Окт ми е термин за покривање знам нема да ми требаат ги земав баш за кога ќе лежи по кревети да му постелеш или во раце кога е да не бљуцне врз тебе. Ќе доземам уште некоја штом така ме убедуваа баби не ми требале повеќе од 1 2..Убаво ја мајки на форум си прашувам
Еееј ептен ќе ти служат за се. Бљуцнало, за јадење, ама за се ќе видиш. Јас од памук пале земав преубави. И земи си шпикозни без ноџиња што се доле, не знаеш колку се лесни за менување. Јас Константин за 2 сек го соблакав облакав со нив.
Важи ќе побарам и такви низ продавници. Утре баш планирав во памук пале да поминам ќе докупам а овие 3 ги земав од стружанка не им се лоши.
Еј тетри купив 30, нон стоп ги користам за сè. Можеби не ви се потребни 30, но 20 е тамам според мене. Во кадичката кога го капам за да му е меко, за лесно покривање, каде што лежи му ставам, на рамо кога го држам да ждригне, ставам на градите додека го дојам од другата кога тече, го забришувам во разни ситуации, го завиткував во пелена за да не се буди во спиење со рачињата, во корпата од количката. За свашта ги користам, па доволно ми се 30 за да имам во секое време чисти и испеглани. Бодињата и шпикозните што се закопчуваат напред ми беа многу практични за разлика од оние што се облекуваат преку глава. Не знаев да го фаќам на почетокот и фино што си набавив од оние со копчиња.
Кажи им @0ли со нула И да дојдеш у 40ка , фалиш таму. И @Milkiway Стружанка и јас сум пуна од првото. Мислев не се ок,ама кога видов што се чувам од Константин сфатив дека изгледа од Венис не се беа ок. И од Џамбо не се посебно ништо, ама па ете мене ми е полно и од таму. Не ми се расчепени (бар тоа што сум зачувала).
Ауу 27 степени ќе ти биде многу топло. На 26 степени се бања, на 22-23 степени треба да бидат просториите посебно ноќе за да си спие убаво.
Ние сме на такво парно што не се регулир железарско е. 24-7 не го гасат воопшто..го регулираа лани само кога доаѓаше темп надвор до 10 15ст. Ќе мора да се навикне
Синко за три недели ги надрасна. Панталони не земајте многу, боди повеќе земете. Бодињата ги надраснуваат побрзо, почесто ги бљуцкаат. Лигавчиња јас не ставав, бљуцките во врат му одеа, па цел го пресоблекував секако.
@Milky.Way кога ке купуваш тетри, гледај да ти се со различнс големина. По продавниците, скоро во сите, има мали, не знам димензии ама помали се, од 50 до 70 им е цената. Во ваикики има поголеми тетри и џиџани се ептен. Поскапи се, 200 250 една ама ке тк требаат и такви. Мене 10 ми беа доволни за почеток. После тоа докупував. Имај си 2 за надвор. Од перење на 60 се уништуваат, избледуваат боите, па имај си нови за кога ке шетате некаде.
Пред да останам трудна нонстоп ми беше ладно, таков стан би бил идеален за мене. На кратки ракави можеш да се шеташ Здравје, кога ќе дојде време ќе го пазиш бебето да не го прегрееш, ќе отвораш прозор пред спиење, порасоблечено и сл. Многу се нервозни кога им е топло. Додека ми се средуваше лактацијата ме фати треска и пуштив греалка да се стоплам, а рачунај мај сум породена. Бебе почна да плаче така јако да не можам да го смирам пола саат. Кога дојде маж ми у несвест ќе паднеше. Солзи ми идат кога ќе ми текне каков беше црвен и како гласот му се фати од плачење
Дoбра си ти. Jас вo Oктoмври пoрoдена уште тoплo надвoр, бебе наoблеченo, завитканo вo наjдебелo ќебе и цица. Дoаѓа патрoнажната ќе се oнесвестеше Кoга ќе ми текне ми иде Тoа е кoга слушаш баби
И ние сме на железарско со октомвриско бебе. Цела зима ја поминавме со еден радијатор,другите на вентил ги затваравме,а некогаш и тој еден беше исклучен преку ноќ. Не знам што стана, 2ипол години сме во станов оваа зима и ова лето се најжешки. Сега спиеме со отворен прозор.
Јас лани синко со капа го шетав. Грев ме фаќа кога ке ми текне. Дувало ветер а ние во кратки. А дома клима пуштав, нормално го облекував. Надвор кога треба да оди го облекував ко ненормална. Или памучни шпихозни и капа. Јас и маж ми така мислевме дека треба, баби не се мешаа.
Исто бабински совет,после бањање капа,првите 2,3 недели, дури некогаш ја менував водената ставав сува за преку ноќ
Кај нас доле во подрумот пукна затоа што некој ги затварал така вентилите дека нашава зграда парното нема вентили воопшто валда си додале поима неам што направиле. Тогаш ни дојдоа кај сите на врата да не чепкаме дека може кај некој во стан следен пат да пукне Кај вас не знам конкретно како е ама прашајте си за секој случај за зимава
Нема опција да се гаси радијатор. Така би требале парното во спална скроз да го исклучиме и да немаме. Цела железара и автокоманда се така пани аеродром лисиче не сме први сигурно ќе се навикне. Ќе излуфтираш проветруваш често. Едит: Јас па се радувам дека е така не морам за бањање специјално спална да загревам или да мислам преку ден дали му е ладно или не..понатака здравје и кога ќе лази и седи на земја. Од тој аспект е предност Ние претходно од куќи доаѓаме смрзнати се препородивме тука. Стварно вреди за секој денар. Доаѓаш од пат или работа а дома топло. Немаме ни теписи ни ќебиња и се сме на тенко. Ама ние сме зимурливи ни одговара
Ама нас бабите ништо не ни кажаа. Така не учеше паметот. После бањање капа не стававме. Ракавици не. Го облекував по шпихозни и клима на 26. А за надвор капа.