2год3м/13м Оброци во градинка и двајцата Р: мелено мисиркино со грашок У: нутрино шмукалчиња+цеден сок портокал В: банана лепче намачкано со домашен џем малина + грчки јогурт
Кога и како воведовте путер од кикирики? Јас уште не сум дала, 12 ипол месеци е мојава и на мисла ми стои како да го дадам и од кој давате.
Од пред недела дена .. за недела ќе прави 13 месеци. Јадеше смоки со кикирики немаше реакција и дадов прво пола лажичка после некој ден пак и сега за сега нема .. 12+ Д: проја, варено јајце и јогурт У: млеко со какао, урма и кикирики путер Р: Телешко, батат, тиквичка, грашок и од нашето пилешко јадеше после У: јаболка рендам и има проја останато В: некоја каша најверојатно
Вчера Д : овесни снегулки со банана малина и капина У : Смоки Лино , соленки , бисквити и све што најде Р : Мусака со кришка леб У : Јаболко В : Бисквити, банана и какао и малку млеко
12+ Д: Каша на дм со боровинки, јаболко + банана У: смоки од Дм Р: боранија, батат, морков, тиквица, кромид У: рибички грицки, корки леб У: смути од банана, јаболко, кива, грчки, млеко, чиа и цимет В: тарана со сирење и малце јогурт
Д: мултигреин со слива и јаболко У: бисквити лино Р: ориз со царска мешавина У: шмукалче нутрино В: ноќна каша на хип
2год3м Д: овесна каша со овесно млеко, банана, малина, путер од бадем У: банана лепче Р: лосос чорба У: шмукалче В: спанаќ мафини со јогурт
15 м Вчера Д: шпагети со сирење Р:мусака В: леб и мармалад Денеска Д: овесни,тиква,мед Р:ориз и риба В:чоколино и банана
12+ Млеко Д: пржен леб и јогурт У: бисквита Р: телешко, батат, тиквица и киноа У: пола животинско царство и залак домашен колач У2: грчки со јаболко, кикирики путер, урма У3: од нашиот ориз и краставица В: бисквити и млеко У: смоки (на гости бевме) Како се справувате со гости и вадење на грицки на маса? Ми викат нека јаде ама без ред ми е некако... До пред скоро го молевме да јаде, сега ако седне некој да јаде сака и тој..
Јаде и моево. Гости, родендени... не можам да го допрам греота ми е да гледа. Ама додека сме дома или нема никој не вадам. Сега знае и да побара ама чипс дома му е корнфлекс, соленки му давам. Чипсови ептеен ретко купувам и ако земам земам со ченкарно брашно, се тешам дека се здрави, има стокомак едни соленик со лук и нив ги купувам почесто. И кога ни доаѓа некој гледам да нешто што он го јаде па да немам мака. На пример обожава шопска и таратур. Ако идат гости ја обавезно имам или тоа или тоа, да знам дека ке навали на тоа ке се најаде со кифличка и после не сака ништо друго. Ако сме на гости каснува од се, не можам да го допрам.
Д: пола парче пица У: банана и авокадо Р: густа манџа од мисиркино,компир и храшок, настрана бел ориз У: несквик млеко В: мафин грицки моево јаде, не можам да и забранам. Кога одиме во парк обавезно некој родител нешто има донесено за децата и си мезат.. еве и на гости кога бевме извадено имаа чипс ( тоа избегавам оти брзо јаде и се закашлува од него) ама ајде речи и не, исто и со чоколадо иако не е љубител на благо. Соленки,индиски ореви и семки ни се морални да ги имаме дома оти тоа кога ќе побара а нема на цел комшилук ги возмемирува
Вчера 12+ Д: Омлет со кашкавал и лепче со павлака+ пола банана У: шмукалче Р: неќеше од нашиот ориз па јадеше риба и леб У: банана В: некоја лажица тарана и чоколино
Не е темава за ова, ама ќе ти споделам каков хак му најде сестра му. Голема ќеса со чипс, јаде она, мало пакување од бебешките никакви грицки од Дм ставени внатре во кесата чипс, и кога ќе и побара она му дава од бебешките, и си јаде раат чипс.
Урлам. Најјака е И јас така ќе правам оти ќенка по лут чипс а факинг не јаде луто Да ми ја гушнеш и кажеш фала
Кај нас ова Не успеа МамИ бљак е ова вика Мојот не е толку по чипс колку што ги сака тие едни одвратни смоки со хот дог на сликата А виршла сеуште нема пробано. Освен на градинка ако им даваат
Абе Софија грицка свашта ама сакам јас да грицкам без да ми плаче. Да јадеше луто ајде де.. Ќе и ставам обичен чипс на неа Виршла ни јас, паштета Јуниор Аргета и дадов пред некој ден и рече Бљак и бев као ок... Шо да ти мачкам, само павлака сака
Здраво, бебето ми е една година, досега само блендирано јаде, освен ептен нешто како банана па пасирана. Месо јаде телешко, пилешко и мисиркино, земам стек и блендирам. Сега гледам дека има мисиркино мелено месо, сакам да ве прашам дали користите такво и дали е полесно во смисла дека нема да треба да го блендирам? Дали и вие давате само стек или и копани и сл.?
Јас купувам од Веро мисиркино и или им кажувам да ми го смелат, или го мелам дома(имам машина за мелење). Потоа дома го замрзнувам во ќесички по 5-60 грама топчиња и си вадам за ручек. Ако му правам нешто како манџа прво го запржувам со малку кромитче на маслиново, ама многу повеќе му правам ќофтиња и тој многу сака да си грицка ќофте. Многу се меки..
Ги печам на хартија 40тина минути на 170 од прилика и еднаш ги завртувам. Навистина испаѓаат многу меки, не знам зошто воопшто сум пржела и за нас порано.