14+ Млеко Д:пржено лебче со абц намаз одозгора+малку домат У:кашкавал+сокче Р:макарони со сирење У:смоки+една ресана В:од нашата вечера печено компирче и јогурт Млеко
Сакам да прашам какви сокчиња давате на децата? Јас имав домашен но скоро ми се потроши и сега купувам на Хипп ама со вода го мешам.Понекогаш и цедам и портокал со малку лимон го обожава.многу сака сокче и сакам да видам ваше искуство што давате освен домашно и на хипп.
Не е обожавател на сок. Најчесто ако имаме гости и други деца пијат и давам најобично со цевче, Вива или било какво. Евентуално малку сок и со вода разреден во чаша. Цеден пие само од портокал. Хип одамна не купуваме, веќе е скоро 2,5 години.
Не давам. Кога имаме гости само ако има деца ќе дадам од овие со цевка. Вака секојдневно само вода нудам и некогаш цеден од портокал и калинка. Кај мајка ми пие од соковник домашен заради железото. Не гледам потреба од нудење сок
2г5м Оброци во градинка Дома Р: телешка чорба У: кајсија, праска В: банана лепче со домашен џем малина
Оф топик, какво сокче е добро за железо? Тоа неам пробано а ми треба за моето пребирливп тодлерче што никако да го оправиме железото
Кога веќе спомна железо, колку е кај вас? Кај ќерка е 11..не знам дали е за грижење..педијатаров ми кажа као ок било, не требала ништо да пие...гледам да и давам разновидна исхрана, ама пак некако ниско ми е
Хемоглобинот 11 со капки за железо, а беше 10. Матичната ги гледа и другите вредности MCV и хематокрит, тие и се под граница се уште и со капките.
Еве сега гледам и кај мојава се или под граница или баш на граница..кои капки ги даваш? Не дека ќе и дадам на своја рака, туку чисто информативно.
Цвекло морков и јаболка. Топ комбинација за железо е. Кај нас е ептен ниско, 2 е, правиме дополнителни испитувања сега зашто една година е на малтофер и за хемоглобинот помогна ама железото уште е ниско.
Сидерал, не се многу јаки ваљда и затоа нема кој знае каков ефект. Фала мајка, со лесно да се среди.. Ај и на темата да пишам за вчера: Д: овесни палачинка со грчки У: банана 1/2 Р: омлет У: домашен сладолед В: макарони со песто од спанаќ
Е ако де, не е грешка и мене ќе ми помогне рецептов, и кај ќерка ми не е сјајно железото. Ова нешто како смути да го правам или?
Мајка ми го прави во соковник не во блендер, баш чист сок испаѓа и малку го разредува со вода. Мојот не пие смути нејќе ни да проба одма вришти “нејќеее кашааа” Пробај како смути битно е таа комбинација да е. И многу битно за врзување на железото е фолната Б витамин и Ц, и намалување млечно. Јас му давам и бомбоните на Јамиесон и најмногу напредок има сега. Докторката рече дека сега тешко дека ќе му се качи зашто многу троши на ова возраст, битно е да не паѓа и ова вредноста на Е (не можам да се сетам како беше дел од крвна анализа е) да се зголемува, а кај него се зголеми од 2.5 до 24 од кога го пие сокот и бомбоните.
Фала за рецептот Вит. Ц и давам уште од зимата, а каков вит. Б користите? За бомбони не знам како би ги јадела, не сум и давала до сега..се лижат само? И ако не ти е проблем прати ми слика. Мене докторка од Јане сега кога ја носевме на последна вакцина, ми рече дека многу троши и заради заби вадење(она по 2 одеднаш вади) а сигурно и поради кг и висина. А за трошење, не застанува, едвај и спие она