Гледам си пишала количка со транспортер и корпа. Не сум многу упатена во овие работи па ако може да ни каже некоја искусна мамичка дали се потребни и двете работи ?! Мислам за транспортерот знам дека е потребен, ама за корпата не ми е јасно. Ке треба ли корпата ???
Јас зедов едно стаклено, беше во ДМ на акција минатиот месец на Chicco, лично сметам дека стаклото е подобро за одржување, за разлика од пластиката која после подолга употреба прима мирис. Од 240мл е моето
Да се надоврзам на муабетот, јас планирав да земам едно пластично и едно стаклено. Секако дека стаклено е подобро и така планирам додека е помало бебето (додека јас ќе му го држам шишето), а за после здравје пластично да му биде полесно само кога ќе го држи (отидов една година напред ). Золвата ми купила стерилизатор од Авент и во пакетот иделе 5 шишенца и 4 цуцли, сите се пластични што ми одговара за старт и нема да купувам ништо од тоа засега. Вака изгледаат како на сликата, ми се свиѓа што цуцлите на шишињата се широки како градите, не знам дали ме сфативте. Мислам дека полесно ќе ги прифати. Мада планирам да дојам така да, којзнае кога ќе почнам да ги употребувам.
Јас земав 2 стаклени. Едното Чико е поголемко, другото е Авент помало. Сите велат дека Авент полесно ги прифаќаат бебињата, мислам дека нема да имаш проблем.
Ако се мисли на онаа корпата голема што е, кај што може и на гости пример да спие јас мислев дека таа најмногу се користи. Тие што ги гледав баш беа меки и убави.
Брзо ја растат, тоа ми е муабетот, а и од тука муабети имаше дека и бебето не ја прифаќа секогаш. Две во едно што се, тој дел се спушта и се прави исто како корпа, потоа како расте се исправа за седење.
Подметачи за менување пелени имаш заборавано...За нас неопходно исто како пелените бидејќи знаеме да мочкаме и да какаме откако ќе ја тргнам пелената
Го средував списокот за бебе, гледам имам купено број 56, 62 и 68. Дали се овие бројки на почеток што ќе ми требаат? Да не ми треба нешто помало/поголемо? Или некоја измеѓу бројка да не имам утнато?
Фала, јас немам ништо 52, ќе треба да земам. А гледам некаде има броеви 0-3 или 3-6, тие кое бројче би му дошле?
Здраво иднимамички.. Некоја што ќе раѓа јуни јули да кажи какви алишта би биле потребни незнсм што да му купам а со оглед на ситусцијава да споделите и некоја страна преку интернет.