Пастрмка најчесто од Веро-преубави парчиња имаат. Сите останати риби (најчесто лосос и лаврак) од Платамона
Д: гриз со капини, банана и грчки јогурт (мисли дека е тота (торта) и затоа го јаде, иначе каши тешка работа) У: цеден сок од мандарини, соленки, бисквити Р: грчки ќофтиња во сос В: два залака колач од наут, овес и урми
Уф специфичен е и не знам дали ќе ти се допадне. Кај мене и мали помина, маж ми вика грд бил. 150гр сварен наут (јас користев од тегла, убаво измиен) 2 јајца 100гр овесни снегулки 5-6 урми потопени во 100 мл врела вода 1/2 прашок за печиво 2 лажици мед 2 лажици какао Мешаш се во блендер и печеш на хартија околу 40ина мин на 180 степени.
Јас и мм нема шанси да го јадеме, тешки сме за вкусови. Ама кај син ми може да помине, ќе го пробам фала ти
Без наутот ќе биде поубаво, ама така одеше во рецептот и не го изоставив зошто убав извор на протеин е.
Да мене баш за наутот ми е, сакам да го јаде зашто е со низок хемоглобин. Правев домашна паштета од наут и таан, т.с хумус, само кажа блак и не ни проба а купечкиот го јадеше. Ќе ја пробам и оваа варијанта супер ќе е ако го јаде
Од рамстор и тинекс рибарниците и скоро секогаш е свежа и вкусна. Иако во последно време и мојата одбива риба, може и да не е до рибата туку да е период и треба искрено упорност за да јаде се.
Ова звучи на нешто што јас би го јадела а веројатно и кај ќерка ми ќе помине. Кажи ми, урмите со се водата ги блендираш или ги цедиш? Имам сируп од урми па ќе заменувам со него.
Со вода да, зошто нема што друго да даде влажност освен јајцата. Ама можеш да експериментираш, пример да додадеш сируп од урми и некакво млеко, билно или обично. Сигурно ќе биде убаво. Јас многу често си изменувам рецепти и правам спојки од тоа што во моментот имам во фрижидер. До сега сѐ што сум направила е јадливо.
Дали е мекичко да пробам со моево утре имам многу наут па сакам да искористам периодов да смени малце. Денес Д овесни со јаболка Р манџичка со зеленчук и јајце У кива си грчки јогурт В спелта со 1/2 круша Ми фалат солени варијанти за доручек и вечера...
@Secret-Angel7 @Sun&Moon фала мајки, многу корисно земав вчера од Веро пастрмка, прв пат печам свежа риба, топ испадна и дете јадеше, не многу ама изеде нешто и пресреќна сум. @Carolin. Не си згрешила, не се обвинувај, си имаат преференца за текстура и тоа е тоа. Променливо е секако, нуди му секогаш да проба и од вашето и еден ден ќе му светне дека е поубаво така. Кај нас е така уште за доста работи, јадеше се, па прекина, сега е лотарија дали дента нештото ќе го јаде или не. Ама веќе се олабавив и прифатив, ние дојадуваме сега барем не фрлам На темата Доручек, ручек, ужинки во градинка. Р2: макарони со сос од спанаќ и брокула У: вишни и 1/2 мафин со леќа В: леб, домашен кечап, краставичка, абц
Мекичко е ептен. Еве дел од нашите солени доручеци/вечери: *лепче со крем сир или хумус и јогурт *просо/палента со урда, сиренце, грчки јогурт *тост/тортиља со хумус и кашкавал *пржено јајце, лепче и јогурт *проја Ова ми текнува во моментов.
Денес Д: лепче, јајце и јогурт У: / Р: макарони, свински бифтек со печурки во сос У: урми В: понудено тост од лиснат кроасан со кашкавал, не сакаше и јадеше леб и јогурт
@Bella_Stella, бифтек, некогаш читам ребро, на парчиња даваш така? Месото често ми излегува потврдо/тегаво при готвење и морам или ептен ситно да го сецкам за ќерка или најлесно ми е за неа рецепти со мелено, било како манџа или ќофтиња. Како го спремаш во принцип?
Д: палента и јогурт У: јогурт Р: сладок компир и телешко У: смоки, бисквити, шмукалче (кога ќе отвори фиоката си мези) В: банана и гриз
Ова денес маж ми го спремаше, негов рецепт е. Прво го запржува бифтекот на маслиново да зарумени, па печурките. Ги вади на страна, во истата тава запржува кромид и лукче, додава путер, малку брашно и вода и ги враќа месото и печурките да се крчкаат. Ако се крчка подолго омекнува, ама сепак не е некое премеко месо и затоа му го ситнам на залчиња. Пример свинската плешка е посочна. Неа ја печам, во маринада стои од вечер и ја печам околу 2 саати на 180-200 степени. И син ми преферира работи со мелено месо. Телешкото пример одмна ми го мелат во месара и со него спремам мусака, лазања, грчки ќофтиња, плескавици итн.