Во било кое јадење, здробен или пасиран, манџа, мусака, поленти пиперки, тава ориз, во сос за тестенини.. Јас се вака ставам карфиол, тиквица, модар, брокула и мал милион други зеленчуци. Еве последно ќофтињата ми беа со месо и карфиол, а биле и со месо и тиквица и тн...
Јас го ставам во манџи со друг зеленчук исецкано и сварено. Или како пире со путер/павлака/абц. Може и на лепче намачкано.
Долго барам соодветен рецепт за бебе крекери, кога ќе имаш време плис сподели. Се што најдов е со цели семки, мислам декс нема да одговара за годиначе + некој месец
https://www.superhealthykids.com/healthy-homemade-teething-biscuits/ Овие се убави. Исто сум правела и со сладок компир како путер колачиња. Во принцип секој рецепт за крекери одговара ако ги прилагодиш состојките. Место цели семиња можеш да ставиш мелени.
Ништо посебно како и секој друг зеленчук што ставаме, кромид, морков, пиперка и тн. плус ставам карфиол или што и да се врти низ фрижидер.
Хаха од ова ги изеде макарончињата и бараше уште, лосос неколку парчиња и краставичките скоро сите. Лепче со намаз и лосос и ставам опционално зошто некогаш јаде тоа со краставичка наместо макарончиња па да има избор. Пс: заборавив да напоменам, две години е и јаде сама. Некои 20 % завршуваат на под.
И мојата е толку и јаде сама. Ама од ова ако ги изеде да речеме краставичките друго нема да пипне. Брзо се заситува. А олку никогаш не изела. Мојата е повеќе по манџите. Манџи си јаде цел тањир. Месо не сака. А леб јаде само ако е без ништо. Ако има нешто намачкано нема шанси да го јаде.
Јас па мислев моето дете не јаде ништо Шала на страна, нас со манџи тешко ни оди, овошје и зеленџук јаде доста и некои 5/6 јадења што ги сака, другото е се на молење.
Pomos majki...Kako da go naucam da jade mandzi...I meso gotveno..Jade cvrsto, leb, ovosje, zelencuk, ama nikako ne saka da jade mandzi ili meso, oriz za rucek.15 meseci sme.
Јас ја правам исто како за нас со тоа што ставам помалку сол само. Моето е 2год и 5 месеци. Ако правам само за него почесто ставам црвена пошо побрзо се вари. Знам да ставам и морков и обичен или црвен компир. Исто така често додавам жолчка пд јајце.
2 години и 11 месеци Д: Палента со грчки јогурт У: 2 шмукалчиња Р: Компир манџа и парче леб У: Пудинг В: Чоколино
Како ја ставаш жолчката во леќата? Варена на страна па ја гмечиш? Важи ли и за после годинка дека јајце треба 2 во неделата макс?
Да варена ја гмечам па мешам со леќа. Најчесто само еден дел и прво тоа гледам да го изеде. Не знам за количината на неделно ниво, моево секако не сака јајце па вака му го вметнувам. За колку често да се дава подобро кондултирај се со педијатарот.