Треба пазење со се, и капче и редев само кога беше бањато дека зима родено во ладна земја ама заспиеше и го вадев, не само дека не е препорачливо со капче да спие ради да не се прегрее туку и беа поголемки од главчето и знаеше во вртење на главчето да и паднат до кај носето. Помали капчиња верувај не најдов (за 0 месеци беа)
Капче не ни сум мислела за после бањање да ама да спие со капче ми нема логика...тоа може од порано останало кога им било многу ладно по дома па така ги заспивале што знам..
Шо знам, сум среќавала мајки мај месец да им ставаат капа и за надвор и за спиење,вчера среднав мајка што на 4 месечно бебе на оваа горештина чорапи му облекла.
Ниту јорганче, ниту вреќа ќе земам. Живеам на југ, ние како возрасни никогаш не сме користеле јорган, а не пак на дете да ставам Многу е топло кај нас, мал ни е станот, во зима на кратки ракави се шетаме. Ниту снег сме имале, кога врне, само еден ден го гледаме и утре е стопен Бебе би покривала со ќебенце. Имам 4 ќебенца, од најтенко, до најдебело, нив ќе ги користам
Па и јас така земав ние ни за нас немаме ќебе дома сме со парно и многу ни е топло и сме на кратки дома. Ни зимска облека не му купувам освен нешто за до гости ако дозволи корона или за до лекар Постелнината додуша е со такво тенко јорганче а после може ќебе тенко по потреба...
Кога се мали ги креваат ноџињата и со тоа се покриваат преку глава. Моето дури и устата му помодре што седело под јорган, од памет се извадив. Имаш тенки вреќички, не се сите дебели. Најпрактична работа е верувај. Зошто кога ќе се навикне на вреќа и ќе биде поголемко нема да мораш да стануваш нон стоп зошто се отскрило, знаеш покриено ќе си биде цела вечер.
Абе и јорганчињава се тенки не дека е нешто дебелко ама дека поголемки незнам дали е практично за мало бебе, а во право си јас се спремам ко за голема зима а таква од кога немало... Дури и бодиња на долги зимам само за под шпикозни...
Кога ќе се роди здравје? И зависи дома како ти е, ако е многу жешко тогаш кратки да ќе ти требаат. 50 јас не користев од причина што најчесто бебињата се раѓаат 51-55цм, што значи 50 може да носи 1 недела само, 56 носеше мојава 1 месец, после и беа кнап и тоа зависи колкаво ќе е бебе, според мене 56 е најдобро да си земеш се.
Земав со долги и 56 и 62, дома е ок на парно сме но не е претопло ќе видиме ако треба ќе докупувам не сакам да трупам многу со кратки и мали пошто ако е ладничко ќе останат необлечени Фала ви највеќе на совети
Секое бебе што ќе го видам на улица е со чорапи. Почнав да се преиспитувам дали јас не сум во право дека е без чорапи нонстоп. Додека бев трудна ве читав дека си ги покриваат главчињата во спиење и многу го пазев ама овој мојот ги крева нозете и се открива Никогаш досега не му отишло на глава за среќа, пу пу. Предложете од каде да земам тенка вреќичка за зимата? Баш ни е пријатно зимно време за спиење, со дебела жешко ќе му биде.
Тенки вреќички имам земано од Стружанка, Окаиди и Памук пале. Сега првото ми е големо дете и мака мачам по цели ноќи со тоа покривање, затоа велам вреќичка е спас
А за цицање како правевте? Му ја соблекуваш вреќичката па пак облекуваш? Дека нели се загрева кога цица,да не се препоти со се вреќа?
Дали кога се става водоотпорна навлака за душек со ластик, потребно е одозгора да се стави и обичен чаршав со ластик за душек или не?
Колку пара шпикозни ќе ми требаат 56ки? И дали бројките што се некои за 0-3 месеци одговараат за новороденче, или за 2 месечно бебе? Или ќе треба да купам посебно за новороденче а поголемко бројче за 2-3 месеци? Ме збунуваат величиниве што некаде се по број а некаде по месеци..