Прашокот е ист или сличен. Јас купив аспиратор и капки но ниту еднаш не ги употребив. Купувајте откако ќе се породите,т.е тато ќе купи,мама сега нека собира само информации
Термометар имам од обичните дигитални, но зедов и од Микролајф бесконтактен. А кадичка од Енци менци модел како таа @Jana06 што ја стави и сталак со неа, а и додаток анатомски зедов.
И термометарот исти го купив. Не планирав, ќе чекав прво да се породам ама мојот феномен дома (маж ми) не може да измери температура ни со живин, ни галиумски термометар А беше болен и од страв од корона го купивме. Раат, преедноставно. Секако шубе ми беше во газе да му мерам на детето ако евентуално имаме потреба. Мислам дека и за водата за бањање можам да го користам. Кога сум кај тоа, на која температура треба да биде водата, а на која собата кога ќе го бањам?
Јас пуштам клима на 28, а водата на околу 37-38. Ке измериш неколку пати и со тек на време ке се испраксираш на рака. Држачот е спас за кичмата. Ден денес го користам, истиот од енци менци го имам, а кадичка без одвод купив.
И јас имам прашање за температурата во просторијата каде што ќе се капе и за просторијата во којашто ќе спие. Ако го капете пред спиење во топло на 28 степени, после капење во собата каде што спие колку треба да е температурата? Не е многу 28 степени?
Да не ве збунам, на 28 ставам 10 ми пред бањање, а кога ке го облечам во пижами намалувам на 24. Спиеме во друга соба, а таму температурата е околу 20 степени. После бањање саат два седиме во потоплата соба, а кога ке заспие во спална.
Јас еднаш се на 60 исправ, катастрофа станаа избелеа цели. На 40 перам јас претежно. Бебе еден ден носи се. Каки плакнам пред да ставам во машина.
Можно е да бил и поскап, не се сеќавам бидејќи купував и други работи. Еве @Jana06 можеби ќе се сети колку е. Едит. Ете, одговорила
какви се тие суви марамици за топење во вода и бришење на газето на бебе? јас сум зела суви хартиени по грешка - незнам за што би ми користеле овие?
Како што знам овде читав со туфери го бришат газето. Како оние памукчињана округли за чистење лице што се, само има во дм подолгнавести за бебе. Овие не знам за бебе за што би ги искористила, јас вакви хартиени за мене си купувам, за све и свашта ми се наоѓаат.
Со вакви го бишев кога почнав со цврста храна на лице, да не се разбериме погрешно иначе од почеток Виолета влажни 99% вода за газе, супер се, после влажни обавезно поминувам со суво памучно крпче и пудра во прав ставам од 2 месеци сеуште вака терам скоро 17 месеци.