18м Денес: Д: овес, кива, круша У: бисквити Р: шпагети болоњезе У: јогурт В: ориз, тиква, јаболко Утре: Д: мафини со банана јагода У: шмукалче Р: јајце, палента, путер, грчки јогурт У: бисквити В: мафини
Д:омлет со спанаќ намачкан со павлака +пола виршла од мојата У:банана палачинки со аронија Р:ќофтиња,мешан зеленчук У:смоки,киви В:макарони со сирење со малку домашен кечап И една банана сама бараше. Млеко
Морам да се организирам зошто обавезно 2 оброка ги јаде со маж ми инаку најчесто болоњезе му давам со фусили оние вртените сам ги јаде без проблем, а бидејќи денес видов дека немам ги исецкав шпагетите со ножички. Се беше лом ама важно се изнајаде
Да..имаме едно до пола, друго што тропка и горните 2 пред искачање Имаше доста време да се научи да јаде и без заби ахахах
Еве јас да се приклучам дека мојата го јаде меленото и пред да има запчиња, така што не е до забите, до детето е Болоњезе и е омилено јадење. Дека до сега и варев шпагети посебно дека без сол, уште пред варење ги кршам на ситни парчиња да не се мачам после да ги сечам, така ми доаѓа позгодно
Пржам Ставам убаво количински кромид, морков и малце лукче прво пропржувам, па месото го додадвам го пржам, ставам некој зачин, најчесто црвен/димен пипер и бибер, и на крај доматен сос (ама имам еден домашен малце поводенест е) и го оставам малку да се крчка во сосот.
12м Д: овесни палачинки со мед и шумско овошје У: портокал + грчки јогурт + смоки Р: просо со зеленчук и мелено месо У: леб од урми В: мафини со фета и маслинки + јогурт
Може рецепт за лебот од урми? Имав зачувано еден рецепт, ама ми исчезна некаде а не го памтам ич. Фала
Технички јас овој го правев за мене, ама на госпоѓицата моја ептен и се допаѓа па го делиме А го имам зачувано и овој
Прв рецепт Милиброд до урми 150 гр урми (меки од кутија) 200 ml растително млеко (топло) 2 јајца 170 гр пченично интегрално брашно 80 гр бадеми (мелени или ситно кршени во сецко) 100 гр суво овошје (јас користев суви сливи и суво грозје) 1 мала лажичка прашок за печиво ванила (по желба и вкус) Подготовка: Најпрвин потопете ги урмите во топлото млеко, околу 10-15 минути. Потоа изблендирајте ги со блендер, јас користев рачен. Во таа смеса ставете ги јајцата и убаво изматете, па потоа додадете ги сите други состојки. Измешајте и убаво соединете ја смесата. Ставете го милибродот да се пече во загреана рерна, во долгнавесто плехче во кое ќе ставите хартија за печење. Првин печете 10 минути на 180°С со вклучен вентилатор, а потоа намалете на 150°С и печете уште 20-тина минути. Доколку ви е посилна рерната, можете за второто печење дури и да го покриете лепчето со фолија за да не изгори одозгора, а внатре да остане влажно. Потоа извадете го и оставете го да се олади. Послужете го со путер од кикиритки и малку мед или некој домашен џем. Две парчиња од овој милиброд, со путер од кикиритки и некое свежо овошје, џем или мед, можат да бидат и супер опција за појадок. Втор рецепт zivot_bez_toksini Состојки: 180 г урми, потопени во бадемово млеко 20 минути 1 рака сечкани ореви 2 јајца 150 г брашно 1 ред темна чоколада (сечкана) 1 мала лажичка прашок за пециво Подготовка: 1. Урмите потопи ги во бадемово млеко околу 20 минути, па изблендирај ги во мазна смеса. 2. Додај ги јајцата и кратко изблендирај или измешај со лажица. 3. Додај ги брашното и прашокот за пециво и убаво измешај да се соедини смесата. 4. На крај вмешај ги сечканите ореви и темната чоколада. 5. Истури ја смесата во калап. 6. Печи на 180°С околу 40 минути (провери со чепкалка).
12м Д: пржено лепче, домати, краставици, урда У: леб од урми со путер од лешници Р: лосос и сладок компир У: шмукалче и смоки В: гриз од спелта со јаболка, круша, цимет
12м Д: тарана со грчки јогурт У: леб од урма со путер од кикирики + портокал Р: пилешко, ориз со путер и куркума, пченка У: шмукалче В: smash cake leftovers
12+ Д: тарана со абц У: боровинки Р: мусака со кисело млеко У: неколку смоки В: топла овесна каша со малини и боровинки