Мене во однос на сунѓерот сестра ми ме советуваше дека не е практичен, бидејќи треба секој месец да се менува, затоа што е извор на бактерии. Дури и ми направи споредба со сунѓерите за бањање ние што ги користиме и сфатив дека има право. Нејзина препорака е анатомски додаток за кадичката (но не вграден) и вели дека е практичен и кратко време се користи (додека е мало бебето), потоа откако ќе почне да седи, нема да имаш потреба од него. Сунѓерите се околу 500 ден, а анатомскиот додаток 300-400 ден, што секако е поисплатливо, отколку постојано менување на сунѓерот. И секако кадичката да е со одвод.
Јас земав 10 мали. Потоа дофатно купив неколку од ваикики, поголеми. Кадичка купив обична без одвод. И постоље кое е спас за кичмата. Додаток имам ама не го употребив ниеднаш. Не ти треба. Бебе се бања кратко, додека го ставиш на додатокот, ке го избањаш цело. Во кадичка ставам пелена да не лежи на пластика и вода, и цело време го држам со рака. Јас тријам а маж плакни. Првите месеци го бањаа бабите затоа што мене ми беше страв.
Да, јас го бањам со анатомски додаток се уште, 7 месеци е и не седи уште, а многу е немирен и прета и базен прави околу. Едвај чекам да седне веќе. Додатокот мене ми се најде многу за да не го ставам бебе да лежи доле и да го мислам да не му влезе случајно вода во ушите. Не е ни скап, и да не ви се најде ништо страшно. Ама одвоен да е
Што може да се случи ако му влезе вода во ушите? Јас моето намерно го ставам во вода до пола увце зашто има уште од она белото од плодовата вода и на секое бањање му искача по малку.
Јас од таа причина не го бањав синко. Три месеци го бањаа баби. Може да дојде до воспалување на уво. Или не? Нека каже некоја ако знае.
Сунѓерот не е 500 денари, 300 и нешто е, во Енци Менци го купив. Мене не ми пречи често да го менувам, веќе втор по ред употребувам, го менувам на 2 недели. Кадата со одвод ми е, но никогаш не сме го употребиле, џабе ја зедов таква. Мажот ми ја истура водата во кадата со наведнување.
Поима неам мислам не се на алкалоид тие имаат фабрика само за извоз во берово мислам беше..и можеш да порачаш директно од кај нив . Само знам македонско дека се и во ваикики имаш убави тетра планирав од таму да доземам
Епа Во памук пале се на алкалоид берово ама некако крути се земав неколку ама незнам дали сите се такви или нивниве само а се доста ефтини 70 денари една, а не сум видела во стружанка какви се. Фланелот им се преубави ама незнам од кои ни треба повеќе
Да не те излажам мислам поевтино ги земав во стружанка ама одамна беше не памтам. Глеаш не знаев во памук пале дека носеле. Меки се не се крути ама најдобро да видиш да споредиш. Зависи и за што сакаш да ги користиш. Јас на пример за преслакање иа едни за еднократна употреба пеленки шушкави беа мислам(сестрами пред 5г користеше па сум заборајла ги има по маркети и оба 1 тетра не употреби) и такви би користела а овие само за да лежи во дневна или на спална. Или дури цица/јаде да си ставиш една преку тебе.
Ова дека не смее да му влезе на бебето вода во уво, ми е пренесено од стари . Ептен го пазев синчето и се потресував за секоја капка капната накај увото. Кога бевме кај доктор на преглед (ОРЛ) го прашав докторот и он ми се изнасмеа и вика сигурно нема на детето да му сипувате кофа со вода во увото или да го потопувате во вода да му се наполнат ушите. И да влезе вода не е страшно и ништо нема да му е. Како влегла водата така ќе си излезе. Откако ми кажа докторот престанав да се замарам. Сигурно нема намерно да му сипувам вода,ама ако влезе малку при бањање,ништо страшно.
Старите претеруваат тоа треба да го киснеш под вода да му клокотат ушите и да го опнеш на промаја за да добие воспаление а секој нормален не би го направил тоа
Обична тетра ставаш во кадичката? Јас се уште ја бањам држејќи ја преку една рака но некако многу почнува да прета и ме фаќа страв да не ми де лизне. Од кога бањаш така со пелена во кадичка? Нашата е месец и една недела.
Јас така преку една рака го капев додека не му беше паднато папочето, а после вака со тетра во кадичка.
И од промаја ништо не им е, проверено Ептен лабава сум со детето, расоблечено е нонстоп, без чорапи. Сите ме караат за чорапи. Маж ми на пример, секогаш мора да носи чорапи, колку и да е топло мора чаршаф преку кичма и боже сачувај на промаја. И ортопедот ми рече дека е таков зашто мајка му го трупала со алишта од мал. Бебето помалку облечено е од него. А за ушите малку ми олесна сега зашто се исплашив беља да не направам ама не му ги ставам цели во вода.
Ве читам за тетра пелени по 20 пара, земав да гуглам да купам и јас... Не знам колку се таму, ама тука 4-5 пара за 40 евра. Не е ни чудо што ретко се користат овде.
50 денари бели обични, 60 70 со шара, 200 големи во ваикики. 20 се премногу, 10 се доволно. Со бебе машина се пушта секој ден.