Здраво! За некаде месец ипол треба да се породам. А уште немам ништо земено( освен количка и креветче и некое боди) Сакам да ми помогнете, да ми дадете идеја што дополнително ми треба, за да се спремам полека , онлајн да порачувам. Фала многу
Мој предлог е да ја читкаш темава барем од 50-та страна па до крај, многу корисни совети има и искуства што пишувале жениве тука. Јас си зедов ливче и пенкало, па како наидував на мислења со совети, така си запишував. Испадна поголем список, па си го поделив на 3 помали: 1. од аптека, козметика и сл., 2. крупни работи на пр. како работи за во соба, количка и сл. и 3. облека, постелнина, тетри и сл. Како купував, така чкртав работи од списокот. Ем забавно ми беше да читам, ем си се занимавав, па убаво ми беше кога чкртав тоа што сум си купила. Тамам сега со ситуацијава ќе се занимаваш и нема да мислиш, со читање за работи за бебенцето ќе си го лажеш мозокот.
И јас имам направено едно списоче, како помина времево сега се на крај онлајн треба да купувам Сега забележувам дека немам на список стерилизатор и греач за шишенца, дали се потребни уште од самиот почеток?
Ние сме на доење,немаме потреба од греач. Некогаш кога пие одмолзено млеко,а стоело во фрижидер го ставам шишето во топла вода и за 2мин се загрева
На страна тоа што ми е без врска ова со уроциве, језиво ми изгледа онака покриено, како да нема воздух бебето внатре. Никогаш не би ставила вакво.
Сум ги гледала низ град транспортери целосно прекриени... Малце дувнало ветре и се поткренала пелената и брзо брзо трча свекрвата од страна да го покрие, ако го видат бебето да не го фатат уроци Или пак можеби ги користат оние што имаат уплав и фобија од микроби
Јас си го направив списокот како што кажа @0ли , ја читав темата и запишував. После некое време некои работи отпаднаа и сметав дека не ми се потребни, па излегоа нови некои на кои не сум мислела и така сега денес ќе го комплетирам списокот и ќе започнам со помасовно купување. Немам уште многу време, а голем дел од работите можам и онлајн да ги купам. До сега имам купено малку облека, транспортно креветче и душек за дрвено креветче. Од ситници имам земено шишенца,лажалки, аспиратор за нос,и не ми текнува сега што друго. А добро е што периодов има попусти во Локо Кроко и Енци менци.
Oва не е ништo вo спoредба сo тoа штo jас гo видoв вo парк. Вo тoплите денoви кoга беше 20 степени на релаксатoрoт му имаше ставенo кабаница за дoжд и така гo шеташе.
Мене ме фана страв од коронава затоа ми беше прашањето, кога го видов одма на корона ми текна за да го заштитам инаку и јас не би ставила .
Ајде да го напишам моето списоче сега сум послободна. Од облека не знам ни јас што се би требало но ќе напишам што планирам да земам. -бодиња на кратки ракав околу 10 -бодиња на долг ракав 3-4 доволни би биле -чорапчиња доволно би биле 10-15 потенки -чевличиња не може да носи толку мало бебе па постојат едни како чорапчиња што изгледаат баш како чевли, од тие може да имаме по 3-4 пара -блуза на раскопчување мислам дека се вика она што сакам да го ставам одозгора кога ќе биде поладно или тенко памучно џемперче ( такви доволно би биле 3-4) -блузички на кратко ракавче би ни требале 5-6 за почеток -панталончиња исто 5-6 пара -лигавчиња 2-3 може да си имаме -шпихозни може 4-5 да имаме чисто онака за спиење или за низ дома -пижамки не би ни требале за почеток но ако сакаме може 1-2 пара -капчиња 2-3 доволни се -ракавички исто 2-3 пара -тетра пелени 15-20 -ќебенца не би ни требале во лето, но може некое потенко да се земе и доволни се 2 -пешкирчиња 4 би биле доволни Од бебешка козметика уште немам одлучено кој бренд но можно е хип или чико. -купка -шампон -сапунче -спрејче или рол он против комарци -крема или спреј за заштита од сонце -лосион за тело -крема за лице -крема со цинк -павловичева -пелени едно пакување за проба дали одговараат -чешелче -ноктарка и ножички -стапчиња за уши -марамици со 99% вода или пак суви крпчиња од ДМ за бришење Убаво е да се има едно пакување адаптирано млеко и капки за грчеви кои ќе ги препорача доктор. Од другите работи ми беше најинтересно -стерилизатор -грејач за шише ( ова не знам дали ќе го земам може да остане и за подоцна) -2 шишенца (земав Чико и Авент) -лажалки 2 доста се, можно е да не ги сака -кадичка за бањање -сталажа за кадичка (не е неопходно, но позгодно е така да не се наведнуваме) подлога за пресоблекување може да е доволно 1, може и 2 да се земе -кутија за цуцла лажалка -торба за неопходните работи -креветче и душек -транспортно креветче -количка со транспортер и корпа -3 до 4 постелнини за креветче -аспиратор за нос -термометар -силиконско лажиче (земав на бејби нова, многу се интересни) -прекривка за количка како мрежа за заштита од комарци. -перниче за бебе, не знам како да ја објаснам, во форма на круг е некако со дупка за главата, на Кikka Boo имав видено во некој беби шоп. Сигурно нешто заборавив, ама тоа е мислам најважно. За нас мајките имам помал список. -влошки за гради -гаќи за 1 употреба -градници за доење -чај за доилки -пумпа за одмолзување -масло за брадавици