И мене ми е термин 2 октомври؛ Купи си повеќе боденца по долги баш дека ти е топло дома да го облакаш само по боденце и панталончиња؛ Јас си земав и потенки шпикозни да не ја тунтам многу затоа што и ние имаме јако парно и сме со отворени прозори؛ Башка ако ти поврати само менуваш боденце и крај؛ Секако тешко ќе биде за дотерување со оглед на состојбава؛ И земи си поголеми, јас неколку земав 56 колку за почеток, другото се ми е 62؛
Супер така и јас размислував а за дотерување баш кај ќе одиме нит по гости а ниту планирам гости да викам сп ваква ситуација. Обавезно ќе докупам уште боденца тенки нема да има потреба од зимска гардероба
Имаш во waikiki воопшто не се скапи а се преубв памук؛ Имаш и панталончиња и шпикозни за одлични пари ќе си изнакупиш
Донеле пак? Последно пред 2 недели во сити мол се беше летно освен неколку работи што успеав број да најдам..
Мами на есенски/ зимски новороденчиња Дали на бебушите им облакавте хулахопки за дома? Ноември ми е термин и земав баш 2 пара хулахопки од најмалите, ама си викам да не не им е комотно. Дома се грееме со клима инаку.
Јас облекував вакви панталонки https://triteks.mk/product/512/бебешки-панталони-0724/9989 хулахопки на толку мало бебе малце потешко се облекуваат. Ама ќе процениш на бебето дали му е топло/ладно и според тоа ќе го облекуваш.
Овие ги облекуваше под шпикозните? Во право сте кога ќе размислам, греота е натофтано со еден куп работи и плус покриено, склет ќе го фаќа
Да, под шпикозни. Тенки се и овие. Не ми се оставаше без ништо одоздола. Нормално на сите зимно време ни е топло по дома ама пак коа ќе размислам и јас никогаш не сум бар без тенки хулахопки па колку и да е топло, а не пак бебе да оставам така. А и бебето зимурливо ми беше.
И јас видов за девојчиња еден куп имаше ама за машко слабо раскупено беше освен панталонки и маички..ќе одам пак обавезно од сите места најубави и меки ми се нивните
Здраво. Дали некоја мајка има земено постелнина од Тила и како е задоволна од јорганчето и перењето на оградиците (дали ја задржаа формата?), бидејќи ми рекоа дека не се вадат навлаките.
Здравоо мајкиии!! Дали некоја од Вас има порачано гнездо од интернет доколку има од која страна и дали сте задоволни? Ви благодарам ❤
Што сè е потребно за новороденче? -Љубов,многу љубов, да се почувствува среќно сакано на овој суров свет.
Јас имам само оградици, задоволна сум. Ке си ги переш на 20 30 степени или на брз програм со помалку вртежи. Јорган не користам.