Ги варам заедно и телешкото и макароните и блендирам(3 заба има само).За да не е бљуткаво додавам лук,домат,моцарела.. Ленено мелено на виталиа купувам.Давам 2-3 пати неделно на врв од лажица. Тарана јаде од дивела.Јуфки не јаде.Ако воведеш белка можеш било какви да даваш. Сол почнав од 13 месеци хималајска.Шекер немам дадено. Пудинг не јаде. Овошен дома правам.Јогурт плус овошје и тоа е тоа
Имам читано за лененото семе дека треба да се сомеле непосресно пред јадење, зашто ги губело корисните состојки со стоење. Незнам колку е така, зашто по тоа групите на фб за воведување храна прочитав толку работи што ако земам сите да ги памтам и да се притресувам, ќе ми пукне глава. Јас тараната не ја блендирам зашто е ситна, ама останати тестенини да. Прво давав тарана без јајца (пред година) а сега какви имам во моментот дома. Сол хималајска по малку почнав после годинка, ставам по еден ситен прстофат. Шеќер освен за во колачи или пудинг (а ставам помалку од предвиденото), не давам поинаку. Пудингче почнав да правам домашно со густин но откако и воведов кравјо млеко. За ужинки обично давам парче овошје, кекс, лебче, некоја инстант каша па внатре ке ставам некој додаток (овошје или експандирана житарица)... За вештачки шеќер нема никаква нужда, неопходните јаглехидрати организмот си ги зима од останатите продукти како житарици, компир, овошје...
Денешното мени (17 месеци) -појадок - интегрален леб и таратор (краставица, лук и павлака) -ужина - сок од цвекло, морков, јаболко и лимон -ручек - супа од телешка коска со морков, фиде, пашканат, кормид, брокула и просо -ужина - круша -вечера - палента со кисело млеко
Јас го давам исто како за нас што го ваеиме само се разбира без сол и запршка а тоа е со кромидче морковче,пашканат,пиперка и лукче,јас скоро во секоја зеленчукова каша односно скоро секој ден давам лук и кромид ретко да прескокнам некој ден,што мислиш да не е претерано ама пак син ми ако нема кромид ми се чини и дека по не ми го јаде јадењето.
Ако не му смета на мешето зијан нема од кромид.Добар е протов настинки во зима. За лук скоро читав да не се претерува го симнува притисокот.
Јас секој ден давам лук без исклучок и до сега немам приметено дека и е паднат притисокот. Едвај се успиваме Доручек: палента со кисело млеко Ужинка: просо, јаболко, крушка, суво грозје, маџун Ручек: булгур, модар патлиџан, домат, кромит, лук, маслиново Ужинка: бисквити со млеко(едвај неколки лажици ич не го сака ова), затоа доправив леб со кисело млеко Вечера: гриз со бисквити, кокосово масло, рогач, цимет. Млеко и вода. Настинати сме па пиевме и чај од камилица.
-јаболко,аронија и експандиран ориз -крушка,банана,маџун и суви сливи -телешко со леќа,шери домати,морков и лук -варен компир со кисело млеко и маслиново
- peceno jabolko+ cimet+ plazma - boranija+ morkov+ meleno telesko+melen domat - tarana+ tikvica+ kiselo mleko - cokolino+ mleko
Мојата мала има две годинки уште од година и давам се и сешто и се јаде не блендирано и така си продолжи. Пример ако имаме дома пица пица и давам ако имаме манџа манџа што ние и таа
-банана,крушка,аронија,гројзеи овесни -супа со лимон,морков и фиде -варено јајце со морков,пиперка и лук -кисело млеко со лепче
појадок - интегрален леб со јајце и домат ужина - сок од лимон (засладен со мед) ручек - златна мешавина, карфиол, маслиново и хималајска сол заспивање со млеко 200мл ужина - варен компир и сирење вечера - јогурт и овесни снегулки
појадок - интегрален леб и зеленчукова салата (домат, пиперка, краставица, лук, магданос, маслиново масло) ужина - сок од калинка, лимон засладен со мед ручек - грав, кромид, морков и зелена пиперка заспивање со млеко 200мл ужина - круша и јаболко вечера - интегрален леб и намаз
@snegulkata како го правиш сокот од калинка, во соковник или ? Имам калинки а не знам како да ги исцедам .
Како што кажа @joy1 на цеделка за портокали, само јас на рачна ги цедам и си излегува доволно сокче. Денешното мени е испланирано : -појадок - овошна салата од круша, јаболко, грозје и банана -ужина - јогурт -заспивањ со млеко -ручек - ориз, блитва, лук, кромид и пилешко месо (додадено маслиново масло и хималајска сол) -ужина - домашна кифличка со сирење -вечера - јогурт и овесни снегулки
-јаболко,тиква,аронија -супа со фиде и лимон -пастрмка,тиквица,домат,пиперка и блитва -тарана со моцарела и маслиново
-аронија,капина,суви сливи,јаболко и кокосово масло -банана,јагоди -телешко со компир,морков,кромид и грашок -сок од калинка -нокна каша со бисквити
Нашето денешно мени: појадок - интегрален леб, јајце, домат и маслинка ужина - сок од цвекло, морков, јаболко и лимон (засладен со мед) заспивање со млеко 100мл ручек - чорба од телешка коска со морков, пашканат, грашак, зелена пиперка, просо и фиде (+маслиново м. и хималајска сол) ужина - круша и грозје вечера - домашна кифличка со сирење
@snegulkata смееме да даваме маслинки? Јас мислев да почекам до две години, ама ако имаш сознанија плиз сподели Инаку прашање до сите...Гледам некои дечиња машала ви јадат доста пати но ме интересира колку количински. Мојава јаде доручек околу 300г, ручек и вечерав по 250. Ужинките ни се само по некое залче.