Немој да не подречеш Јаде се како што е пишано, може не мн количински како што јадат некои деца по 200-300 грама но сепак јаде. Иако изигравам кловн додека да изеде затоа што брзо и здосадува. Вие сте сигурно поголеми штом веќе бира што да јаде Фала @joy1 . Да не продавате случајо овде се потешко наогам за жал. Оваа недела немав, не и ни дадов јајца
Знам дека не си од СК, но мм често патува за ГВ, ТЕ. Понеделник треба да оди за ГВ, па мислам не би било проб да земе Ако имате доволно за продавање пиши ми лп Тхенкс
pojadok-zitni+med+jabolko uzinka-biskviti rucek-boranija so oriz uzinka-kastravica so jogurt vecera -supa so morkov +jabolko +mleko,voda I sok od morkov,limon I portokal 1godina I 9meseci
Појадок Круша, јаболко, маџун, вишни, плазма Ужинка проја мафини со блитва и сирење Ручек Пастрмка со лук, компир, пашканат, морков Ужинка пудинг чоколадо Вечера кисело млеко со лебче Водичка сигурно околу 900 мл..а можеби и повеќе...
Пак ние. Појадок мусли, ленено семе, јогурт и банана ужина ѓеврече Ручек Црвена леќа со морковче, доматче, лукче, пиперка, кромитче Ужинка мандарина, калинка цедени со плазма вечера млечна кашичка на нестле со слива
Денот вообичаено го започнуваме со лажичка кристален мед и банана. Денес после бананата јадеше интегрално пециво со козја урда и семки. Ручаше банана и малку макарони од ориз. До пред спиење касна мандрина, 1 јаболко и 1 крушка и фастци, многу сака пред спиење да јаде кикиритки или фастци. Инаку секојден пие зеолит, масло од семки од кајсии, сребрена вода и алги. Од денес почнав да и давам и по 2 капки масло од семки од грејпфрут. Вообичаено за ручек јаде манџа и салата. Месо 1 во две недели, а некогаш се случува и 1 неделно. Јас не сум поборник за месо посебно не за пилешко, па затоа и воопшто не го форсирам во нашата исхрана. Инаку многу е тешка за јадење, освен овошјето, се друго е тешко да ја натераш да јаде, а за количината на храната ужас. Неколу залчиња и тоа е се. Ќе полни за неколку месеци 3 години, а тежи едвај 12 кила и 700 грама. Но среќна сум што е здраво дете, на лекар досега ја немам однесено.
Вчерашното мени: - појадок - 1 парче интегрален леб, 1/2 домат, 1,5 маслинка и 1/2 јајце - ужина - грст малини и капини, 4 зрна аронија и јогурт - заспивање со млеко 100мл - ручек- грав, пиперка, кромид + маслиново м. и хималајска сол - ужина - печено јаболко со мед и мелени лешници мало лажиче - вечера - тестенини со сирење - заспивање со млеко 200мл и преку ноќта уште 200мл. млеко Денешното мени: - појадок- овошна салата (1/2 авокадо, 1/4 јаболко, 1/2 круша, грст малини, лимонов сок и кокосово масло) - ужина - една домашна кифличка - заспивање со млеко 200мл - ручек - ориз, спанаќ, лук, кромид, морков + маслиново и хималајска сол - ужина - сок од цвекло, лимон, јаболко и мандарина (засладен со мед) - вечера - печена тиква - заспивање со млеко и преку ноќта исто така млеко
Мене ми занима сребрената вода колку често ја даваш,од каде ја купуваш и нема ли штета сепак е метал?
Денешното мени: - појадок - пита со спанаќ и 1 маслинка - ужина - сок од калинка, цвекло, мандарина и мед - заспивање со млеко 100мл - ручек - телешко месо, златна мешавина (грашок, пченка и морков), праз и маслиново м. и хималајска сол - ужина - јогурт со малини, капини и аронија - вечера - пита со спанаќ - заспивање со млеко околу 200мл и преку ноќта пак давам млеко околу 200мл бидејќи се буди
Јас имам апарат за правење сребрена вода веќе неколку години. На ќерка ми и давам по 30мл дневно концентрат од сребрена вода. Инаку порано си купував од аптека.
Денот го започна со лажица кристален мед,банана и 2 јаболки. Пржено интегрално лепче со јајца од препелица и козјо сирење. За ручек леќа со амарант и зеленчук и салата од зелка и морков. Вечера 2 банани и еден вафел кекс полнет со мед.
Вчерашното мени ни беше малце пообемно, некако апетитот ептен и беше на високо ниво. - појадок - јогурт со овесни снегулки - ужина - 1 банана, 4 зрна аронија и 1/4 јаболко - ужина - сок од мандарина и лимон засладен со мед - заспивање со млеко 200мл - ручек - риба, ориз, златна мешавина, магданос и маслиново масло + хималајска сол - ужина - 2 домашни кифлички со сирење, домат и маслинки 2 - вечера - тестенини со сирење - заспивање со млеко 200мл и преку ноќта уште 300мл млеко Денешното мени: - појадок - интегрален леб со таратор (павлака, рендана краставица и лукче) - ужина - 1/3 банана, 1/2 авокадо, 1/2 круша и мелени лешници - заспивање со млеко 100мл. - ручек - пилешко месо, тиквица, пашканат, зелена пиперка + маслиново масло и хималајска сол - ужина - варен компир, брокула и морков - вечера - палента со кисело млеко - заспивање со млеко
За денеска ова ни е во план -банана,јаболко,аронија,вишни,овес,сушена брусница и маџун -телешко со компир,лук,кромид,домат -јогурт или кисело млеко со палента -нокна каша Измегу чај од нане,вода и мандарина
И нашето денешно мени е испланирано: - појадок - проја со блитва - ужина - сок од калинка, мандарина, лимон + лажичка мед - заспивање со млеко 100мл - ручек - телешко месо, боранија, морков, кромид + маслиново масло и хималајска сол - ужина - печена тиква - вечера - проја со блитва Мамици сакав да се консултирам со вас во врска со цвеклото. Јас речиси секојдневно и давам сок во кој ставам и цвекло, но ме подзамисли мислењето на една пријателка дека цвеклото не треба да се дава толку често. До 12 месеци познато ми е дека се внимава со количината, но немам информација дали истото важи и за поголеми деца (18,5 месеци) . Имате искуство, сознанија, мислење во врска со ова? Инаку давам домашно цвекло и сум сигруна во квалитетот.
Појадок .. Батат, јаболко, маџун, аронија ужинка монте(впарк бевме надвор) Ручек.. Компир,оривче, брокула, морковче, кромитче Ужинка пита со јаболки Вечера млеко со бисквити и урми
-Овесни снегулки,јогурт,банана -мандарина круша,мелени бисквити,маџун -Компир,пилешко,цвекло,брокула,маслиново -Сутлијаш со ц.цимет