2г 2м Оброци во градинка Дома: Р: канелони со спанаќ и урда У: переци и цеден сок портокал В: гриз, банана, какао, путер од бадем
Да да, ја оставам од вечерта во вода. Сабајле ја проаѓам под млаз и е готова побрзо, после додавам само урда доаѓа како тестенини со урда да си јаде, пробав и јас фино беше. Д: овесни со круша У: јаболко Р: чорба со зеленчук фиде и јајце В: мусли со микс овошје на холе
Д: Овес со карамелизирано јаболко, круша и цимет У: Солени крекери Р: Шпагети во сос од лосос У: Бисквити В: Гриз
Д: крофна и цеден сок од портокал Р: мусака В: тост со Абц и кашкавал плус краставица Ужини, кога ќе и текне: мафин од сладок компир, банана, чашка јогурт, некој крекер. Само џвака нешто цел ден
оф топик ама дали сте замрзнувале вакви мафини или некои други? Ми се смачи да правам преку еден ден а после 2 дена бајати се не ги сака
Овие конкретно со сладок компир, да. И овие палачинки исто со сладок компир. И ги топлам после и без проблем ги јади.
Дали месото се уште го блендирате или веќе почнавте да нудите парчиња? Моето се уште не може да се навикне на парчиња ми се закашлува многу и ме вади од памет, кај тоа па и сега сме во фаза не сакам ништо
Тоа уште блендаме, јас форсирам повеќе парчиња ама со тато дедо и баба плашковци си пасираат уште. Јас не можам да се оправам затоа им викам како ви е полесно терајте. Со мене гриза банана, кива, вафли, смока вчера плачеше дека ме виде му дадов да грицне ко зајче напред. Ама за месо еве и јас уште фуфкам. А инаку имам дома сецко па план ми е веќе да мелам сè и така ќе бидат малецки. За закашлување и моево знае и гаг рефлекс и да се закашла ама еднаш и така убаво се изгубил без воздух еве ден денес не дознавме од што зошто немаше парчиња. Така да ништо не е гаранција а и веќе мораме по малце...да вежбаат вилици барем некој дел нека е парченца. Д: просо, авокадо и круша У: банана со грчки јогурт Р: пастрмка, остаток просо и брокула В: немам идеја, мусли или палента со сиренце
Д- 2 варени јајца и едно парче кашкавал У- банана Р - 3 крилца со малку компир и карфиол од тегла В- најверојатно вафли ќе биде (обично по 2 јаде) Мислите дека е малку ова јадење за 2 годишно дете? Многу млеко пие навечер деновиве па се мислам дали е малку. Количински повеќе нема да јаде секако ама да давам измеѓу повеќе ужинка?
Д: овесни палачинки и грчки јогурт со боровинки Р: грав и кришка леб В: домашна пита со спанаќ и малку јогурт Ужини: смути, мече Барни, банана, крекери со кашкавал. Не сето заедно ова, туку по малку си јаде преку цел ден.
Појачај на ужина. На пример место банана можеш да дадеш грчки јогурт со малина/боровинка или некое мафинче
Оброци во градинка Дома: Р: ципура со зеленчук (сладок компир, морков, карфиол, тиквичка) печени У: сок од цвекло В: палачинки со гриз
Д: кришка леб со путер и чај У: круша Р: Пилешка супа У: кифличка и јогурт В: пржено лепче со јајце, домат и авокадо
Вчера: *Доручек, ручек и ужини во градинка. Дома Р: мусака од компир, тиквички и пилешко + грчки јогурт У: / В: вафли со мед, јогурт, боровинки
Од кај 15-16 месеци, ни пазам, ни ништо. Како ќе ми се фати, така давам. Реално овесните палачинки што ги правам се со 1но јајце во рецепт. Колку за неа ми излегуваат 10-11. Јаде две, максимум три, така да и не е некоја голема количина на јајце што ќе ја изеде. Исто и за вафли и слично. Цело јајце, како јајце и во омлет не го довршува комплетно, не пак во друго.
13 месеци е ама е голем нејадач и може да се излаже само така да јаде нешто, па си реков да прашам да не има некое ограничување.