јас немав млеко и никогаш не воспоставив лактација и шише ми требаше веднаш...tommee tippee се квалитетни, а цена средна, и додека работев во аптека најмногу се трошеа. Од козметика почнавме со Weleda, имаше на акција купка и шампон 2 во 1 со крема за пеленска регија. Кремата е врв. Малиов после доби атопичен дерматит па менувавме. За цуцли имаш и едни нови коишто баш се за стимулација на доење на авент, а мислам и по приватниве клиники ги даваат
Јас користам авент шишиња,а сега планирам за ова бебче томи типи.Козметика купка чико и млеко чико,за црвенило пеленска регија од зегин фризидерм со камилица и цинк ми се покажа најдобра а како крема исто за пеленска регија секој ден користам бекутан хидратна крема.
Козметика за едното користам Еуцерин, црвена линија така ќе биде и за бебуш. За пеленска регија планирам павловичева маст. Шишиња и цуцли за почеток не ти требаат, ако планираш да доиш, калма на медела шише, го фалат како најдобро со оглед на тоа што млекото не тече лесно па да се навикне бебуш на шише. Чепкалки за уши (бебешки) со нив после бањање му ги чистев ушињата.
@prinstongirl2 Јас од козметика користам Веледа шампонче и гел 2во1. Во почеток за тело за мачкање користев Јекодерм сега користам млеко Риластил за сува кожа. Шишиња на Чико а цуцла на томи типи.
Веледа гел 2 во 1, 600 денари се 200 мл. Моментално се на акција, крема со цинк, која е 450, и гелот за 769 денари. Лосион исто на Веледа, а имаш и крема. Со невен линијата, жолти пакувања, нема да ги утнеш.
Не знам дали прашањево е за тука, но бидејќи дискутираме за Веледа, сакам да прашам што е подобро за почеток, масло или лосион за нега на кожата на бебето после бањање? Не би ги купила двете за почеток, сметам дека помалку е повеќе кога се работи за нега на бебешка кожа, дури читав дека во првите денови за бањање може само неколку капки масло да се стави во водата и дека е доволно само тоа. Совет?
Јас имам плик организатор за пелени,марамчиња и во него мушама здиплена. Иначе за дома пошо имаме и кученце земам подлоги за една употреба секако паковање и знам да и редам и такви.
Јас купив еден куп алишта 56 број, 2 пати некој облече и толку. Посебно бундички теди и имав купено.. страшноо јануарско бебе демек да е модерно, кај тој црф ќе го дотеруваш така. Перница имам, не и ја ставам ја наоќам одпревртена излизгана од на неа, од Авент имам апарат за топлење млеко или кашички така ми стои, можеби ајде за каќички некогаш ќе го употребам, шишиња имам еден куп дома со надеж дека некое ќе фати ама не ги одбива сите оти цице на мама е најубаво, памперс 1 повеќе паковња деф не одма се префрла на 2ка, па подобро само 2ка да се купи, кондурчиња исто пред време купив со волничкс за на зима, тек сега и се точни хаха, капче ако е летно бебе (па ни за зимско за дома нема потреба)
Јас на почеток купив куферче со гел за бањање, крема и крема за пеленска регија. Од кремата сум презадоволна. Зборам за оваа Сега синко го мачкам само на лице со оваа. Потоа немаше акции, па купив лосион, исто сум презадоволна. Поевтина варијанта е лосион, затоа зедов. Пред некое време купив заштитен фактор, имаше акција со масло. Маслото го ставам во вода и убаво е. Сепак, мислам дека крема или лосион се подобра опција за мачкање. Маслото ја прави кожата нежна, ама нема таков ефект како кога ке намачкаш директ на кожа. Плус, првите недели кожата се обновува.
Доколку нема проблематична кожа бебето, нема потреба од никакви креми и лосиони, ни на лице ни на тело. Мојата е со дерматит, па користам таква колекција. Ама еве веќе 2м нема егзем никаде и не и ставам ништо после бањање. Посебно летно време, се потат, уште лосион му фали.
Биодерма атопик купка, не маслена. Ставав со Биодерма атопик крем за тело. Многу зависи и од што му е. Мојата додека ја доев беше постојано со дерматит,затоа што јас конзумирав работи што и сметаат, колку и да пазев. Потоа и се појавуваше само при нешто алергено. Сакам да кажам дека за сега само храната и влијае, надворешни фактори не. А има дечиња што му смета и вода, полен и сл.
https://www.google.com/search?clien...ient=mobile-gws-wiz-serp#imgrc=FXT6256t7IGcgM Негде да имате сретнато вакво креветче?
Мајки хелп. Бебе ќе се роди крај јули почеток на август, и јас стварно незнам како да ќе го облекувам, кратки, долги, бодиња дали и со каков ракав, што за од болница.. првото ми е родено јануари па знаеш се на долги, вака во најжешкото незнам дали долги или кратки би носело, барем првиот месец...