1 чашка кускус со 2 чашки зовруена вода преливаш и покриваш да стои. Барем така Џејми Оливер го прави хаха Ваљда се комбинира со урда сурење зеленчук Д: киноа со урда У: кива и јаболко Р: лосос со зеленчук У: ајвар и лепче В: овес со банана
Кус кус не се вари барем јас кога сум гледала читала рецепти сите така го прават Не е како киноа просо
2 години и месец Д: овес со банана, какао и путер од кикиритки У: кроасан плус смоки (во парк) Р: печено ребро со компири, моркови и кромид У: мус од јаболка ( тек ќе биде) В: палента со јогурт ( ќе биде)
D. Griz , banana , malini R. Kus kus , brokula , morkov, puter U. Kinder jajce V. Palenta so jogurt 15m
Твоја работа си е, ама не сфаќам како на 15м бебе ви е ок да давате кидер јајце. Што ужина ќе беше тоа.
14м Д: гриз и малина У: смукалче со круша јаболко и некое чудно растение на holle Р: кускус со пилешко и зеленчун В: урда и спелта
Ама и носење на киндер јајца, дома имам две табли киндер јајца тргнати настрана мм ги јаде. Кој дошол само јајца носат. Мода ли е што ли е? Од блискиве што знаат дека не му давам благо, мислам му давам ама гледам по здрави варијанти секогаш му носат овошје, ама подалечни или јајце или киндер чоколадо е на дете од година, година ипол..
Цели пакетчиња со чоколади и 300 глупости му донесоа на неполна година 14м Вчера: Д: Гриз со бобинки и пола банана У: Смукалче на Холле Р: Блитва со ориз В: палента со јајце, урда + јогурт Денес: Д: Спелта со круша У: Павлака и смоки (на Хипп едни кругчиња со пармезан, хит му се моментално) Р: Телешко, компир, пиперка, чери домати и морков В: Чоколино со АД
2год *оф топик, ама на тема благо Хитлер сум за недавање. Нема пробано чоколадо и ништо нема пропуштено во животот негов. Му смислив прича дека благото е за мама и тато кога пијат кафе и дека деца не јадат тоа, па за среќа ми помина...ако начека нешто од нас на маса си мумла дека "мама и тата да, ја и бебе не". Ако веќе одлучувате да ви јадат благо толку мали, барем правете им домашни благи. Ништо добро нема во индустрискиве киндер и остали бели шеќери. Повеќе штета има за мозокот кој до 3та год најзабрзано се развива. Малку повеќе свесност на темава е потребна. Д: спелтина каша со банана, малина, боровинка, мед У: цеден сок портокал/јаболко Р: мисиркина мусака У: банана вафла со некое перече В: тарана со грчки јогурт и сирење
Твоја работа што ќе јаде, ако не го гледаш проблемот нема што понатака да дискутираме. Твое дете, храни си го како мислиш дека е ок.
Дома избегнувам да јаде благо до максимум ама јас тоа. Кога е со баба и дедо обавезно подвалуваат Монте, блокче чоколадо оти не било ништо, биле премали и не знам што. Од 9 месеци во градинка добива Чоколино, тортица Винчини за ужина, еуро вафел за ужина итн. Тоа е од менито во нашата градинка. И толку од тоа дека забранувам благо. Ама барем се трудам да има баланс. Он топик Д : вафли и грчки јогурт со боровинки У : банана Р : лазањи У : крекери со хумус и краставица В: печени лепчиња со доматен сос, кашкавал и маслинки, плус малку јогурт
Кога се во колектив нормално дека ќе јаде тоа што јадат и другите деца, неизбежно е. За дома засега почитуваат наш збор бабите и дедовците и не даваат ништо без наша дозвола. Знам и јас некогаш свесно да му дадам да касне домашна торта кога има повод. Ама секојдневно како ужина да давам пример Киндер, за мене е неприфатливо. Има и други начини да се задоволи потребата за благо, јас му давам урми и пресреќен е дека се заблажува, а јас немам грижа на совест. Работата е во балансот и стварањето навики уште од мали нозе.
Да се надоврзам на ова. Ќерка дали 3-4 пати има пробано по малку кроасан 7days. За нас подземаме некогаш за на брзина ама демек тоа е за мајки и татковци. Е зедов големо пакување за вчера за во парк, дека повеќе деца, се изедоа 3-4, другите ги донесов дома. Вечерва, испи млеко, ај да ја спремам за спиење и измив заби и додека јас се средив, таа се врткаше низ кујна и само слушам шушкање. Е па ќерка си седнала, си грицка кроасан, насмевка од уво до уво и вика Ова мајки, татковци. Он топик Оброци во градинка Р: полнети пиперки У: банана В: омлет, кашкавал и краставица У( непланирана) - кроасани
14 месеци Д:Јуфки со павлака Р:пилешко месо со кари и лепче В: помфрит и сирење салакис За утре планирам: Д:просо, банана, к.млеко Р: готова каша од холле со болоњезе У: лино смоки В: суви сливи, јаболко, гриз Шуќур почнавме со парчињава. Тешко оди ама упорна сум. Колку касне толку