Со кромид, морков пропржувам, ја ставам леќата миена претходно и долевам вода. Некогаш ставам и пилешко бело месо. На крај едно јајце и пола лимон.
Д: Леб со еурокрем У: Шмукалче и Babylove пченкарни смоки Р: Макарони со козјо сирење У: / В: Млеко со бисквити
Сецкам на ситни коцкички морков, малку тиквичка(2-3) тенки кругчиња ги сецкам исто на коцкички и малку свеж лук и млад кромид. Ставам да се вари се заедно 15 мин, па додавам црвена леќа и варам уште 15-20 мин. Масло не ставам додека се вари, туку кога ќе ставам во чинија и ќе се излади малку, ставам маслиново ладно цедено. Ова само за него кога правам, некогаш и во големо ѓезве ја варам место во мало тенџерче. Има 16 м.
Гледам во доста рецепти 1+ има кашкавал, дали користите и каков? Детето ми стана нејадач, сакам да пробам да направам некои лепчиња, мафини, и сл. и да подметнам зеленчук внатре.
Ист како што користиме и за нас, Ливада најчесто. Така сиров не го јаде ама во тортиља, тестенини и сл го сака.
пробав неколку пати ама не ја погодив текстурата, тврдо испадна, јас не можам да го јадам а не па бебе па затоа барав проверен рецепт фала мајки Јас го ставам во некои манџи по малку, или потпечен во тава со секакви зеленчуци и водичка со фолија, па на крај од печењето ја тргам фолијата. Ама не сум репер да делам совети за готвење, малата прекина да ми ги јаде сите овие работи
Повели рецепт https://fitlife.com.mk/здрави-крцкави-пица-крекери/ исто и овие https://fitlife.com.mk/soleni-krckavi-krekeri-so-seminja/
Ќе пишам тука бидечи има повеќе искуство...бебе р 6 месеци..полнавме со вкусови на 5... го измачија 2 запчина плус сипаница како шлаг на тортата.. ја знам дека му е ново и нр може офма да свикнр ради сите тие препреки...ама не сака со лажичка да гонранам...со рацрте му давам отвора уста јаде 5 6 лажички сме скоро цел месец.... прво од забите сега од сипаницата хорор сме... ќе го почекам дур му ср врати апетитот ама ми тррба искуство мајка чир бебе неќело лажичка одма плука ...
До 1 година примарна храна им е млеко, нормално е да плука, ново му е, не знае што е, не се фрустрирај. Мојата јадеше по блв, ја оставав сама да си јаде и сама да си принесува лажиче. Пробај подај му ја лажичката наместо ти да го раниш, лапни ти еднаш со лажичето (да те види и ти дека јадеш) па после наполни му ја и дај му ја на него.
Пробав да му напраам како tots со компир морков и ја му давав ги смачкав малку со прстото па му давав изедр 3 такви.. ама нз ѓто би можела да му правам друго ? Гледав палачинки исто ама нз какви се да не с ррптен меки меки па да му залетне страв ми р да му дам сам да држи
Solid starts мене многу ми помогна, нон стоп има сториња, заследи ги ќе научиш многу. Да му залетне сешто може. Ама ако ти е страв можеш и пасирано на лажиче па сам да си го принесе лажичето. Е сега се прави неред ама тоа е.
Не форсирај многу, сега полека се запознава со храната. Мало е уште, види од се што му даваш што повеќе сака да јаде, па тоа пробувај и мешај со нешто друго. Не е гладно, не се секирај, пие млеко, уште тоа му е примарна храна до 1 година.
Моето до годинка си јадеше се сега ништо имаме 15 месеци јаде само леб без ништо ако и мацнам во нешто плука за појадок најчесто овошје со бисквити чоколино сака веќе не ги сака ни готовите кашички незнам што е проблемот.Буквално се си јадеше јајце пржено,манџи какви и да направам со хејда просо знаеше за вечера мармалад си јадеше со лепче сега ништо
Како давате авокадо? Одкако сме почнаати со јадење му правам авокадо со жолчка и грчки јогурт/павлака и тоа на тостирано лепче намачкано. Некој друг начин да му го спремам?
Јас давав и во палента пасирано и смешано на почеток. Сега ретко јаде. Исто така на тост леб и со кашкавал од горе, малку потпечено да се растопи кашкавалот. - тост леб од едната страна ставам малку путер, на тава, од горе авокадото размачкано, рендан кашкавал и покривам со капак. На пониска температура за од долу лепчето да не загори, бидејќи на плотна го спремам.
Какво млеко тетрапак давате ? Битолско или Алпско? Ќе го тргаме АД , па сакам да почнам со обично млеко