а спањаќ обарен неколку минути во вода колку да омекне и потоа обликуваш плескавици ќофтиња што форма сакаш со тој спањаќ и пасиран компир,јас презла ставам не брашно на ќофтињата.
Една банана пасирана со десетина малинки(можеш да менуваш со капини, јагоди, зависи што имате пробано) , овес и јогурт. Јас додавам и малку мед. Моето и ден денес ја обожава. 2г и 9м сме.