Боди со кратки и шпихозни со долги. Дома секако ке ви е топло, повеќе од ова нема потреба. Бебињата може лесно да се прегреат.
Денес ми стигнаа бодињата без ракавчиња со преклоп и копченца од Зара, подебелки се и би биле супер практични за под шпикозни, а и не се скапи. Во комплет одат три и чинат 600 денари. На друго место не сум видела такви, а полесни би биле за облекување, отколку бодиња без копчиња за мало бебе.
Јас нема да земам на кратки за на зима, ќе го облечам по боди на долги и потенки шпихозни за дома, додека за надвор со подебелки или плишани шпихозни. Бодињата што ги имам се стандард памук не се многу дебели, а за од 3 месеци па натаму ќе земам неколку и на кратки. Е сега дома кај нас не сме на парно, на клима се грееме и не постига повеќе од 22-23 степени, така да не е нешто претопло, да бев на парно ќе земев обавезно на краток ракав.
50ките одма ќе ги надрасне па мислам едно до две најмногу за првите 1,2 недели е таман да имаш. Пижами ме интересира посебно купуваш? Зошто јас за пижами ги рачунам шпихозните Од повеќе облека нема зијан, ама може нешто да ти остане необлечено зошто брзо растат. Јас рачунам дека ќе го преслекувам еднаш во денот сигурно во првите месеци, после капење, е сега не знам дали е правилно секој ден да се капи бебе или секој втор ден, ама ако го капам секој втор ден да речиме, ќе му сменам само шпихозни за спиење, а бодито ќе го носи 2 дена ако не се испрља во меѓувреме од кака Е сеа ова е отприлика и искуство од блиски, ќе видиме што ќе биде кога ќе се роди. Значи дефинитивно да појачам на дводелни комплетчиња за да му го сменам само горниот дел ако бљуцне, повеќе тоа отколку шпихозни
Јас па дводелни слабо имав и еднаш-двапати ако му облеков. Шпикозните ми беа доста практични, раскопчуваш долу и соблекуваш пелена, а башка пресладок што ми е во шпикозни
Па исто шпихозни, посебно ги пишав пошто некако овие што ги земав се посебно мекани и се со овчички и ѕвездички И мене ми се преслатки бебиња во шпихозни и планирам првите месеци претежно шпихозни да му облекувам
https://www.facebook.com/Bombonakids/ Од странава. И тоа жолтото ‘I love mama’ го земав. Убави се ептен. Видете, имаат убави ствари.
Спојлер Овие ми ги нарачала мајка ми за 3 месеци, пред некој ден од истата страна која ја спомнавте. Стигнале за 2 дена, ми ги испра и ми ги покажа, многу убав памук се, и задоволна сум и јас
Па тенкички се, таман за боди по кратки одоздоле и да си спие раат бебе. Премеки се, да се стопиш Да, 0-3 месеци се
Според мене си зела повеќе поголеми работи за 2-3 месец него за новороденче. Иако брзо се омалуваат ама од мое искуство малу ти се, 5 пати на ден ја пресоблекував. На вечер знаев по 3 пати пижами да и сменам. Повраќаше претерано и цела се праеше лом. 68 не ти требало сега за сега да земаш.
Ќе работат турбо машината за перење и сушење ќе доземам уште некое, доста ќе се, нешто ќе донесат и роднини.
Девојки, дали мора да се земе перница за доење ко полу-месечина или не? Некои туторијали се со таква перница, некои не, па како е попрактично?
Многу убави шпихозни има во OVS ,нежни преслатки. Да ти кажам право јас имав ама не ја користев многу,не ми беше згодно со неа.Ако имаш некој да ти позајми земи пробај,па ако ти одговара купи си отпосле
Јас доев лежечки не ми требаше перница.За мене must have е комодата за пресоблекување, особено ако жената е царски.Јас бев природно ама тешко ми беше над кревет да се веднам.