Не тече кога ќе го свртиш шишето, ниту капка не паѓа. Заборавив да пишам, имам и калма на Медела, одеше заедно со пумпата, но ниту еднаш не ми успеа со неа, а со таква го хранеа во болница.
Ви благодарам на сите на советите. Јас би сакала да ја дојам, но мојава ептен мала ке биде, не знам дали ке се снајде со цицењето. Ке почекам да видав што ке каже педијатарот, па ке купи мажот ми, ке ги стерелизира. И онака ке сум царски рез, мислам ке имаме време да се снајдеме.
@eta не си досадна,затоа сме овде Купив шише и цуцли на Авент,плус имав на Мам во тест пакет од кај гинекологот.За во болница зедов една,но ми рекоа никако цуцла,нека се научи да цица прво. Јас немав проблем со доење уште таму,па до сега,скоро 3 месеци е,не ми затребала ни цуцла(ја плука со гадење),ни шише.А да,во болницата еднаш измолзив млеко оти наеднаш многу ми надојде,па тоа и’ го дадоа со чашка.Го испи без проблем. Ти имај си шише за секој случај,со царски мислам ке треба некој ден да се стрпиш дур надојде млеко.
Читајки ги вашите искуства, само што му пратив на мажот ми слика, да го купи Avent natural стакленото шише, во право сте дека ке треба барем едно да имам за почеток. Ако препорача педијатерот нешто друго, ке купиме дополнително се што треба. Ви благодарам на сите за советите. Кажувајте што друго ке ми треба за почеток.
Немам, кога разгледвев креветче ги видов и многу ме бендисаа пошо се 3 во 1 ама немам простор јас дома за такво шкавче и моравме да направиме по мерка горе на ѕид.
Можеш да ги ѕирнеш во андреј компани таму знам дека видов шкафче со фиоки и одозгора кадичка имаше како вградена...ако имаш време прошетај
Девојки, жени, мајки дали знаете кога ќе има попусти на есенско - зимска колекција на шпикозни, бодиња и друга облека за новороденчиња, конкретно ме интересира за okaidi, carters, tilla, chicco? Благодарам.
Памучни работи со долги за новороденчиња имаш во сите продавници што ги наброја. Нема класични зимски за бебе. Тие се, подебел и питенок памук. Попусти има во окаиди, картерс до 30%, тила и онака се по 500 денари шпихозните. Чико има акција на три работи облека имаш 50 % попуст. Ама имај на ум дека првите три четири месеци растат брзо, на три недели менував шпихозни. Мерак ти е ама не трупај. Понатака ке го дотеруваш бебето. Во ваикики имаш многу квалитетни работи, разгледај таму. Се случува да го облечеш и одма да бљуцне.
Мајки Ајде хелп и на оваа тема значи до сега од облека имам купено: 3 шпикозни 56ка 1 шпикозна 62ка Комплети панталони и маички: 4комплета вкупно на сите стои димензија 56-62. Ракавички, чорапчиња, 3 тетра пелени и лигавчиња( не знам ни дали ми требаат толку рано) Ич немам ни идеја уште колку ми требаат отприлика од 56киве, а колку 62ки. Да сум спремна бар за први 3 4 недели ако не и повеќе не знам каква ќе е ситуацијава со корона да би можела после месец да купам пак
Тетри земи барем 10тина, ќе ги користиш за се и сешто (освен за повој хаха). Земи шпихознички повеќе за толку мало, долни како ѕиврички тенки и бодиња 10тина
Јас мислев 56ка 2 недели носат па надраснуваат одма фала ти ќе доземам уште да знам по што да се водам
Моево во боди е најмногу. Кога се роди беше во боди на кратки и шпикозни, покасно боди на долги и панталончиња, па боди на кратки и панталончиња и сега само на боди кратки или прерамки. Зависи кога ти е терминот.
Во октомври повеќе на долги гледам ама не многу дебели. Ние сме на парно што работи 24ч и температурата не се симнува под 27степени дома. Не верувам да ми требаат за по дпма премногу дебели алишта..
@Milkiway јас имам ептен малце 56. Му облакав малце поголеми, 62, големо чудо, ги растат додека трепнеш. И тетра зимај слободно, за се ќе ти служат. Да го покриеш бебето , да го избришеш, да постелеш на нешто, абе буквално за се. Најискористени ми се мене. Две години ќе ги користиш секако за свашта