50ки и ги облеков 2 пати, среќа имав земено само 2 пара. 56 ги искористив ама повеќе имав 62 тие ептен ги износи. Зимно време ја облекував со боди на куси/или рамки и едно боди на долги . Така ако планираш ќе ти требаат и на куси. Мојата е Јануари родена па баш на ладното.
Newborn бројче, тоа е за околу 3.5кг бебе, има во Carters или барај 00, мислам и Окаиди имаат такво брокче. Видов за Chicco си пишала, а и сите 0-3 бројчиња се поголеми, не се користат многу, ама за да се приближно точни за излегување од болница - не се, големки се. Освен ако се роди прилично големо бебе, а тоа не се знае
Земи си пола- пола. Пола гардероба 56ки, пола 62ки. Ако е понапредно во никој случај не купувај 50ки. Земи само на долги па ако се погоди топло време ќе докупиш некое на кратки откако ќе се породиш.
Заследи ги Брендирана облека за возрасни Лондон. Малку принципот им е за никаде, но може да се порача. Пример, објавуваат слика, бројчиња и потоа треба да им пишеш приватна порака, па да ти кажат кога ќе стаса порачката.
Оли многу е полесно да го отвориш веб сајтот и сама да си видиш што имаат, да си одбереш, па да и пишеш на женскава колку ќе кошта да ти израчуна. Во принцип стигаат за две до три недели. @prinstongirl2 еве имаат и на долги и на кратки мултипакувања: https://direct.asda.com/george/baby/bodysuits/D5M9G1C14,default,sc.html?start=40&sz=20 https://www.matalan.co.uk/baby/mult...r[meta.root_category][Unisex]=on&per=36&sort= Но секогаш погледни и дали ја имаат величината што ја сакаш. Сепак овие страни од фб исто нарачуваат онлајн.
Ќе се породам крај на октомври, па сега треба да почнам со купување, во врска со облеката, сакам да купам бодиња и на кратки и на долги, и шпихозни, тоа е најпрактично според мене за почеток, само ме интересира по колку да земам, се мислам цело време и не сакам да претерам со купување, а брзо да ги нарасне па така да ми стојат после пола не облечени. По колку пара од се би ми било доволно?
Имам пишано неколку страни наназад. За почеток ти се доволни 6 пара шпихозни 56ка и уште толку боди со кратки. Боди со долги плус шпихозни е премногу, значи боди ке комбинираш со панталончиња. 62ки земи уште толку. Потоа ке видиш со кое темпо ке ги израснува. Синко најмалите ги носеше три недели. 62ките исто. Ама не се издолжуваат сите бебиња со исто темпо. Имај во предвид дека шпихозни побрзо ги израснуваат. Панталони поспоро. Се случувало со исти панталони да комбинирам различна големина бодиња. Во ваикики има да комбинираш две боди со два пара панталони. Имав големина 6-9 ама бодињата ги израсна, панталоните не. Купив бодиња 9-12 и ги носеше со исти панталончиња.
По колку тетра пелени е нормално да земам? Во врска со кадичка за бањање каква да земам? Има некои што се внатре плус со додаток (ама некако не ми изгледа практичен и дали врши работа сунѓерот што се става внатре?
Тетри купив 30, но 20 ќе ти се тамам. Кадичка од Енци менци имам. Додатокот го немам искористено, а сунѓерот го користам и ми е практичен многу. Сунѓерот се суши брзо бидејќи е топло инаку не би го користела. Сега нов би зела, доста му е на овој иако е во супер состојба.
За креветче,количка,пресоблакање да не биде на чаршаф или друго место да си постелиш, кога подждригнува, буквално милион намени има
Здраво, може да ми кажете каде има некои помекички тетра пелени ? Имам од Памук Пале гледано ама некако крути ми се... или сите се такви ?