Незнам дали мoже да се нарача oд Ситник. Мнoгу сум задoвoлна бидеjќи се переше навлаката и беше какo душече.
Мене убави и квалитетни ми изгледаат на elo design, имаат профили и на фб и на инста, околу 2000 денари се. Има интересни шари. Се мислев да нарачам, ама сега некако се предомислувам зошто брзо ќе го надрасне...
Од сарс фешн му купив памучни и му ги облекував само за надвор, декември, јануари. Околу 20ти ноември правевме 40 дена,памтам тогаш ги купив ама му ги облеков околу нова година.
И ние сме на железарското, затоа во спална ги затворивме вентилите, немаме греење и е супер за спиење. Ако затварате направете го пред почеток на грејна сезона.
Па така помислив и јас за надвор да има кога ќе биде многу ладно. Ќе ги сменам за поголемки за зимата, тогаш ќе е 2 месеци. А за ептен малечко ќе земам едни ѕиврички да се најдат за секој случај.
Дали некој имс порачано од тие бодина што се по 7 во пакет.. Еднаш им пишав рекоја немале до оглед на ситуацијата.. Освен од нивната страна на фб друг извор некој нема ли?
Aко мислиш на Tiny baby shop, немам порачувано ама знам дека се на George и Disney и се многу квалитетни и исплатливи. Од истите фирми носат на фб напиши Brendirana obleka za vozrasni London и Baby and family online boutique мислам дека беше.
Здраво, нарачав на чико шпикозни, меѓутоа 56ките ми изгледаат големки за новороденче, па да ве прашам за почеток (првите месец дена) каде да најдам или нарачам шпикозни и боди каде се реални бројките? Благодарам.
Не е мајка за навика, не е убаво за бебе толку жешко, претоплување е најлоша работа, ако веќе е толку многу топло ќе мораш да го држиш како сега да е родено- по кратки.
Во ваикики имаш бројчиња за 0 месеци, ама тие се мнооогу мали, како за бебе од 2 кг. Наредна бројка е 0 до 3 месеци и добра е за новороденче.
па така ќе го држиме што да правиме еве комшикава лани во дек се породи вика немала проблем ниту па бебето имало проблем со спиење. Секако не користиш ќебиња и дебели пижамки туку нормално тенко како пролет лето. И ние така во зима се облакаме. Ајде здравје ќе ви кажам ноември декември како поминуваме
Јас нарачував од hello baby и од тритекс и супер се. Од тритекс имам 56ки и 62ки и ги носи и двата броја сега. 56ките му се точни, 62ките комотни.
Здраво мајки, полека се спремаме за бебчето па ми треба еден совет. Од боди и шпикозни дали повеќе да купам 56 и 62 или треба и поголемки и плус 50ки? Друго терминот ми е во октомври ми треба ли и боди на кратки или се да земам помало на долги ракавчиња? Бебето сега за сега ми е понапредно па се мислам дали воопшто и ќе ми требаат 50ки. Плсс совет