Што сè е потребно за новороденче?

Дискусија во 'Бебе' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    Ме интересира од се она што треба да го однесето во болница за после пораѓањето, до се она што е неопходно за дома од пелени, козметика, коритце, топломер (каков), вшмукувач за мрсулчиња :lol: Потоа количка, креветче. Дали се неопходни и транспортер и релаксатор? Дали може да се помине само со едното од нив? Што е она што сте го купиле/добиле а што ви завршило многу работа (на пр. држач или мрежичка за коритцето, за повивање)? Давајте совети искусни мамички :D
     
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.363
    Допаѓања:
    105.425
    Пол:
    Женски
    Еве јас ке пишам што и беше потребно на керка ми :) Во болница неможеш да бидеш сигурна колку ке останеш но еве јас 3 дена бев.
    За во болница понесов 7-8 бодиња ( навистина толку се потребни зашто ке се случи да се измочка/искака , поврати..) , 5-6 бенкици , пелени ( јас земав 2 пакувања пелени ) , влажни марамици , шампонче , крема за тело. За изнесување од болница јас имав едно како корпа од Џамбо ја земав , а релаксаторот неможеш во кола да го ставиш , додека транспортерот ти е за во кола , а и така повекето ги изнесуваат бебињата од болница. Релаксаторот нема да ти треба во болница , во тоа само кога ке имаш некоја работа можеш да го оставиш бебето внатре и да си игра со играчките и максимално ке го искористиш до кај 5-ти месец , бидејки од искуство керка ми од 5 месец се креваше нагоре и потоа целосно се навалуваше со релаксаторот и веке ми беше страв да ја ставам :D
    Инаку јас немав транспортер кога наполни 6 месеца и земав ваков за поголеми деца [​IMG]
    Сега твое е што ке купиш :)
    Инаку за топломер да потребен е ако мислиш за тој во вода има во аптеките јас земав бидејки покажува точно колку е температурата на водата, коритце секако. Сталак за коритото немавме , а имав даска за повивање ама и тоа не го искористив многу , инаку не го купив туку vo sklop со креветчето го имаm
    [​IMG]
    Количка секако ти е потребна да си се шетате со бебето. :) Јас имам ваква
    [​IMG]
    Вшмукувач за мрсулчиња си земав бидејки еднаш ми се разболе детево и навистина помогна прво ставаш солен раствор внатре па потоа вовлекуваш со помош на вшмукувачот.Ова го користиш само ако има многу секрет и не излегува лесно. Еве вакво
    [​IMG]
    Релаксатор имавме ваков
    [​IMG]

    Ако ти е потребно нешто друго прашај слободно ;)
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.351
    Допаѓања:
    200.687
    Пол:
    Женски
    Ако се пораѓаш во приватна клиника, за новороденче таму нема да ти треба ништо, барем така ми кажале. Ако се пораѓаш во државна клиника, болница, сеедно, еве за ГАК конкретно, за малото ќе ти требаат пелени, влажни марамици, витаминска маст и облека за бебето ако немаат нивна.

    За дома - боди бенкици, тетра и шведски пелени, шпилхозни, чорапчиња, капчиња, ќебенце, лигавчиња. За изнесување надвор на шетање, најубаво е скафандерче на ладново, ама зависи кога ќе се пораѓаш.

    Од козметика - колекција по твој избор, најдобро некоја неутрална, непарфимирана и без парабени (за да не лути) - има на Nivea, Corinne De Farme, Mustela, Hipp; Бекутан печат на очи, Беколино не знам какви се. За мачкање најдобро е рибино масло или Јекодерм во првите три месеци, после можеш и друго - ама јас лично мислам дека Јекодермот е најдоброто нешто за кожата. А за црвенило и пеленски осип го препорачувам кремот со цинк оксид на Бекутан.

    Релаксатор - може да ти се најде, а може и не - зависи од бебето. Син ми како малечок преку ден спиеше во релаксаторот, понекогаш и преку ноќ. Тој ти е за по дома.
    Транспортер - добар е кога ќе сакаш да излезеш, возиш, а немаш кому да го оставиш малото - до некои 6 месеци може да ти врши работа. Задолжителен е во повеќето западни земји при изнесување на бебето од болница, но и секогаш кога се возите со малото некаде (има правило како треба да биде поставен и врзан).

    Пумпица или аспиратор за носето, јас лично ти препорачувам аспиратор - пумпицата не е толку ефикасна, ние го имаме овој
    [​IMG]
    многу ни се наоѓа, се' вади од носето.
    Задолжително ќе ти треба физиолошки раствор за носето, 3% хидроген, 70% алкохол за папчето, Дермогал прашок исто за папчето, газички.

    Подлога за пресоблекување - зависи каква е. Имавме со креветчето, ама ниеднаш не ја употребив, го преслекувам малиот на креветот во спалната, бидејќи ми е доволно висок и не морам да се виткам многу.

    Количка секако ќе ви треба, ние ја имаме оваа
    [​IMG]
    без транспортерот, со три позиции, лежечка, полуседечка и седечка - најубаво ти е количката да има такви можности за да не мора да купуваш посебно за кога ќе почне само да седи.

    Топломер - купив само дигитален за мерење на температура - не дека е точен, ама ориентационо ќе знаеш дали малото има температура или не. А топломер за температурата на водата немам, не ми ни треба - одредувам со внатрешната страна од подлактицата дали водата е доволно топла (така правеле и нашите баби :lol: )
    Коритце секако ќе ти треба, можеш да си купиш од оние што се специјално наменети за мало бебе, или пак обично. И обичното ќе ти заврши работа.

    Креветче имаме од тие монтажните, со тркалца, на две нивоа. На првото ниво спие бебето до некаде 6 месеци, па се купува душек за второто ниво. И може да се спакува и секаде да си го носите со вас.

    Слободно прашај ако нешто друго те интересира :)
     
    На strelkata, Natasa. P и LadyC им се допаѓа ова.
  4. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.020
    Допаѓања:
    257.301
    Пол:
    Женски
    Јас неколку месеци пред да се породам исто немав поим што се треба за едно бебенце па побарав од една поискусна пријателка да ми направи список тој изгледаше вака:
    Аптека

    1. купка
    2. јекодерм
    3. павлодерм
    4. Д3 капки
    5. физиолошки раствор Аква Марис
    6. пумпица за нос
    7. топломер (за уво)
    8. гази пакувани по десет (секоја посебно) словенечки
    9. чист алкохол
    10. ножички за ноктиња
    11. четка за коса (не чешле на почеток)
    12. стапчиња за уши (детски)
    13. чај камилица
    14. шише со цуцла (цуцла силиконска соотвор за млеко за новороденче)
    15. пелени за новороденче (2,5 – 5 кг)
    16. влажни марамици (Памперс)
    17. Цуцла лажалка
    18. шприц или лажиче



    За мајката

    1. Улошки со мрежичка
    2. кантарион
    3. прслук за доење
    4. влошки за гради Маргаритки
    5. крема/капки за брадавици


    За бебето

    1. пелени (тетра и шведски)
    2. боди со долги ракави
    3. боди со краки ракави
    4. шпихозни
    5. чорапчиња
    6. хулахопчиња
    7. ѕиври
    8. ракавички
    9. капчиња за дома
    10. ќебиња
    11. јорганче
    12. вреќичка за спиење
    13. постелнина (чаршавче, оградица)
    14. бањарка со капче плик и ракавица
    15. ќебе плик
    16. капче за надвор
    17. Облека за изнесување


    Друго

    1. Креветче
    2. Корито
    3. термометар за во вода
    4. термометар
    5. Даска за пресоблакање
    6. Душек
    7. кутии за чување ствари
    8. корпа за алишта

    Да бидам искрена кога првпат го прочитав половина од работите не знаев што се ни за што служат но тоа брзо поминува. Јас сакав пред да се породам да имам се од ова дома но сепак не купив се, а и реално не се ми требаше.
    Можам топло да го препорачам аспиратотот што го постираше Анатх, пред да ми го донесе маж ми дома јас имав видено само пумпички но овој е супер. За бекутанот незнаев дека печат на очи, јас таа колекција ја користам но ќе размислам за друга при наредното купување.
    А што се однесува до транспортер и релаксатор јас не многу ги користам, транспортерот неколкупати кога беше навистина мала, а сега не сака да лежи во него додека се вози во кола па се убедуваме а релаксаторот ми служи како корпа за оставање на нејзините алиштенца и играчки и него не го сакаме :wasntme:
    Со лесно на породување а ако ти текне уште нешто да прашаш се надевам ќе ти помогнеме.
     
    На Избришан профил 156253, Zibiribi, SunnyGirl2 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.351
    Допаѓања:
    200.687
    Пол:
    Женски
    Само ќе речам, да не се брза со шишињата и цуцлите, исто и со цуцлите лажалки, има време за тоа. Секако, како можев да ги заборавам Д3 капките, ноктарчето, четката за коса и стапчињата за уши... ама се си доаѓа на место, на почетокот, како што вели Божица, немаш поим за повеќе од половината за што служат, ама со тек на време се учиш.

    Божица, лутат Бекутанот, јас сега ги користам за син ми, ама во првите три месеци користев 2во1 купка и шампон на Corinne De Farme. Супер се покажа, а после си менував, и останав на Бекутан. Само за тело пак се вратив на Јекодерм - зимава тој ни е спас за кожата!
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    38.320
    Пол:
    Женски
    Еве и ние се спремаме за доагање на нашиот нов член на фамилијата . :D :D
    Јас добив лист од болница што ми е потребно да си понесам со мене За мене и бебето
    За мене во болница потребни ми се следнове работи
    Мајчината книшка . деzедоранс без парфем , памучни блузи , тренерка . торба со средства за лична хигиена . бањарка , Градници за доење ..

    за изнесување на бебето од болница
    Боди , јакничка , чорапчиња (хулахопки) , капче, шпилхозни, блузички итн

    За дома исто така имаме спремено детска соба , со креветче, комода за пресоблекување , шкафче за облека . За надвор имаме количка со транспортер... За дома немаме релаксатор а и незнам дали да купиме :?: дали ке ни треба

    Значи се ни е спремно Само се чека на бебето да ни пристигне :D :D :D :D
     
    На okcenzi и girl1985 им се допаѓа ова.
  7. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    Супер совети, фала ви на сите. Само малку ме замисливте со транспортерот и релаксаторот. Гледам дека ако воопште сте ги користеле тоа било само за неколку месеци. Мислите ли дека се неопходни за купување или може да се помине без нив или барем со едното. Кое од нив е понеопходно? За да не се купува нешто што за 3 месеца после ќе го шуткам по дома и ќе ми фаќа простор :rock:
     
  8. Milla9479

    Milla9479 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    и двете се со различна намена јас и транспортерот и релаксаторот ги искористив максимално (релаксаторот уште го користам) но бидејќи ни се погоди нас да мораме да одиме секоја недела во скопје па го користев транспортерот а инаку транспортерот и не е толку прктичен стави го па врзувај го со каиши оно кутрото коси кубе од што нејќе да седи во него а тој па транспортерот тежок олово + бебето во него сама не ќе можеш да го носиш така да мислам дека транспортерот во некој случаеви е премногу и баш и не е потребен ако имаш твоја кола и возиш да топло ти го препорачувам ама ако не немаш потреба од него а релаксаторот господ да го поживи тој што го измилил имам ист како на blond на fisher price мераци стави го во релаксаторот и терај ни да се грижиш дали ќе падне ни ништо а и некогаш знае да заспие во него па има опција како креветче да се прави без да се ниша па и го оставам да си поспие таму така да твое е да си одлучиш инаку и двете работи не се нешто скапи транспортерот го земав 3 200 а релаксаторот 3000 :)
     
  9. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    Во Енци Менци видов дека има едни како платнени торби носилки. Е сега може не се анатомски ама барем се полесни за носење (со оглед на тоа дека Милла9479 кажува дека транспортерите се тешки ко олово). Има некој искуство со нив?
     
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    38.320
    Пол:
    Женски
    Да навистина се тешки . плус и бебето внатре :o Ама па затоа се неопходни за во автомобил .
    Незнам како на друг наЧин..... Законот овде налага децата до 12 години да имаат детско седиште во автомобил. При незгода бебето е сигурно заштитено . Пример ако сум сама со бебето , а возам автомобил како ке ставам бебето :^) Не ми е сигурно во раце на некој да седи :?: Вака сигурно си е во транспортерот . Ние си купивме посебен дел за автомобилот со кое нема потреба од врзување со каиши .
    Бебето е сигурно во него . Плус нашата колиЧка се прилагодува и транспортерот се става во неа . :rofl:
    Искрено ти препораЧувам транспортер да си набавиш јес да е скап ама па е неопходен .
     
  11. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Платнена корпа ќе ја користиш само за излегување од болница и после за вакцина и толку ,а ќе ја купиш минимум 1000 денари, а работите да бидат анатомски е многу важно!!! Јас би ти препорачала прво да си купиш транспортер со кој и од болница ке го извадиш и тоа барај на Бертони тие се многу лесни ,а можеш да го користиш до 8-9 месеци(син ми до толку го сакаше).Јас имам и релаксатор ама еве ни син ми ни ќерка ми не го сакаат и само прашина фаќа во дневна (ќерка ми во него издржува едвај 10 минути),а во транспортерот седи и до пола саат (може е смешно ова со времево ама 20 минути + многу значат :D ). Мој совет е да почекаш за релаксатор и да видиш и процениш дали ќе ти треба зошто ако ти е мирно бебето и само количка и транспортер ќе ти бидат доволни или пак ако многу ги сакаш и двете работи кажи им на најблиските да не ти купуваат ништо за повојници ,нека ти дадат пари (од тројца по 1000 денари и оп релаксатор ). Или пак види по роднини/пријатели може некој има едно од овие да ти даде на користење затоа што се работи само за некој месец употреба
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    мамички мислам дека е време да почнам да се подготвувам за доаѓањето на сонцето па ке ве замолам да ми кажете што се ке ми биде потребно за мене и за бебенцето .. што препорачувате да се купи а што не .. :) фала однапред :)
     
  13. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    Јас би ти препорачала да не слушаш совети дека не треба да купуваш многу облека затоа што демек „ќе ти донесат“. Ако не пуштате да ви доаѓаат секакви гости првите 40 дена, па и нема да добиете многу подароци. Затоа купи си доволно бодиња, шпикозни, затоа што се случува дневно да менуваме по 3-4. Кои ги повратило бебето, кои се извалкале затоа што пропуштила пеленката и сл. Само би ти препорачала да земеш малку поголемки, затоа што брзо ќе ги порасне, па да можете да ги носите и понатаму (а и поубаво да му бидат малку покомотни).
    Ние купивме и транспортер (што го искористивме само за излегување од болница, сега за сега) и релаксатор, што исто малку го користиме. Можеби понатака повеќе ќе ги користиме, не знам.
    За во болница и не ти требаат многу работи, спреми си ги само потребните документи (книшка, упат, потврда за крвна група), земи си средства за хигиена за тебе и евентуално нешто за занимација додека спие бебето (списанија, книга), а за бебето ти требаат само влажни марамчиња и пеленки. Облеката што ќе ја носите и ти и бебето на излегување ќе ти ја донесат твоите тој ден. Ако имаш други прашања, повели додека ми е уште свежо памтењето :lol:

    И да, СО ЛЕСНО! :D
     
    На okcenzi, PParaskeva и Unique.chick им се допаѓа ова.
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Да ви кажам среќа што си купивме со свекрвата и мајками некои работи за бебето, и имав нешто од братучетками од нејзината ќерка, а она што велат не купувај ќе добиеш, ДА ќе добиеш но поголемо за едно 10 броја :^) Не знам зошто скоро сите, кога одат на повојница носат облека за 2,3,4 години, па до тогаш јас ќе заборавам на тие алишта?! ајде не мора да е ептен таман, ама доволно е број до два поголемо, а не наместо 74 пример, број 100 и кусур ко за после пар години, нема логика по мене. Јас едино што добив таман работи од кумовите, кои ми ги дадоа и пред 40 дена и на некои слатко се изнаносевме! Исто сега и за крштевка кога и правевме, ја даруваа со алишта кои баш летово ќе ги износи, евентуално следното лето, што е супер според мене. Повеќето други и дадоа пак поголеми алишта!

    Инаку за прашањето што се треба? хм, па, одприлика вака изгледаше мојата листа: памперс пелени (по ваш избор, најмало бројче), влажни марамчиња, тетра пелени + шведски пелени (за широк повој ако ставате), а тетра пелените ќе ги користите за секакви можни работи за под главче и слично. Потоа, 6-7 бодиња сега како што е лето некое без ракав, некое по кратки, некое по долги. Многу се практични за бебе боди-бенкиците, јас имав едно и ми беше ептен по ќеиф. Потоа, бенкички на преклоп, зиврички, чорапчиња, некој пар најмали хулахопки ако се случи да залади, за лигавки е рано, капчиња бебешки две три за после бањање и ако надвор има силно сонце или дува. Потоа, крпа-бањарка, сапун бебешки (од се срце го препорачувам Мерима детскиот сапун), јекодерм маст за мачкање, бебешка четка за косичето, пумпица за мрсули која е практична ако детето ја прифати, алкохол и гази за папочето, откога ќе отпадне пак дермогал мислам беше прашочето за папоче потоа хм... крема за газето, најдобра мислам кај нас е витаминската маст на Бекутан, многу е практично ако имате можност да си купите подлога за пресоблекување која ќе седи на висока комода или пак комода која оди заедно со таква подлога. Не знаете колкава услуга ќе му направите на вашиот грб и кичмата! Може некои работи пропуштив, надополнетеме, а инаку јас се породив во Чаир и се што ми требаше се памперс пелени и крема за газето за бебето, друго се е нивно. За излегување дополнително вашите ќе ви го донесато комплетчето за изнесување од болница, да си го дотерате цуцето. Исто и кадичка за бањање треба, најпрактични се анатомските кои кога детето малку ќе пркне си го легнуваш и си уживате заедно. Ние и релаксатор користиме од старт, ептен ме одменува, сега и ручкаме во него. Горе доле, тоа е, ако има некој нешто да не консултира прашувајте :)
     
    На okcenzi, Unique.chick и gerdanche им се допаѓа ова.
  15. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    И јас ставам тетра пелена за под главчето, затоа што до 1 год. не се препорачува перница, а практична е за менување откако ќе поврати бебето, да не мора нон стоп да ја менувате постелнината. Јас би додала како потреба и моч пелена, за додека го пресоблекувате бебето да не ви се измочка/искака изненадно, па да ја извалкате површината. Освен тоа ќе ви требаат и капки Вигантол (витамин Д3), ама тоа ќе ви го препорачаат од болница. На почетокот можно е доколку доите да ви се прават рани на брадавиците, па препорачувам да пrобате со силиконски брадавички (ги има во аптека), ако ги прифати бебето или да се мачкате со маст Ланолин (има еден на Галафарм Mum Care)
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Мислам дека транспортерот и релаксаторот не се неопходни, ако можете да најдете од некои пријатели/роднини да позајмите супер ке биде. Ние за првото купивме количка со транспортер (среќа поефтина беше инаку и денес ке ми беше криво) а релаксатор добивме, и количката ја употребував 6/7 месеци, транспортерот 3 месеци, а релаксаторот некаде од 3тиот до 5/6 месец / не сакаше да седи многу во него. е сега работи што многу ги искористивме се облека - бенкици, бодиња маички и сл = ама овие работи ке ги добивате така што главно е да имате за старт доволно. А кога би се прашувала за транспортер/релаксатор - подобро да земете од оние на врата што се ставааат џампери - на кој што ке ојачааа детето за одење и рисот на ногата ќе му се развие а и ќе ви ја олесни работата пошто тоа време се најтешки децата.
     
    На ***cute*** и koritsaki им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.351
    Допаѓања:
    200.687
    Пол:
    Женски
    Труднички муабети


    Прашокот се вика Дермогал, мислам дека го прави Галафарм, и би требало да го има во секоја аптека, јас баш од Зегин го купив. Мислам дека и прашок Бивацин ќе ти врши работа ако не најдеш Дермогал.
     
  18. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Труднички муабети

    Кога се роди мојата малечка (9месеци) ми рекоа да не ставам никаков прашок на папочето ,туку само да го забришувам со алкохол после бањање.Ова ми го кажаа во болница,а истото ми го рече и патронажната и ми рече дека сега поинаку ги врзувале и дека побрзо се сушат и паѓаат . И стварно папочето и падна на 4тиот ден.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Труднички муабети

    значи да почекам , да не зимам никакво прашоче, па ако треба ќе се земе. Ууу ова е супер, 4дена :o тоа е навистина брзо :)
     
  20. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    И јас не ставав прашоче ни падна исто за 4 дена, само редовна хигиена со алкохол.. Одпосле откога падна ми препорачаа прашаче, ставав само неколку дена. Немавме никаков проблем се мина супер.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.