Според мене само чаршафчиња ти требаат. Јорганче имам едно за зима, едно дебело ќебе, нормално ќебе и едно тенко. Перници не ти требаат.
Јас имам само една со јорганче другите ми се без јорган само чаршави...јас нема да ги користам дека ни е топла спалната па затоа и не купив а и незнам не ми изгледаат практични побрзо со кебенце и во вреќа ќе спие отколку со јорган да го покривам
@Jana06 @Larahappy Во бејби.ко има летни вреќички три пати поевтини. Може со и без ракави да ви сошијат. Не синко од таму му земам и летни и зимски.
Бебе ќе биде 3 месеци во септември, па ве молам за совет што е потребно за есенска облека за таа возраст? Шпикозни и бодиња по долги сигурно ќе земам, а друго?
Тоа, друго не ти треба. Јас во септември синко го облекував во боди со кратки и шпихозни со долги. Лани беше доста жешко цел септември. Можеш и комплет боди со панталончиња да земеш, во ваикики има 2 боди се комбинираат со 2 пара панталони. Само види бројчиња да погодиш, синко на 3 носеше за 6 9 месеци од ваикики.
Шпикозни по долги можеш за спиење да земаш, инаку за преку ден можеш и некое комплетче на долги како блуза и хеланки ако ти е девојче или некои тренерчиња ако е машко. Бидејќи веќе за 3+ има повеќе избор за дводелни комплети. За бодиња дали на долги ракави се зависи колку ви е ладно. Дома сигурно е топло и тт околу 23-25 степени и мислам дека боди и на кратки ракави можеш да му облекуваш, а ако излегуваш надвор по долги ракави. Можеш еден или два пара хулахопки да земеш за надвор и скафандер, капичка,шалче.
Не треба скафандер за септември. Скафандер за зима, ноември декември. Ако е постудено ке облече хулахопки за хадвор. @Филотеа и капа памучна земи си. Во ваикики има сетови боди, шпихозни и капа, можеби и така ке купиш, ама имај си памучна капа. Знае да дува ветер, може да ти притреба. Јакна шушкава ме би ти препорачала. Најубаво да земеш памучен блузон, јакничка, нешто мекичко битно, шушкава јакна само ке се дига нагоре.
Многу јасно дека во септември нема скафандер да облече, но ноември знае да биде ладен и сака јакна/ скафандер да треба да се облече. Исто има целосно како скафандер но памучно е како мече. Јас такво и облекував Од ноември месец кога излегувавме надвор и тоа мојата е септември месец родена. Од ноември до март месец го користев тоа и после тоа април месец веќе беше поголема и имаше дуксери исто таков материјал како мече .
50ка земи за од болница и првата недела Тритекс секако малце се поголемки со бројчињата. Потоа ке облечите 56ки па 62ки... некако греотка ми е да пливаат во облеката.
По мене 50ка треба за од болница. 56 е големо, освен ако не родите големо бебе. Јас сакам таман да се работите што ги носи бебе, не виснати. Веројатно 50ките ќе се носат мн кратко, ама па бебе секако не може да износи гардероба. Јас вреќа купив за првото, ама мн малку ја користев. Топло беше и не ми беше потребна. Плус во сред ноќ соблечи, облечи не ми идеше. Ќебенцето го ставав до мишки, а рацете надвор. Со нозе некако потешко ми се чини дека ќе се преклопи, обично се откриваше така. Јас не препокривав дете. И сега не станувам. Рефлекси имаат, на ладно-топло ќе се разбудат и ќе најдат начин да искомуницираат.1 Купете си газички за еднократна употреба, хидроген, алкохол, моно дози физиолошки раствор. Првите ќе ви требаат за чистење папче, а физиолошкиот за носето. Често им се суши, па ќе ви се чини дека е затнато и хрчи. Јас по 1 капка ставав секој ден пред спиење.
А за во болница што се треба да се спреми за бебето, јас колку што имам разговарано со некој што ми кажувал е: Влажни марамчиња, памперс, пелени (и тетра и шведски), павлиќева маст, бебешки сапун или шампонче, облека за деновите додека сме таму... И друго не ми текнува, а сакам полека и тоа да си го спремам не во последен момент да трчам и да мислам што сум испуштила. И дали за почеток ќе ми бидат потребни цуцла и шишенце или тоа од после земате?
За во болница зависи каде ќе се пораѓаш дали приватно или државно. Јас бев државно и за бебе дури лежевме во болница ми требаше пелени, влажни и павличова. За облека дури си во болница не ти треба дека ги повиваат. Најдобро прашај си во болницата каде што ќе се пораѓаш
Секакo мoра да се купи за да прoба иначе нема да знае дали прифаќа бебетo. Така да не менува кoга ќе купи.