Мед измешан со путер од лешник, многу е вкусно можеш и кругчиња банана или црвено овошје од горе. Имам правено и мармалад од малини со маџун, не го сакаше ќере тоа, ама да споделам идеја.
До скоро давав таан со малку мармалад мешан, земав 100% мармалад од кајсии или јагоди ако можеш да најдеш, секако ептен малку ќе ставиш за вкус само. Веќе не го сака ама до скоро го јадеше
14м Вчера Млеко Д: варено јајце, авокадо на леб и домат и краставица У: банана Р: батат, телешко, пашканат и малку летна манџа У: чоколадо В: тарана со сирење Млеко Денес Млеко Д: бисквити и млеко У: кифла, домат и јогурт (сам си земаше) Р: грав плус салата У: јагоди, праска, мушмули В: овесни со банана и јогурт У: имаше гости па јадеше смоки и кајсија Млеко
Направи сама мармалад. Скувај 10тина минути малини/капини/јагоди, додади на крај сируп од урми, а можеш и чиа да ставиш плус. Намачкај путер од кикирики на лепчето, па од мармаладов.
Здраво Мајки, син ми скоро ќе биде една година, па ме интересира кога почнавте да давате обичен стек, а не домашен? Пред скоро почнавме со парчиња ама пилешкото домашно месо му е потешко за џвакање па не го сака.
Најчесто ја правам со глава од лосос (има големи во Веро, околу 1кг), но можеш и филети. Исто купувам и околу 500гр свежи шкампи, па со лушпите од нив правам бујон за во чорбата. Останатиот дел е класика, пропржувам кромид, морков, целер (или праз), ја ставам главата, додавам од бујонот. Околу 30мин се вари главата, ја вадам, а во тенџерето додавам тиквичка, моркови, кромид (цели да се сварат). Ги вадам и нив, ги блендирам со зачини. Враќам исчистената риба со изблендираниот зеленчук, додавам магдонос и малку лимон и имаш незаборавен вкус!
Можеш банана+авокадо како намаз Круша+јаболко свари ги со малку цимет изблендирај погуста смеса наполни во тегличка и ете ти намаз домашен.
14++ Вчера Млеко Д:пржени лебчиња+домат У:јаболко+банана Р:компир со месо(манџа) У:павлака со лебче У2:штангалица со манго(сама сакаше) В:бисквити со јаболко(каша) Млеко
Давам Алпска од таа со школки и говедско за вечера понекогаш бидејки е по мрсна и ја држи цела вечер дали еднаш ке стане за млеко.
14++ Млеко Д:авокадо со јајце У:Јаболко и кајсија Р:ориз со спанаќ+павлака У:сок од јаболко и праска + смоки В:супа со лебче Млеко Млеко Д:тарана со сирење У:штангалица со боровинка и банана Р:домашна чорба со морков,пашканат,кромид,пилешко У:банана В:палента со грчки Млеко
Ова од вчера Д: пита со кашквал и пилешко+јогурт У: немаше Р: морков, брокула, карфиол на пара со варен ориз и телешко + краставица У: касна од мојата тортиља со туна В: банана леб 2 кришки изеде (јас божем за утрово го правев кој го виде синоќа едвај дочека да се олади)
Прв пат кај големите дечиња 1г Д: гриз со млеко, јаболко, банана и цреши У: лепче, смоки од просо Р: кајгана со патлиџан, лепче и грчки јогурт Р2: ориз со кокошка У: бисквити В: тарана со кисело млеко
15+ Вчера Млеко Д; пржен леб, сирење и јогурт У: банана Р: полнети пиперки малку и леб У: крекери и сок В: грчки со банана, кајсија, чиа, цимет Млеко Денес Млеко Д: Банана леб, кајсии, слива У: мушмула, банана Р: мусака, домат и краставица У: кајсија, банана леб В: ноќна каша на хип со гриз и какао У1: животинско царство Млеко