Епа или имаш многу алишта, или среќа бебе да не бљуцка. Јас после бањање алиштата ги фрлам за перење. Сега само пижами носи по неколку дена.
Исто и бебе мое му менувам по 3 аутфити минимум дневно, само пижами по 2 дена носи па собирам машини на 2 3 дена. Сега на жешково па само боди носи, кај ќе наполнам машина со бодиња или ромпери, полупразна не ја пуштам јас лично
Така е, имам доста алишта за да не перам секој ден, а и бебево скоро ич не бљуцка. Секако дека и јас ги фрлам за перење после бањање, ништо не му носам по неколку дена, а понекогаш и повеќепати му менувам облека во денот. Башка машината ми е со повеќе килограми и треба да се потсоберат работи за да ја пуштам, нема шанси секој ден.
Синко бљуцкаше доста, се по малку и ни е за перење, ни за носење. Јас се си перев. Сега веќе јаде и лази, па од друг аспект е лом. Јас имав доволно алишта, многу брзо ги израснуваше синко. На три недели менував бројка затоа што не сакав да му облекувам големи. Затоа и не трупав, се што има износено му е.
Здраво, имам купено 4 пара шпикозни 62, два пара шпикозни 56, 1 пар шпикозни 50/56, комплетче за од болница, 1 боди по кратки 50/56 и 2 бодиња по долги 50/56. Уште колку пара шпикозни и бодиња би ми биле потребни за почеток и кое бројче? Дали 50/56 или 56/62 (ваикики)?
Бодиња по кратки и долги имав по 10 пара. Моето се роди октомври па беше облечено боди по кратки плус шпихозни. Имав купено 52, 56,62 После тоа му облекував боди по долги и тренерчиња. Зависи кога треба да се роди
А за првите два месеци колку пара шпикозни би ми биле доволни и дали 56 да земам, дали помали, бидејќи 62 имам четири? Благодарам.
Истите јас на алкалоид 10 парчиња ги зедов 550 денари. Зедов и 3 шведски и мислам дека ми се доволни.
Секој ден, ако не е такаа тогаш 1 недела не ќе ја пуштам пеглата од раце.. мојава до 6 месец повраќаше ептен, сега само лиги е.
56 за 2 месец тешко ако се роди со стандардна килажа и должина. 50 малава имаше само едно и тоа го кладе за слика само хаха, 56 и носев првиот месец, после 62. Некој работи од 62 ги носеше подолго ( горни трењерчиња), долните не, долги нозе има па се кусо. Нина како што кажав долги ноџиња, па целокупните работи ми останаа неизносени.
Здраво мајки, едено прашање. Со шти ги покривавте бебињата за почеток терминот ми е во октомври си куоувам постелнини со јорганчиња но некако големки ми се ко за бебче... За вреќичка мислев после 3 месеци да земам или попаметно е уште одма? Или од они кебенцата што се прават ко плик за бебе? Цела сум во прашалници
Вреќичка е најпрактична уште од старт, со јорган јас имав лошо искуство ми се покри преку глава. Научи си дете од мало на вреќа, спас е.
Зависи и дома како ти е кај нас е доста топло зима па не би вреќа доволно е јорганче. Иначе земи сега ако има зошто не знаеш со времево обично до крај окт е топло ама глеј го летово...
Ако е многу топло земи летни вреќи без ракавчиеа и тенки. Горганче или нешто што може преку глава никако.
Па тоа дури е мало не може да се покрие преку глава...а па после како што ќе расте тешко да ќе сака стуткано така во вреќичка. Не знам јас не ни купив внук ми, братучеди...други вака роднини никој со вреќичка не покривал. Ептен ме збунивте со ова гушењево
И те како може, јас од старт имам немирно бебе кое прета со нозете, 2 пати ја најдов покриена,како ги кревала нозете и и се ставило на главче, со лигавчето исто, претнала со рацете и оп на глава. Почнав да ја повивам скроз и полесно беше така ама потоа вреќа тенка.