Или од сунѓерастите подлоги, па да си ставиш над комода. Спас за кичма, наведната не го пресоблекувам. И јас многу не ја користев перницата за доење, повеќе ми пречеше и топло ни беше и на двајцата, па се префрлив на доење со лежење, така и за двајцата е поубаво.
Мајки Авент стаклените шишенца од 0 до 3 тие што се баш за почеток како сте задоволни од нив? Или повеќе предлагате Томи Типи ( може не го пишав добро) Исто ме интересира искуство за цуцлите од Авент или ваш предлог што е најдобро од цуцли за почеток да се има
Jas za zal NEMA da mozam da dojdam I od start ke videme na adaptirano mleko,pa planiram da kupam na Tomi tippi,mislam deka Se podobro od Avent vo odnos na anticolik sistemot, konkretno ovie planiram da gi koristam od start
Јас користам Томи Типи, задоволна сум. Бавно му тече, не ми се одби од града, со грчеви некои големи проблеми немал.
Јас немав комода ,ама имав подлога за пресоблекување си ја ставав на едниот крај врз креветчето и стварно многу згодна работа
Да така и мислев знам тие многу се збореа низ форумот... А цуцла користите? Ако да од кога и дали исто на томи типи? Или дека се доите не ви треба?
Не се надевај многу на роднини. Мене никој не ми донесе за толку мало бебе. Сите беа барем за 6 месеци, а некои поголеми. Освен ако те прашаат што ти треба. Плус никој нема да дојде првите недела две, а тебе тогаш ке ти требаат барем 4 6 пара шпихозни и уште толку боди со кратки. Јас не купив и не ми притреба. Обична перница ја врши истата улога. Како ке расте нема да има место и за бебуш и за перница. А машала скапи се, 1200 1500. Јас имам такво и синко одма го прифати. Чекај ги на попуст, ги ставаат, има стаклено од 150 и од 250 мл, цуцлата е иста. Цуцли на мам се добри, синко таква прифати.
И со првото дете и сега купив микс, авент натурал, чико и томи шише, а цуцли од чико каучок и авент, па што ќе фати ќе видиме. Првото од сите шишиња пиеше, а цуцла каучок дека најмек одма ја прифати. Преповивална имам над фиокерот кој ми служи само за алишта на бебе. Одлично искористено.
Јас немав ни подлога ни комода, го пресоблекував кај стигнам. Подлога непропустлива од бејби лов или бекутан и секаде менував пелени, спална, дневна, наша соба, на гости кај мајка ми. Брзо почнуваат да се вртат, скапа инвестиција е. Синко имаше грчеви од болница, ни цуцла, ни шише не дадов а грчевите полнаа. Дохрана со шприц а потоа само цицка.
Првата недела немав, а мм ме тераше пред да се породам да купимр .Јас не да штедиме.После 3 дена одма порачав.Затоа реков нешто што треба да се има дали подлога ,дали комода со подлога
На роднини мислев на мајка ми, свекрва, сестра ми, они што ќе ми купеле за најмало ќе ми даделе да си исперам, или па мајка ми ќе ми ги среди сите работи она ми се понуди да не сум се мачела да перам и пеглам На други ич не се надевам секако нема ни да примам гости зимава со секакви вируси плус коронава..
Од се што имам прочитано тука а и во аптеките каде и да прашам, сите ми ги фалат Томи Типи најмногу. Од блиски што се со бебиња искуство немаат со овие шишиња и цуцли. Во Ремедика (планирам таму да се пораѓам) знам дека им даваат Медела лажливки, па затоа се мислам да не се навикне таму на неа па да не ми прифаќа друга. И се мислам дали да купам воопшто, зошто додека сум на болница таму нели даваат цуцли и се што треба, а може нема да сака да прифати или ќе нема потреба..Ако фати цуцла ќе го пратам мм да купи пред да си дојдам дома..Штознам, така размислувам...
Аман бе мајки, за 140 денари правиме муабет за цуцла лажливка Зошто да ве боли глава и бебе да ве фати неспремни кога ќе си дојдете од болница,наместо со време да си купите и стерилизирате
Ич не ми е за парите (на толку пари дадени за работи што може нема да ги сака и да се користат и 1000 денари би ги дала така), туку од што има на пазарот се и сешто, брендови вакви такви, и стварно не знам што би купила, затоа би почекала. И за шише, и за лажливка. Ќе ги купи и стерилизира сопруг дента пред да ме земе од болница, голема работа.
Цуцла му купив кога нè пуштија од болница, отидов до аптеката додека беа мм и малиот во кола, зедов иста каква што му даваа во Ремедика, демек штом е навикнат на неа. Ама премногу ретко ја киристев, и затоа сега ја плука, не ја сака. Единствено ја прифаќа кога се возиме во кола и е поспан, плаче, а јас не можам да му дадам цицка. Инаку, имам и од Томи лажливка, во комплетот со шишиња имаше, ги прифати и нив на почетокот. Имав купено и други, за секој случај ако не ги прифаќа, но ене ги неупотребени се. Кога купував работи, ич не ми било гајле дали ќе ги употребам или ќе нема потреба од нив и не ми е жал што седат така. Инаку ваква имам Во Ремедика лажливка даваат како оваа што ја ставив, не од Медела.
Каква е оваа? Значи незнам кој ми ја има кажано дезинформацијава дека даваат медела, или може така се погодило кај тој што ми кажа Готова бев од толку убедување по аптекиве да земам лажливка и 1 стаклено шише на Томи Типи, и една лажливка резерва на Медела ама кога ги видов и останатите брендови на шишиња и цуцли си реков ај за крај ќе го оставам ова, ама и да не купам пред да се породам не е крај на свет. Има стварно избор денес да бираш, а јас не знам да одлучам
Со шише од Медела ги хранат бебињата, но ваква лажливка даваат таму. Можеби не сте се разбрале Оваа е од Авент, медицинска пишува на неа. Јас за Томи Типи се одлучив читајќи тука коментари и не згрешив, задоволна сум. Па си реков и да не го прифати, здравје, друго ќе купам бидејќи не се знае дали ќе го сака. Сум читала тука дека има случаи сите фирми да ги поминат додека го најдат вистинското шише и спремна бев за тоа. Не може да знаеш дали ќе прифати додека не пробаш Кога бев бремена, од мерак купив комплет шишиња 0+ и се надевав дека нема да ми треба, но за жал млеко многу, многу касно ми дојде и морав да го дохранувам уште од првиот ден кога дојдовме дома и шишињата ми се најдоа ептен. Во комплетот имаше две мали шишиња од 150 мл, две големи од 260 мл, две резервни цуцли, две лажливки, четка за чистење шишиња. Имав и Калма од Медела, но не ми успеа со неа, па дадов со Томи.
Томи типи користев со синко, супер поминав. Какво и да земаш земи помало шише за почеток па после ќе видиш дали ќе има потреба за поголемо. Мојов освен вода ништо друго не пиеше, ни млеко не запи. Сега сокче почна да бара ако види дека пиеме. Со Авент немам искуство. И Бејби Нова имав стаклено мало, сега планирам цуцла нова и пак тоа шишенце да го користам плус ќе си докупам уште едно, или томи типи или ќе видам какво