Не давај пари за резервни инки и шишенца за пумпа за одмолзување. Нема потреба. Витамини нема посебни за доилки, можеш да ги пиеш истите што ги пиеш сега додека си трудна. За папочето само алхохол и хидроген ти треба и гази. Средство за дамки не ти треба уште сега
Точно дека не се ставаат перници,играчки заради опасност од задушување. Некои тврдат и дека не се става оградица за да има проток на воздух во креветчето,јас кај мене сметам дека е доволна предната страна што е откриена за да има воздух. Оградиците ми се со врвки,,врзани во чвор така што нема шанси да му падне врз него. Со ќебе го покривам до под мишки,го притискам од страните ќебето,ама тоа трае некој саат ,прета со нозете и 3-4пати во текот на ноќта го наоѓам скроз откриен па го покривам. До сега не ми се случило да го повлече нагоре ќебето (6+м е). Тоа зависи и од детето колку мирно/немирно спие.
Мислам дека е паметнo какo штo вели @Sofi.ja да се земе Банеoцин на пoчетoк не кoристев ми велеа не треба и мнoгу спoрo и паѓаше пупачетo дури и се раскрвари. Пoтoа друга дoктoрка ми кажа да купам за два дена и се среди.
Исто и кај мојот син. Ставав само алкохол, и мислам дека недела дена имаше сукрвица. Ставав банеоцин по бањање и за 2 дена се исуши целосно. @Fallen.Angel непропустливо чаршавче не ти треба. Ке го поти без потреба, а кожата треба да дише. Чај за новороденче не ти треба, најновите препораки се ексклузивно доење до 6 месеци. Појас исто не, прво породи се па тогаш ке прашаш доктор дали смееш и кога. Дамки на облеката нема да има пред да почнеш со дохрана. Доволно е течен прашок (персил, ариел или фрош) и на 60 и пеглање или во сушара. Термофор не мора, грчеви со ништо не се смируваат, за жал.
@PurpleMind ништо немам во креветчето,само чаршав со ластик. Општо правило а и за заштита од sids е дека не смее да има додатоци и тракатанци низ креветчето,што попразно и да циркулира воздух. Мојата е две недели,спие во спална со нас на помошно,имам на Chicco Next to me,засега е супер практично.Во нејзината соба има дрвено класично,ја ставам чат пат преку ден.Ја покривам со плетено памучно ќебенце.Имам и вреќа но ептен е непрактично ставањето во неа за навечер.
Во врска со списоците за алишта, јас кога купував, се водев по оние што ги најдов тука. Голем дел од алиштата ги купив јас, ама и мајка ми и свекрва ми купуваа постојано. Имав буквално се ама најискористени ми беа шпихозните. Од искуство, сега би купила 6 пара шпихозни величина 3-6 месеци, исто толку и боди со кратки. Уште 6 шпихознини боди со кратки 6-9 и за првите два месеци сте покриени. 10 тетра пелени за да постелете на кревет, да ставите на рака кога цица, па и за покривање кога е жешко. Сето останато од облека е океј ама не и неопходно. За квалитет, од george се покажаа како најнајквалитетни а имаат супер цена (порачувам од tiny baby shop).
Каков топломер зедовте? И каква кадичка? -За кадичка се мислам онаква обична, без постоље. Не ми се фрлаат пари за глупости.
Мене ми е во план да ја нарачам оваа. Има вграден термометар и одвод, плус гумиран дел. Малце е поскапа ама мислам дека вреди за парите https://bebesupermarket.mk/product/Ok-baby-ONDA-Evolution-bath-tube-Iqjon
Јас ја имам истава за првото дете ја земав. Убава е да само мана е што кога ќе почне бебе да седи стабилно, ќе му смета делот што е подигнат за лежење. Кога почна да седи купив обична.
Во Енци Менци има за 600 ден со идентификатор за температура и одвод само не е таква за да си легне бебето ама имаш додаток за 200-300ден. Плус за 1500 имаш и постоље. Мислам дека ова е доста поскапа варијанта на сликата. Само мислење
Со обичен термометар мерам температура. Кадата со постоље воопшто не е "глупости". Ако ја имаш,кичмата ќе ти биде благодарна.
А Бивацин нели имаше нешто такво за папоче? Читам доста мајки се спремаат за папочето, носето (некој раствор, пумпица) итн. јас одлучив да не купувам ништо од тоа, да видам лекар што ќе каже кога ќе се породам (претпоставувам педијатар ќе ми каже што да правам во болница) и тогаш ќе купам што треба. Ваљда ќе дојдам тука по помош, па ќе кажете
https://www.encimenci.com.mk/kadichka-100-sm-mechi-a-so-pri-ateli-tirkiz-maltex-537539 Јас ја купив баш оваа боја, имаат избор за бои само мојата е со одвод и беше 600ден. Сега гледам тие со одвод се 700. Таму на страната во Додатоци за бања можеш да го најдеш тој додатокот за да седне/легне бебето. https://www.encimenci.com.mk/drzhach-za-kadichka-100sm-maltex-163660 Еве го и држачот, јас кога го купив беше околу 1600,сега е намален.
Паметно. И јас немав ништо земено. За нос па аспиратор земав сега скоро кога имав потреба. Иначе банеоцин е бивацин мислам истото прашоче, може грешам.