Д: омлет, авокадо и лепче У: соленки, цеден сок од мандарини, портокал и калинка Р: лазања У: / В: банана леб
Jas ovoj go pravam, so tek na vreme si go modificirav po moe. Mozes da stavis i cokolado na parcinja ili orevi. Omileno mu e sin mi, uste od vrata go namirisuva koga ke dojde https://www.simplyrecipes.com/recipes/banana_bread/
Јас го правам овај и соврсен ми доага секој втор ден правам Наместо шеќер ставам една голема лажица мед, наместо путер од кикири ставам уште едно јајце, не ставам чоколадо и само со 2 банани го правам. Печам на 160C околу 50-60мин
3 позрели банани 3 јајца 2-3 лажици маслиново масло или растопен путер 2 лажици мед 1 шоља овесно брашно (ако не е доволно густо може да додадеш уште) 1 пакетче прашок за пециво 1 лажичка екстракт од ванила * Ги пасирам бананите, ги додавам другите влажни состојки, на крај сувите и мешам сѐ заедно. Печам во сад за леб, на хартија. На 200 степени, околу 50ина мин.
Вчера Д: проја со спанаќ и сирење + јогурт У: банана, соленки, мандарини Р: компир, морков, брокула и пилешко + кисели карфиол и краставички У: / В: овесни палачинки со мед
Јас шеќерот го изоставам во секој можен рецепт и не е проблем, благо е од бананите секако. Сега зависи нели колку благо ќе очекуваш, од тоа колку благо јадете. Ние не јадеме шеќери многу, така да ок ни е и вака. Ама рецепт воглавно е 3 зрели банани 80мл масло 2 јајца, средно големи до големи 200 гр брашно 1 пециво Прстофат сол Малку цимет Се матат јаца, се додава масло, згмечени банани, и останатите суви состојки. Мешаш и печеш околку пола саат до 40 мин на 180 степени(или 160 ако печеш со вентилатор). @ija
Ретко ја отварам темава, малото јади се што јадеме ние, големиот си е посебна приказна, денес праев германска палачинка, нон стоп ми го даваше рецептот фб и ај реков ќе пробам, многу вкусна испадна, двајцата ја јадеа, мачкана со еурокрем е. Печена во плех. Од јајцата домашни е така жолта.
Да е ок. Јас на мојата и после два дена и нудам. Всушност откако ја преместив на наша исхрана, јаде па скоро секој ден јадење од пред еден или пред два дена. После само ќе го притоплам. За лепчето конкретно, откако ќе се олади, виткам во крпа па во кесе и во фрижидер. Ама јас и палачинки на пример од предходен ден давам. Сум давала и да не било во фрижидер, туку само во ладна просторија. Кифли на пример смрзнува и вадам по неколку после само. И мафини смрзнати сум давала.
Од каде купувате риба и каква? Лосос и пастрмка и имам давано повеќе пати и не сака ни да голтне, ако се излаже да стави во уста го плука. Ама пастрмката не беше стварно вкусна, не знам од кај да земам убава свежа? На темата: Доручек, ручек и ужини во градинка. Ручек 2: болоњезе со мисиркино 3 залчиња Ужина: калинка Вечера: гриз со шумско овошје, си го извади и изеде само овошјето
Пастрмка од рибник земаме и најчесто помалечки парченца за него до кај 200-250гр. 10тина земаме и ги замрзнувам за тазе да има. Крап од рибник исто кога земаме пробал ама јас имам мака со него месо/риба ако не е блендирано ми го плука. Не знам кај згрешив во јадењево ама а има парчиња месо или риба он плука, ако е изблендирано со зеленчук си јаде без мака
Д: лепче со крем сир и јогурт Р: чорба спанаќ со ориз У: сок од калинка и портокал + неколку пржени компирчиња В: гриз со овесно млеко, какао, банана, мед