Што сè е потребно за новороденче?

Дискусија во 'Бебе' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.845
    Допаѓања:
    7.048
    Пол:
    Женски
    Моето е родено во јуни и цело време беше со боди по кратки. За излегување од болница исто, од доле носеше боди по кратки и тенко комплетче по долги.
     
    На eta и Thallia им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.820
    Допаѓања:
    18.639
    Пол:
    Женски
    Пишав милион пати. Синко лани во најжешкото се роди. Го облекував само по шпихозни или тренерчиња и боди со долги, памучни и тенки и пуштав клима на 26.
     
    На eta и Broken♡ им се допаѓа ова.
  3. Rainbowbaby

    Rainbowbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.036
    Пол:
    Женски
    И мене термин ми е тогаш и 90% од гардеробата што ја купив е по кратки. По долги земав колку да има. За од болница купив фустанче по прерамки, под него боди по кратки ракавчиња и чорапчиња.
     
    На eta, Broken♡, Bubish26 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    5.376
    Пол:
    Женски
    Девојки ме интересира каква кадичка користите за вашите бебиња. Мислев која е најпрактична, за да земаме таква.
    Гледам на интернет има и кадички до 5000 денари, анатомски, со секакви додатоци. Потребно ли е сето тоа?
    И дали е попрактчино да се земе кадичка со постолје?
    Ве молам напишете ги вашите искуства :).
     
  5. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.555
    Пол:
    Женски
    Јас ова го имам, најобично и не го менувам за ништо. Повеќе од две години го користиме а и бебе таму ќе го бањам. Прво се занесував, вакво, онакво но сфатив дека ова ќе ми е најпрактично.
     

    Прикачени фајлови:

    На LadyC, 0ли, eta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.010
    Допаѓања:
    25.656
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам од чико таа со дел за пресоблекување, практична е ама рачунај можеш да го преслекуваш само до кај 2-3 месеци максимум, пошо после ептен се активни. Има и обична кадичка, таа е поголема и повеќе преткаше во неа (300ден. Беше) мое мислење ако имате простор земете од тие шкавчиња за облека што се, внатре има вградена кадичка, а згора е тоа за преслекување. Обавезно купи мрежа за на кадичката, така ќе ти е практично за капење.
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам истата како на @Среќичка добра е, а слична можеш и на пластичарска да најдеш за 300 ден (и оваа не е скапа околу 600ден). Постолјето мене ми се покажа многу практично среќа што го купив. Кај мајка ми бевме на гости и кадичката ја ставав на две споени табуретки ама ниски ми беа и кичмата ме искина. Ако имаш дома кај да ја ставаш кадичката да не се наведуваш супер, ако не купи си (во Енци менци околу 1600 ден беше).
     
    На Sofi.ja и eta им се допаѓа ова.
  8. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.555
    Пол:
    Женски
    Јас го ставав на две споени масички од Икеа (тие најевтините) и ок ми беше. Сега второво планирам здравје на почеток дирекно под туш хаха но здравје ќе видиме.
     
    На eta и Jana06 им се допаѓа ова.
  9. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    5.376
    Пол:
    Женски
    На DaisyDream и Jana06 им се допаѓа ова.
  10. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.538
    Пол:
    Женски
    И јас имам како таа на @Среќичка и супер е. И сталакот го имам, ептен практичен е за да не се наведнуваш.
    Кога падна папочето и почнав да го капам во кадичка, ставав тетра по примерот на @Jana06, но за брзо купив сунѓер, сакав да пробам. Сега како што е претопло, веднаш е сув и многу ми е практичен. Над него ставам тетра. Бебе си лежи и ужива, сунѓерот кај главата е подебел, а кај нозете е потенок. Да беше зима и тешко да се сушеше, немаше да го користам.
     
    На LadyC, Jana06 и eta им се допаѓа ова.
  11. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    5.376
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам @0ли , и мене некако овие кадички најмногу ми фатија око. Баш сега ги разгледував на интернет страната на енци-менци.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ice&Fire

    Ice&Fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    88
    И јас ја имам таа на @Среќичка, практична ми се покажа. Сталак немам, ја ставав на две столици и тамам ми беше.
     
    На LadyC и eta им се допаѓа ова.
  13. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    5.376
    Пол:
    Женски
    Јас сигурно досадна сум, никако да прекинам со моите прашања (facepalm).
    Морам да бидам припремена, зошто сигурно е дека порогјајот ке ми биде предвреме.
    Ме интересира шишиња и цуцли, купивте пред да се породите, или чекавте педијатарот какви ке ви препорача.
    Во недоумица сум дали треба да ги купиме сега или после порогјајот.
    Пишете ми какви шишииња и цуцли купивте за почеток, кои се најпрактични, и кога ги купивте???
     
  14. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    На авент земав пред да се пoрoдам и цуцла и шише. Еднo шише и две цуцли (така беа вo пакување) дoвoлнo за пoчетoк.
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.010
    Допаѓања:
    25.656
    Пол:
    Женски
    Само цуцла имав купено пошо ми беа слатки, на болница ме искараа оти и дадов и ги баталив, после сама не прифаќаше. Шише го имав тоа од Авент што оди заедно со мозалката, пошо и шише престанав да и давам и тоа го одби. Така да кога почнавме со цврста храна почнав да купувам шишиња. Почекај, ако си решена да цица, фрлање пари се шишињата.
     
    На dunika и eta им се допаѓа ова.
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Ја би рекла ништо да не купуваш ама имај си цуцла дома, некогаш спасува многу кога ќе се подразбуди да му ја дадеш да продолжи да спие, или ако му се цица пример јас додека да наместам перниче, да ги земам силиконските брадавици, капки да му ставам.... Ехеее процедури, па му ја ставам цуцлата да се подсмири. А шишиња ако евентуално ти требаат ќе купиш после, ако доиш ќе си земеш шише со цуцла слична на градата како Медела калма, Авент натурал и сл. Ќе ти кажат веројатно во болница.
     
    На Среќичка и eta им се допаѓа ова.
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.364
    Допаѓања:
    18.587
    Пред да се породам си купив стаклено шише Авент натурал (со цуцла како дојка)
    И имав добиено гратис томи типи 2 цуцли лажливки. Тие не ми ги прифати па го пратив мм во аптека ми купи мам цуцла,ја фати од прва
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Може ли да ми кажеш каде ги има тие шкафчиња за облека со вградена кадичка?
     
  19. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.453
    Пол:
    Женски
    Купи си барем две шишиња да имаш и цуцли. Нека ти бидат спремни, скоро на сите на излез од болница им препорачуваат дохрана. Јас имав земено на чико од каучук шишиња и цуцли, цуцлите ги прифати али шишињата некако многу брзо течеа. Томи типи шишето како имитација за града највеќе му се погоди.
    Лажливките ќе ти требаат уште за излез од болница ако почне да плаче по пат да ја дадеш.
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.538
    Пол:
    Женски
    Од мерак купив шишиња од Томи Типи, комплет 0+ во кој има 2 шишиња од 150 и две од 260 мл, две лажливки, две резервни цуцли за шишињата и четка за миење шишиња. Сакав да дојам и не ми беше гајле ако не ги искористам, но се погоди да морам да ги употребам од прв ден. Задоволна сум, од прва ги фати шишињата, но моево сè што ќе му дадеш во уста, го фаќа за цуцање.
    Цуцла купив на излегување од болница во аптеката во Ремедика, купив две исти како таму што им даваат. Ептен ретко ја користам, но ми се наоѓа понекогаш.
     
    На eta и Milkiway им се допаѓа ова.