Здраво, мојот термин ми е почетокот на јуни од алишта имам купено речиси све. На почетокот купував од ваикики и имам 4 бодиња на кратки и 4 шпикозни со долги 52-56. Откако го затворија ваикики мислев дека тие ми се малу за почеток и порачав од интернет ТиниБејбиШоп уште 7 бодиња на кратки и 3 шпикозни на долги исто 52-56. Потоа исто од инстаграм страна Бебетто, порачав уште 2 комплети за болница, едниот беше поскап и има шпикозна и плус уште еден комплет со пантолончиња. А во поефтиниот нема комплет со пантолончиња. Од ваикики зедов и 3 пара како пижамчиња одделно, тие ми се 62ки. И тритекс зедов 3 шпикозни 62 без ногавици.
Мене терминот ми е крај на мај/ почеток на јуни. Од облека имај повеќе бодиња на краток ракав, неколку само на долг ракав, но гледај потенки да се. Чорапчиња гледај тенки, не земај хулахопки и панталонки што се со целосна ногавица како чорап, јас земав такви по грешка ама мислам нема да се износат. Шпихозни не земај многу, 3-4 земи ама тенок материјал. Во тритекс видов секакви имаше, ама дебели ми се чинеа како фротирка. Почекај пролетна и летна колекција. Бодиња без ракави имам земено 2-3 ама мислам попрактични се со кратко ракавче ако е жешко да не мора блуза одозгора.
Да, зависи од фирмата и материјалот некои се поголемки некои помалечки. Тие од тритекс што ги имам јас се баш за во лето ептен се тенки и без ногавици.
Тоа бројките се должина на шпикозните т.е на бебето, не купувајте многу мали оти одма ги одрастуваат, моево се роди 54см така да уште од почеток 52ка не му чинеа, едно рало шпикозни воопшто не му ги облеков. Среќа немав купено точку мали, 56ка имав неколку и тие до кај месец, месец и пол му чинеа, одма на 62ка се префрливме. Хулахопки не никако, -20 беше лани јас воопшто хулахопки не му ставив, ова за дома зборувам, надвор не ни одевме зима беше декември е роден Тенки чорапчиња да и боди со долги не во мај, јуни
Јас немам ништо 52. Кога ги гледав во тритекс ми се чинеа минијатурни. 56 земав и пак малечки ми изгледаат..
Не знам дали ја има темава негде, доколку ја има препратете ме Од кој месец почнавте да купувате работи за бебушка?
Од 3ти месец почнав Купивме гнездо и постелнина. Сега релаксатор нарачав, го чекам деновиве. Облека ко ќе ни потврдат пол ќе почнам. И за првото така правевме. Количката од 3 месец ја земавме. Според мене поарно е секој месец по малку да се зема нешто. Инаку од денес почнувам 17 недела. Читсв дека веќе ќе почнам да го осеќам, па не знам дали ради тоа, или вистина осеќам благи пецкања
Сакам да нарачам од Tiny baby shop шпикозни, од 0 до 3 големина таман ли ќе бидат за почеток? нарачувате ли сега со вонреднава ситуација? мене ми е страв дури да нарачам од нет
Таман ќе се до 3м. Порачувај си. Подигам пратката со нараквици и ја прскам со раствор за дезинфекција.
Женски здраво ,незнам има ли ваква тема па ајде ќе прашам тука Ме интересира за почеток од 0+ месеци дали за бебињата планирате ли играчки некои и какви хаха стварно немам појма
Јас сум од помало место и тука важи законот На не роден Петко капа не се крои. Од една страна океј се сложувам а од друга не можам да се воздржам ќ, само скролам по страниве со бебешко. Инаку да постои голема шанса да го осеќаш. Јас сум со 1ва бременост и почнав од 17 недела да го осеќам мажево мое. Најубаво нештоо
Да ви кажам, порачав некои работи од една страна online А&M Collection, треба да ми ги достават работите. Кебенце - 650 , Комплетче едно -500 Тетра пелени (10)- 600 Мислам дека цениве се океј, во споредба што гледав на др место. Така да кога ке стигнат ке ви сликам и ке споделам искуство со квалитетот.
Јас ја облеков во боди на кратки ракави и доле панталончиња до колено. Многу тенки чорапчиња ради сандалчињата. Без капа. Беше 40 степени, мм ја ладеше колата со клима, за да дојде до некоја нормална температура и пак беше жешко.
Колку парчиња боди и шпикозни ми требаат? Немам ич претстава. Прво мислев да имам по 10 од 56 и од 62 од се. Да не е многу/малку?