1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што сè е потребно за новороденче?

Дискусија во 'Бебе' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.024
    Допаѓања:
    48.350
    Пол:
    Женски
    Ако е на ексклузивно доење не е потребно никакво шишенце, плус тие работи не се must have се докупуваат во секое време
     
    На SummerGirl, Thallia, BY<3 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Цуцла треба oдма дoкoлу маjката oдлучи да дава, а и шишенце не е на oдмет да се има.
     
    На Chuchanov, Sofi.ja и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.024
    Допаѓања:
    48.350
    Пол:
    Женски
    Мајката не е таа што одлучува дали бебенцето ќе фати цуцла или не, до бебенцето е, од прв ден му давав па за жива глава не ја прифаќаше

    како и да е мислењето ми беше дека тие работи се докупуваат во секое време, како што пишав и погоре
     
    На Thallia, BY<3, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Мислев вooпштo акo oдлучи да дава има маjки не даваат oд свoи причини.
    Дали бебетo ќе прифати цуцла или не е друг муабет, нo акo не купиш и прoбаш нема да знаеш.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.076
    Допаѓања:
    119.151
    Пол:
    Женски
    Ниту шишенце ниту цуцла не купувам пред пораѓај.
    Ќе видиме кога ќе се роди, доколку треба ќе земам.
    Сестра ми не купи па внука ми еве ја 16 месеци не фати цуцла.
    Шише почна со водичка по 6от месец кога почнаа со дохрана.
     
    На Bubish26, SummerGirl и Thallia им се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Кој планира цуцла да дава нека си купи. Ако немате намера да давате, не купувајте џабе. Јас не гледам поента во тоа, не купувам, не знам дали ќе фати. Па како ќе дознаеш ако не понудиш?
    Шишенца исто. Не секој има млеко кога ќе излезе од болница. Јас имав потреба од ад на почеток иако после беше на доење. И сега планирам да давам. И да решите да не давате ад, некогаш ќе сакате да излезете. Ќе се измолзите и како ќе го дадете тоа млеко?!
    На 8-9 месеци ќе појдете на работа. Детето нема да има целосно оброци/ужинки воведено. Ќе има потреба од млечно.
    Не знам што толку аверзија од шишиња?!
     
    На warrior, thelittle17, duffi и 12 други им се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.833
    Допаѓања:
    18.670
    Пол:
    Женски
    Шишињата не се најголемо зло. И да дава знаци бебе дека ке се одбива од цицка, веднаш ке прекратите да давате шише.
    Цуцла лажливка дадов во болница и синко веднаш се смири.
    Ако немате шише и цуцла, кога ке ги купувате, кога ке ги стерилизирате?
    На толку пари, дајте уште 1000 плус и имајте дома.
     
    На thelittle17, Brpbrp и kukla21 им се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Читајќи ја темава таков впечаток се добива. Демек шичињава се излезени од пеколот!
    Јас цуцла не давав. Личен избор. Ама немам против некој да дава. Сега со коронава уште повеќе сум на мисла дали да нудам. Битно купив :rofl:
     
    На thelittle17, Larahappy, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Цуцла лажливка немав купено,ама во болница му дадоа и 16 месеци е залепен за неа:). Шише купив меѓу првите работи не ни помислив леле што ако не цица. Него толку знаев за доење или ад мислев дека мора да се има шише
    Кога почнав тука да читам шише не,лажливка не немало да цица:?:. Тоа он лаком за цицка како никое друго бебе. Од кога му пројде жолтицата, до тогаш со шише и цице комбинирано беше.
    И сега е прв другар со шише и со лажливка и не ми смета
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.833
    Допаѓања:
    18.670
    Пол:
    Женски
    Синко еден период си пиеше од шише. Јас раат излегував каде и да треба. Плус носев млеко и кога сме заедно на шетање затоа што немаме услови за доење во јавност.
    После шише едвај чекаше цицка да фати. Увреден што пиел од шише.
    Лажливка не фати. Првите месеци и толку.
    Сега пие вода од шише со клун, шише обично одбива откако полнаа забите да му излегуваат.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ms allways right

    Ms allways right Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2018
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Мое лично искуство купив и шише и лажливки и си ги однесов во болница уште кога ме примија. Не знаев дали ќе ми требаат ама сакав се да имам на дофат бидејќи се пораѓав државно и искрено ништо нејќев да ми фали. Во однос на шишето немав млеко во болница бидејќи бев со цараки па покасно мо дојде млеко дури 5ти ден кога си отидов дома. Во болница кога ми донесоа сестрите ад во едно шише што сигурно не беше 0+ само капеше и имаше огромна цуцла бебе се давеше од неа одма претурив во моето и супер прифати бебе од нареден пат одма во моето претураа. За лажливка некаде трет ден во болница кога почна да вришти бебе абе никако неможеше да се смири,шетај нишкај давај града оно тегне а млеко нема па ај лажливка и одма се смири. Зборот ми е дека не е на одмет да бидете подготвени бидејќи незнаете што и кога ќе ви притреба во моментот особено оние што ќе се пораѓаат на државно
     
    На Larahappy, Snowflake97, Sofi.ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    8.831
    Пол:
    Женски
    Беба моја повеќе алишта од мене има :rofl: а уште 3 месеци има додека да се роди:

    БОДИ:
    -Величина 50-56 имам 6 од кои 3 се бенкичиња (со копчиња напред)
    -Вел.62 имам 2
    -Вел. 62-68 имам 7
    И мислам дека од боди се доста, дури и многу, плус во комплетчето што ќе го купам за од болница ќе има едно.

    ШПИХОЗНИ:
    -Вел. 0-3м, 2 пара од кои едни се плишани
    -Вел. 3-6м, 6 пара

    ДВОДЕЛНИ КОМПЛЕТЧИЊА:
    Досега имам едно за 3 месеци комплет со елече(62цм) и едно за од 0-3 м .
    Ќе земам уште барем по едно за секоја возраст.

    -Чорапчиња: 6 пара
    -Лигавчиња: 5 како триаголници што се
    -Тетра пелени: 7 обични и 6 шарени (една поголемка како за повивање) и 6 шведски имам ако ставам широк повој
    -Крпчиња за пребришување мали-6
    -Капчиња: 3 пд кои едно е најмало
    -Ракавички: 3 пара (не знам дали воопшто ќе користам)

    Од облека за 0-3 месеци имам уште и едни пантолчиња што мајка ми ми ги купи од мерак и џемперче. Од 3-6 имам исто џемперче и целосни панталони, и едно памучно фустанче.

    Од нега/козметика имам купено ножички за нокти и чешел.


    Ќе ми треба нешто како скафандер за на зима (за 2-4 месеци) и подебелко и потенко пролетно јакниче за понатаму од 3-6м.

    Од големите работи имам количка со транспортер, креветче со душек и водоотпорно чаршавче за него.

    Од списокот ми остануваат
    -постелнина
    -ќебенца (едно подебело и едно потенко за во количка)
    -комплет за од болница
    -кадичка и подлога за пресоблекување
    -2 џемперчиња (за 2-3м) и едно елече
    -може уште еден пар шпихозни за 1-3 месеци
    -тренерчиња величина 3-6м
    -пупиња
    -2-3 ѕиврички со блуза (едно за 0-3м)
    -2 пешкирчиња

    АПТЕКА:
    -козметика
    -1 шишенце стаклено и 1 лажливка
    -аспиратор за носе
    -стерилни гази
    -влажни марамици на база на вода
    -памперс
    -бебешки прашок за алишта
    -средство за нега на папоче
    -топломер и термометар за во вода

    ЗА МЕНЕ:
    -Градник за доење, влошки за гради, вир влошки и мрежасти гаќи
    -пиџами со копчиња за доење барем 1 пар
    -ланолин за гради, силиконска брадавица за сваки случај
    -мама торба

    Друго:
    -релаксатор
    -baby gym
    -кенгурче
    -столче за хранење
    -аксесоари за на коса, шноли, траки
    -играчки
    Не планирам да купувам ќе добивам сигурно за подарок или ќе купам понатаму.

    Тоа е мојот список, за до 6 месеци :D
     
    На warrior, MorskaSirena, wannababy и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.377
    Допаѓања:
    18.602
    Со боди си завршила до 3м, под услов да има и со кратки и долги ракави.
    Стави акцент на дводелни комплетчиња, зошто често знаат да повратат па ќе ја смениш само блузата, ако се шпихозни ќе мораш целосно да го пресоблекуваш.
    Лигавки почнав од 2м да му ставам зошто многу почна да се лигави.
    Капчиња земи си повеќе бар 5,6 пара имај
    Ти фалат памучни хулахопки
    Тренерки не се искористени до 5,6 м
    Ако е женско хеланки со блузиче можеш да комбинираш.
    Скафандер мекан,бушав му купив околу 2ипол месеци кога беше (декември) ја истеравме зимата го носеше до март, земав бројче за 6м,од почеток му висеше ама после го надрасна.
    На пролет купивме јакна тенка за годинка,а имаше 6м.
    Не брзај со овие работи ќе видиш како ќе напредува бебето.
    Ќебенца имам 4 и малку ми се, имај ги во секоја дебелина.
    Џемперчиња сметам дека не се потребни ( освен за мода) а елече памучно од тритекс, му облекував по дома кога беше само по боди на долги нагоре.
    Аспираторот за нос никогаш не го употребив.
    Од аптека земи си и кутија за цуцла и туфери за бришење газе,избегнувај влажни марамици а за тебе чај за доилки.
     
    На K7M10J, nadenadia, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    8.831
    Пол:
    Женски
    Имам 3 боди по кратки за 0-3м што не знам дали ќе ги употребам зошто баш зима ќе фати. За дома планирам да и облекувам потенки шпихозни и боди на долги, со клима се топлиме па температура не постига повеќе од 22-23 степени. Шпихозните повеќе за навечер за спиење како пижамки, за денски можам да земам барем 2 дводелни комплетчиња за 0-3м.
    Капче плетено дали ќе ми треба за надвор или ќе ми избркаат работа памучните?
    Хулахопки имам пишано во список ама сум заборавила тука да пишам, ќе земам малку поголемки како за 3 месеци барем 2 пара.
    За скафандерчето мекано кој број да земам? Гледав во h&m има како мече, 20 евра ама не знам што број да нарачам да ми донесат. Ноември ми е термин значи мене ми треба за до март такво, тогаш ќе е 4 месеци. Подобро е за 3-6 величина да земам? Јакна ќе купам понатаму а гледав во Окаиди како дебели џемперчиња и обложени наместо јакна за пролет кога уште нема да е толку топло, се мислам. Ќебенца најавено ми е дека ќе добивам за подарок не ги мислам толку:)
     
    На eta и Alishan30 им се допаѓа ова.
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.377
    Допаѓања:
    18.602
    Бодињата по кратки ќе ти требаат за надвор,за под шпихозни.
    Капче плетено купив во најладното,во комплет со шалче во јануари и реално малку го носеше. Повеќе ги износи памучните подебели.
    Јас скафандер на скоро 3м му земав бројче за 6м,му висеше во рачиња и ноџиња ама не планирав три пати да купувам, брзо го надрасна :)
    Така да за бебе од 2м земи од 3 до 6
     
    На eta и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  16. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    5.376
    Пол:
    Женски
    Кукла ова за физиолошкиот раствор за носето, никој ми нема кажано, ниту матичен педијатер ниту во Систина кога ја носам на контрола. А постојано некако ми "фрчи" со носето како да е затната.
    По една капка во двете ноздри да и ставам пред спиење?
     
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Станка не ти спомнала?
    Јас по една капка во двете ноздри капнував. Некогаш и тоа ќе ја надразнеше да кивне, па ако имаше нешто ќе излезеше. Ама само капнуваш, не влечеш со пумпи и слично.

    Едит. Можеш и во текот на денот. Јас пред спиење практикував за да спие подобро ;)
     
    На eta, Brpbrp и Jana06 им се допаѓа ова.
  18. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    5.376
    Пол:
    Женски
    Не помнам да ми спомнала за ова, можеби и ми кажала, но толку работи ми изнакажаа и таа и сестрите од интензивна нега, што сигурно сум заборавила.
    Ти благодарам многу кукла, уште денес ке и ставам.
     
    На mira.mira и kukla21 им се допаѓа ова.
  19. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.095
    Пол:
    Женски
    кој е искусен да каже за зимско бебче какви боди е потребно на долги или на кратки за по дома , се мислам да не му е топло по долги боди и плус одозгора нешто , како ги облекувате , да знам што ке ми треба повише
     
  20. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.515
    Допаѓања:
    4.260
    Пол:
    Женски
    Јас се си мислам дека треба уште и уште и уште, сум си замислила дека којзнае колку ќе го пресоблакам (од потреба, не мода), дека ќе бљуцка, ќе пропушта пелена и сл..
    Конкретно за облека до сега имам:
    Боди на прерамки - 4 х 56
    Боди на кратки - 8 х 62
    Боди на долги - 6 х 62
    Шпихозни - 3 х 56 и 2 х 62
    Памучни пантолончиња (со и без стапалца) 5 х 56 и 7 х 62
    Пижами - 3 х 56/62
    Капчиња (со комплети што одеа заедно) - 6
    Чорапчиња - 10
    Лигавчиња - 2

    И мислам дека ми се малку.. особено 56ки. 50ки сакам 1 или 2 шпихозни, ама тоа скроз пред крај ќе купам, во зависност од тоа колку ќе порасне бебе - ми викаат дека крупно ќе се роди, па ќе видам накнадно.
    А вака кога ќе ме прашаат кој што да купи, најлесно ми е облека да им кажам по бројки, па верувам ќе добијам уште и затоа не знам дали да докупувам.. се ми изгледа малку :^)
     
    На Lovebug01 и Alishan30 им се допаѓа ова.