Пробај следен пат во вечерата да имаш протеин чим не јадел за ручек. Во цел ден нема внесено никаков протеин, што не е ок. Само добронамерен совет.
Обично кога не јаде за ручек, давам протеински сутлијаш пудинг, ама оваа вечер сам си побара кекс и тоа дадов. Ретко се дешава да не внесе протеини во денот. Не те сфатив погрешно
Готов го земам во лидл, нема шеќер во него што ми е топ. Има 4 вкуса: обичен, ванила, чоколадо, банана чоколадо И давид го обожава
Често ги среќавам пудинзите протеински, ама не сум зела никогаш за дете. Не знам ни дали се соодветни. @Bella_Stella , јас често си правам и ќерка јаде од моето. Варени овесни снегулки, блендирам со банана, путер од кикиритки. Некогаш ставам плус кокос, некогаш какао, може малку мед. Што имам при рака од додатоци.
Aa на овие мислиш. Јадеме и ние дома вакви, ама чисто сумњам дека е соодветно да се даде на толку мало дете и не сум ни помислила да му дадам. Тоа ми е најчестиот доручек зошто е брзо, овес, јатки или путер од јатки и овошје. Плус ставам грчки јогурт за протеин.
Еднаш во недела и пол ништо не може да му биде. Колку работи треба да ги ставам од готовите под прашалник, па почнувајки и од јогуртите. Јогуртот веќе не е тоа што беше, сега што све ставаат бог знае. Јогурт да крева шеќер не е нормално нели? Јас како хемичар сметам дека не е штетно да се даде повремено. Секој си одлучува како и да е.
Секој си одлучува сам за свое дете фала богу. Јас пример не би дала ни во недела ипол дена исто како што не би дала ни киндер, животонско царство и не знам што. Не ја гледам потребата уште од толку мали да јадат такви преработки, колку и да е ретко, ама ти си знаеш. Нормално е дека е дискутабилен квалитетот на секоја храна на денешно време, во такво време живееме. Ама дур имам контрола врз тоа што го јаде одлучувам да биде што е можно поквалитетно и без глупости.
Како ви јадат жолча? Кога варам јајце не сака никако да ја јаде. Белката ја јаде,жолчката му е сува. Ја мешам со павлака, грчки јогурт ама пак не ја сака.
Така најчесто ја давам, плус круша варена мешам со палентата оти па палента исто не сакаме Туку ако има плус некоја интересна варијанта пишете
Можеш како намаз да ја направиш со павлака/крем сир, авокадо, сусам итн. На темата, викенд менито: Сабота: пред доручек: јаболко Д: омлет со кашкавал и јогурт У: Пудинг од просо Р: Манџа зелка со мелено телешко месо У: Круша, урми и индиски ореви В: Проја со сирење и спанаќ, к.млеко Недела: пред доручек: јаболко Д: палента со крем сир, грчки јогурт У: Смути со банана, малини, капини Р: Пилешка чорба У: на ручек бевме излезени, од се по нешто проба В: Мини крофнички од тиква
Нормално дека има, ама не треба протеинот да доаѓа од еднолична храна, т.е. цел ден млечни производи. Риба си пиша членката дека не јадел.
Јадеше ама не многу. И јас тоа не го рачунам, буквално 5 залака риба касна и после почна да ја плука. Обично јаде риба ама ете тој ден не му се угоди И јас те сфатив што сакаше да кажеш
Повеќе варијанти правам, како ќе ми дојде во моментот. Ова конкретно беше: просо, банана, какао, мед, кокосово млеко. Просото го покиснувам прво неколку часа, па го варам. Сите состојки ги ставам во блендер и пудингот е готов Друга варијанта пример ми е просо, мелени лешници/ореви, какао, урми, млеко (било кое). Количини немам, од око ставам.