Што сè е потребно за новороденче?

Дискусија во 'Бебе' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.884
    Завршив со купувањето облека. Конечно мислам ми олесни. Сега уште од аптека да се опремам и готово.
    Инаку читав во други теми многу членки имаат порачано од baby shopp што е онлајн продавницата. Може ли да ми кажете какви се алиштата? Порачав сет за новороденче 0-3 месеци и едно комплетче 3-6 месеци. Вака од слика немам претстава колкави се. Тие 0-3 ме плаши да не бидат од тие ептен малите. Кога купував од бутици имаше 0-3 многу мали и малку поголемки се беше различно, од различни производители и затоа се ориентирав визуелно како ми изгледаат, ако беа премали не ги земав, а сега овие на невидено не знам искрено колкави ќе бидат, другата недела ќе стигнат.

    Не сакам да купувам многу големи за да не му бидат како торби, иако докторот вели големо бебе ќе биде ова, сепак е бебе и откако ќе се роди требаат малечки работи, не можам одма да го облекувам во тие за 6 месечни бебиња.

    Купив буквално секакви, за секој случај имам 2 комплетчиња онака помали, другото гледав да е средно. Некои 0-3 беа премали, некои ми изгледаа поголемки кога споредував.
     
    На eta, Филотеа, Joki99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.453
    Пол:
    Женски
    Какви и колку пелени земавте за почеток?
     
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.820
    Допаѓања:
    18.639
    Пол:
    Женски
    Памперс или тетра?
     
  4. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.453
    Пол:
    Женски
    Памперс тие за една употреба што се:D
     
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.820
    Допаѓања:
    18.639
    Пол:
    Женски
    Најскапи а и најдобри се памперс премиум кеар. Добри се и бејби лов и пуфис. Тие ги имам пробано.
    Земи 2 пакувања број 1 за почеток. Брзо се преминува на 2ка, ке видиш сама.
     
    На Kate Rina 93, Thallia, eta и 5 други им се допаѓа ова.
  6. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.606
    Дремам на темава со денови, читам од почеток. Нешто друго ме интересира, некои веќе спомнале, ама онака успат, а можеби веќе има таква тема, упатете ме ако е така... Убаво сте си пишале кои работи се потребни за новороденче, дали некој има желба да ми направи список на работи кои веќе ги купиле за бебето и поради некоја причина се покајале за тоа?
     
  7. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.538
    Пол:
    Женски
    Зедов две пакувања Памперс премиум број 1 и едно Бејбилав број 2. Па ќе видам со кои ќе продолжам.
     
    На eta и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  8. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    7.448
    Пол:
    Женски
    Се ти зависи од бебето и неговите преференции. Мојов не сака во релаксатор, сега не сака во креветче, не сака во транспортер. Гнездо земавме, екстремно брзо го надрасна.. Некои цуцли, шишиња не користат.. Многу работи може да испаднат непотребни, не знаеш додека не ги пробаш со бебе.
     
    На The Unicorn, Thallia, MinnieM и 3 други им се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.820
    Допаѓања:
    18.639
    Пол:
    Женски
    Најголема глупост е тоа што купив термометар. Купив и бесконтактен топломер на микролајф кој мери и собна температура и температура на предмети. А и секако првите три месеци мајка и свекрва го бањаа пошто мене ми беше страв. Они не мереа, со рака проверуваа дали е добро. Не е скапо, 150 денари некаде ама скроз непотребно.
    Гнездо не купив ама не ми ни притреба. Скапо е, брзо го надраснува и нема никава намена. Уште ако го бљуцне, кај ке го переш на секое.
    Релаксаторот не го искористив многу. Приметив дека и евтините и скапите ја вршат истата работа.
    Шишиња имав на чико и авент, само авент ги фати, чико не.
    Цуцли не користев многу, не ги сакаше баш баш.
    Ако ми текне уште нешто ке ти пишам.
     
    На Broken♡, eta, Thallia и 2 други им се допаѓа ова.
  10. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.825
    Допаѓања:
    94.870
    Пол:
    Женски
    @PurpleMind јас купив свашта,ама излезе дека ми треба само цицка и здрав разум:rofl:
    Шала.Неполн месец ми е беба,немам баш искуство за да тврдам,ама за сега стварно не користам бебе опрема оти е мала и и и’ требам само јас.
    Цуцли неќе,шише не ми треба сега за сега,соба опремивме целосно бебешка од мерак,а ја користам само масата за пресоблекување и чат пат дење пресопива во креветчето.
    Релаксатор нема да купувам,сакам од два месеца да ја ставам на под директно,на бебешка подлога и нека јача мускулатура.
    Алишта ако немаш искуство со бебе,гледај да се на преклоп,облекувањето преку глава знае да те препоти на почеток.
    Ако не се лажам ти си во Германија.
    Побарај ја на You Tube Laila Maria Witt.Типката има видеа за секоја проблематика поврзана со Бременост/Породување/Бебе,а се и’ е едноставно срочено.Мене многу ми користеа нејзините совети особено минималистичкиот пристап.
     
    На thelittle17, firequeenn, lackygirl и 5 други им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.820
    Допаѓања:
    18.639
    Пол:
    Женски
    Мене пак сеедно ми беше какви алишта треба да облекувам, немав страв за пресоблекување. Затоа ме беше страв да го бањам и ги терав бабите да доаѓаат три месеци.
    Ама во право си дека на преклоп е најлесно, плус така и маж ти ке може да менува пелени и да го пресоблекува. Првите неколку недели го пресоблекував само јас, а после и маж ми почна стандард.
    Од досегашно искуство, за бебе до 3 месеци шпихозни се најпрактична работа.
    Релаксатор над 3 месеци или кога ке почне да ја држи самостојно главата. До тогаш на под.
     
    На thelittle17, eta и dunika им се допаѓа ова.
  12. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.606
    Слушам совети и од Јутуб и од вас овде, заклучив едно нешто за алиштата, дека највеќе ми требаат оние едноделни пижами на почеток, па тоа и мислам да го земам највеќе. Подлога за на под дефинитивно ќе ми треба!
    Не сум во Германија, во Шведска сум. Следам некои други Јутуберки и вас овде. Вие некако попрактични сте ми од западњациве. <3
     
    На Macenka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.825
    Допаѓања:
    94.870
    Пол:
    Женски
    Точно,најпрактични се,Carter’s имаат по 2 во сет,ако имаш од каде да нарачаш,од ХМ чекам да стасаат па ке ти кажам како се со квалитет после перење/сушара..
    Нз кога ти е термин,бели бодиња на кратки ракави се бејзик после пелена.И тие обично одат во сет по 3,имај повеќе во зависност од можноста за перење.
    Чорапи не многу,5-6 пара лето иде а и ги неќат бебињата,капчиња за надвор со заштита од сонце,и најкорисното нешто-тетри.Што повеќе,тоа подобро:)10-20 де.
    Како и да е,не трупај од ништо премногу,во секое време може да ти купат или достават..
     
    На eta и Thallia им се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.820
    Допаѓања:
    18.639
    Пол:
    Женски
    Картерс се понепрактични од george. Картерс се откопчуваат на една нога и се со патент, на џорџ се на нитни и се откопчуваат на двете ноџиња. Вторите се каде каде попрактични и многу поквалитетни.
    Картерс за таа цена немаат некој квалитет, мене ми се од Америка и три пати поевтини од кај нас, па се исплати.
    Ваикики не знам дали имате, после џорџ најквалитетни се покажаа.
     
    На BY<3 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.825
    Допаѓања:
    94.870
    Пол:
    Женски
    Не ми се познати тие на George,од вас на форумот ги знам,а Картерс пижамите сите ни се со нитни,шпихозните им се со патент..
    Овде кај мене иначе цените се слични на америчките,кога се на попуст па ептен се ефтини.
     
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.820
    Допаѓања:
    18.639
    Пол:
    Женски
    Да, јас за шпихозни зборам, пижами немам на картерс.
    Сетовите блуза или дуксер, панталони и боди се по 10 до 15 долари, кај нас се 30 евра.
    Мислев дека ги има кај вас, види можеби можеш да си порачаш, евтини се ептен.
    Кај нас 7 боди со кратки се 1200, рачунај со провизија толку ги продаваат и пак се најевтина опција за боди, ни ваикики ни тритекс не се толку евтини.
    Картерс и зара имаат сличен квалитет. И зара има преслатки работи.
     
  17. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    И јас мислев дека со патент се попрактични, но не се баш. Каде каде се подобри со нитни шпикозните.
     
    На thelittle17 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  18. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.054
    Допаѓања:
    24.302
    Пол:
    Женски
    Исто како членката погоре до 4 и пол месеци само јас му требав т.е ЦИЦКА :inlove: :rofl: релаксатор воопшто не сакаше, среќа не купив, позајмив. Шише не ми потреба, цуцла не, тт за вода не купив, проверував со лактот, сеуште така проверувам, кадичка обична, но на 4 месеци му беше мала и одма купивме голема од пазар, обична, не бебешка :) и уште ја користиме. За почеток убаво е едноделни шпикозни напред да се со патент или нитни и на двете ножиња да се откопчуваат, најпрактично нешто за преслекување бидејќи 10-12 пати менував памперс до кај 3, 4 месеци :whew: :rofl:
    На маса го преслекував 3 месеци, ме болеше раната од царскиот и половината неможев свиткана.
    Гнездо имав и го користев долго време, мене ми се најде, сигурен ми беше во него. Долу одврзано и немаше гајле нозете му беа излезени на кревет :) не ми текнува др.
     
    На Anastasija_, dunika, Happyinlove и 4 други им се допаѓа ова.
  19. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Јас па максимално го искористив релаксаторот уште од први месец па се до 1г.
    Исто и цуцла фана ако цицаше.
    Шишиња непотребно изнадигав 5 (facepalm) а дури на 11м почнав да ги користам.
    Када најобична голема ама веќе не сака во неа.
    На фиокарник ја пресоблекував до 3 ипол м, кога почна да се врти ја ставав подлогата на кревет.
     
    На Happyinlove, lackygirl и PurpleMind им се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.820
    Допаѓања:
    18.639
    Пол:
    Женски
    Ми текна уште нешто, ми излезе реклама за подлога за пресоблекување. Скапички се а тоа е сунгер обложен со мушама. Јас практично во секоја соба го пресоблекував, непропустливи подлоги од бекутан или бејби лов и немаш гајле. Ако ја измочка или искака фрлаш и земаш нова.
     
    На eta, lackygirl, PurpleMind и 1 друга личност им се допаѓа ова.